Компании
Претставена македонската стартап сцена на Универзитетот Стенфорд
Основач и генералниот директор на Њу Менс Бизнис Акцелераторот, Ирена Чаушевска презентираше краток осврт за македонската стартап и претприемачка сцена пред студентите од Стенфорд и Силиконската долина, како и пред европски професионалци и инвеститори.
Чаушевска го најави и почетокот на работа на Њу Менс Бизнис Акцелераторот во Силиконската Долина од оваа есен.
Њу Менс планира секоја година да овозможува по две „класи“ од три или четири стартапи од Југоисточна Европа да дојдат и да престојуваат во Северна Калифорнија која важи за центарот на стартап случувањата и можностите, се со цел да ги пласира нивните производи на американскиот пазар, да им овозможи организирани обуки и менторство, и пронаоѓање на потенцијални глобални партнери и инвеститори.
Серијата од предавања „Европско претприемништво и иновации“на Факултетот за инженерство во Стенфорд има долга традиција која трае повеќе од 8 години. Оваа година, Македонија за првпат е поканета да го прикаже својот стартап екосистем со многу успешни примери за иновации од овој регион. Како гости-говорници, Стенфорд ги вклучува најпознатите и најуспешни инвеститори и основачи на компании од европските држави како што се Обединетото Кралство, Германија, Хрватска, Романија, Норвешка, Финска, Данска, Австрија и Португалија. Европската вселенска агенција (ЕСА) е примарниот партнер на Стенфорд за 2016 година. Проф. д-р Бартон Ли, предавач по механичко инженерство, ја води оваа иницијатива од 2008та година, која е многу важна за Стенфорд, и оваа година ја прошири со Чаушевска која лично ја покани да говори на Стенфорд Универзитетот.
Чаушевска ги нагласи можностите што Македонија ги нуди, како место за индустриски и стартап инвестиции, и ги покани Силиконската долина и инвеститорите од САД да ја разгледаат опцијата за вклучување на стартап компаниите од овој регион во нивните годишни инвестциски планови. Исто така, Чаушевска ги охрабри инвеститорите од Калифорнија да ги искористат продобивките од двата екосистеми – Македонија, од едната страна, како земја со високо квалитетен талент во областа на информатиката и креативните технологии, и САД, посебно Калифорнија, од другата страна, како главна дестинација за промоција и лансирање на иновативни стартап производи со глобален успех.
Со новото физичко присуство на New Man’s во Калифорнија, Акцелераторот очекува значително да се подобри пласманот на македонските и регионални производи и услуги од напредната технологија на глобалниот пазар, и да се надмине финансискиот јаз со кој се соочуваат балканските стартапи, кога треба да се напредува од регионално на глобално ниво работат во матичните земји./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

