Компании
Пристигнаа првите 180 холандски туристи на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“
Првите 180 холандски туристи пристигнаа во среда на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ со чартер-летот на авиокомпанијата „Корендон“.
Девојки облечени во македонска народна носија, ги понудија туристите кои допатуваа од Амстердам, со традиционалната закуска од леб и сол, а претходно вработените на ТАВ Македонија приредија воден мост во форма на виножито што го опкружи авионот.
Од ТАВ Македонија велат дека се задоволни што овие чартер-летови со холандските туристи продолжуваат и оваа летна сезона, петта година по ред.
„Денеска на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле по петти пат традиционално го пречекуваме првиот лет на компанијата „Корендон“ со холандски туристи, изразувајќи им топло добредојде – со погача и сол. Меѓу патниците препознаваме и такви кои и порано доаѓале во Охрид што особено нè радува и ја потврдува нашата посветеност на патниците и нивните потреби. ТАВ Македонија заедно со Општина Охрид и со поддршка на Владата на Република Македонија и оваа година понуди услуги со атрактивни цени за чартер-компании од повеќе европски дестинации. Сето тоа, заедно и со новите редовни линии што се воведуваат летово, ќе придонесе за да се оствари уште една успешна и богата туристичка сезона на охридското крајбрежје“, истакна Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Од компанијата која оперира со двата македонски аеродрома, велат дека во Охрид ова лето може да се очекуваат над 20.000 туристи од Холандија, како резултат на чартер-линиите Амстердам-Охрид-Амстердам на двете компании „Корендон“ и „Аркефлај“, кои почнуваат во мај и ќе траат до октомври. Во овој период, од двете компании заедно, се очекува во Охрид да долетаат околу 130 авиони полни со холандски туристи.
Од ТАВ Македонија најавуваат дека и годинава во текот на летната туристичка сезона се очекува зголемување на сообраќајот на „Свети Апостол Павле“, не само поради патувањата на Холанѓаните, туку и поради редовните чартер-линии на авиокомпанијата „Ники“, редовните линии на „Џетерфлај“ на релација Брисел-Охрид-Брисел, зголемениот број на летови неделно на „Хелветик“ на релација Цирих-Охрид-Цирих, како и поради двете нови директни линии до Лондон и Базел, кои нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе ги воведе од охридскиот аеродром во јуни и јули годинава. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

