Компании
Празнични радости за целото семејство во Skopje City Mall
Од денска па до 31-ви декември, Skopje City Mall организира предновогодишна програма „Празнични радости“ која вклучува: Работилницата на Дедо Мраз, театарски претстави за деца, новогодишни музички матиниеа и празнични попусти за целото семејство.
Декември е убедливо еден од најомилените месеци на целото семејство. Токму во овој дел од годината владее некоја убава, еуфорична и магична атмосфера, која секој од нас го прави да се чувствува позитивно и расположено. Како се ближат деновите до Нова година, така луѓето стануваат се поеуфорични, па семејствата сакаат последните денови од годината да ги поминат заедно, дружејќи се и создавајќи нови спомени и моменти за паметење.
Најголемиот мол во земјава направи вистинска предновогодишна фамилијарна програма во која ќе уживаат најмладите, но и возрасните. Сите се повикани да на најзабавните театарски престави да се смеета и уживаат правејќи ги уникатните украси и играчки во работилницата на Дедо Мраз.
Новогодишните театарски престави се одвиваат на 2-от кат помеѓу BoBowling и Cineplexx. Истите се одвиваат секој петок, сабота и недела во два термина од 15 и од 18:30 часот овие престави се наменети за најмладите. Оние кои ќе дојдат можат да ги погледнат: „Новогодишната приказна во магичниот дворец Skopje City Mall“, „Волшепствата на господин Веселко“, „Огласот на Дедо Мраз“, „Кралицата Слаткица“, „Дедомразовата торба со желби“. Последната недела од годината истотака ќе
Новогодишните музички матинеа кои ќе се изведуваат во одделот за храна ќе се одржуваат од петок до недела секој ден. Музичката програма е новогодишна и се работи за алтернативни камерни оркестри и поединци кои ќе изведуваат хитовска класична музика со новогодишни мотиви. Ќе видиме настап на харфа, трио на жичани инструменти и пијано со хармоника. Настапите се во претпладневните и попладневните термини.
Работицата на Дедо Мраз е одлинчно место за Вашите деца, ќе ја развие креативноста на нашите најмили кои од овој викенд па се до предновогодишните денови.Се изработуваат новогодишни украси од керамика заедно со Керамика Кафе, Се прават украси и играчки од чоја и фимо пластелин. Децата во работилницата добиваат костими на елфови и уживаат во атмосферата креирајќи одлични украси и декорации.
Како изненадување за целото семејство се попустите кои ќе ги направат последните денови од 2015-та уште поинтересни и поисполнети. Секако тука е можноста да шопнигувате за JEEP Renegade, со секоја ф.сметка над 3.000,00 денари имате можност да го добиете овој вистински убавец./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)

