Компании
Предавање на експерт за влез на европски компании на пазатор во САД
„Како да влезете во Силиконската Долина?“ – ексклузивно предавање наменето за компании од Европа, старт-ап компании и млади претприемачи, кои сакаат да го развијат својот бизнис во САД.
„Како да влезете во Силиконската Долина?“ – ексклузивно предавање наменето за компании од Европа, старт-ап компании и млади претприемачи, кои сакаат да го развијат својот бизнис во САД.
Во понеделник, со почеток во 19 часот, во М6 Едукативниот центар во Скопје, Крис Бари, експерт за влез на компании од Европа на пазарот во САД, ќе одржи предавање на тема „Како вашата компанија да влезе во Силиконската долина?“.
Станува збор за еден од најбараните предавачи во Европа изминативе години, експерт кој заедно со својот тим на соработници има поддржано над 1.200 компании, во изминатите 17 години, и на кои им помогнал да го развијат својот бизнис. Неговото доаѓање во Македонија е дел од напорите и активностите на Њу Менс Бизнис Акцелераторот кој постои 10 месеци и работи на релација Скопје – Лос Анџелес и е прв акцелератор основан во Република Македонија, со цел да им помогне на компаниите од Македонија и регионот да се позиционираат на американскиот пазар.
Како Вашата компанија може да влезе во Силиконската долина? Кој е патот на успехот до американскиот пазар? Ова се само дел од прашањата на кои ќе може да се добијат одговори во понеделник.
Освен предавањето кое е во вечерните часови, г-н Бари во текот на денот ќе има индивидуални менторски сесии со четири македонски стартапи, кои се дел од Центарот на NewMan`s Business Accelerator, и кои имаат најголем потенцијал за ширење на бизнисот во САД.
„За време на престојот на господин Бари во Македонија ќе разговараме за деталите околу идната соработка и ќе идентификуваме компании од Централна и Источна Европа кои имаат потенцијал за глобален раст и нивна соодветна поддршка на тој пат“, вели Ирена Чаушевска, директор на „Њу Менс Бизнис Акцелератор“.
Вообичаено, компании надвор од САД кои сакаат да влезат во Силиконската Долина, за остварување на таа цел им се потребни 1-2 години и помеѓу 1 и 2 милиони долари, при што само 20-30% од таквите успеваат да ја остварат зацртаната цел.
Предавањето е наменето за компании од Централна и Источна Европа, стар-ап компании и млади претприемачи, кои планираат да го развијат својот бизнис во САД.
Котизацијата за присуствување на предавањето е 30 евра за уплати до 25 мај 2015.
Њу Менс Бизнис Акцелератор е македонска компанија која овозможува поддршка, тренинг и менторство на основачите на старт-ап и спин-оф компании од целиот регион како и специјализирани обуки за стручно оспособување во 9 различни области преку 3 академии, и тоа за компјутерски науки, креативни технологии, мрежи и сајбер безбедност во рамки на кои досега се одржани преку 2000 часа настава по 80 различни предмети. Њу Менс е лоциран во Скопје на простор од 300 м2 и соработува со 26 тренери и 12 ментори при изведувањето на своите програми. Акцелераторот досега има реализирано и над 40 бесплатни инспиративни и едукативни сесии за професионално насочување на младите од Македонија, на кои имаат присуствувано над 1.800 учесници./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

