Компании
ПроКредит со платформа за разој и поддршка на бизнис партнерства во регионот
ПроКредит Банка организираше регионалната средба во Приштина, помеѓу бизнисмњни од Македонија, Албанија и Косово како дел од стратегијата за поддршка на развојот на локалните бизниси од трите земји.
На настанот присуствуваа над 100 компании кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на прехрамбени производи како и комплементарни бизниси како супермаркети, дилери на машини, пакување и сл. Преку оваа средба ПроКредит Банка им даде на своите клиенти можност да ги промовираат своите производи пред бизнисите од регионот и да запознаат нови партнери.
‘’За овој настан и за сите бенефити кои ги црпиме од него, можам само да ја пофалам Прокредит банка . Поврзувањето е во интерес на развој на нашиот бизнис, и ова е една добра можност за да се запознаеме, да почнеме да соработуваме и на крај да направиме конкретни резултати. Денес благодарение на овој настан остварив неколку средби со компании заинтересирани за пласман на моите производи на пазарите во Косово и Албанија, а истовремено најдов луѓе кои можат да ми помогнат со нивни производи во мојот бизнис на малопрдажба во Македонија. Овој настан е доказ дека на Балканот има повеќе од доволно пазар, но под услов бизнисмените да знаат да го видат и искористат.’’ изјави Абедин Мурати, Мољика, големопродажба и малопродажба на прехрамбени призводи од Тетово.
Претставници на Управните Одбори на трите банки изјавија дека ПроКредит како специјализирана бизнис банка со силно регионално присуство има посебно развиена услуга погодна за фирми кои извезуваат, се во постојана активна потрага по нови партнерства, имаат или планираат да отворат свои претавништва во регионот. ПроКредит може да им понуди многу побрзи и поефтини трансфери, регионално финансирање на сите свои претставништва од една банка и пристап до бизнис контакти.
“Овие настани ги организираме за поддршка на локалните бизниси. ПроКредит Банка како активен поддржувач на бизнисите покрај финснсиска поддршка, инвестира во нивна промоција и развој. На бизнисите кои учествуваа на овој настан им овозможивме да запознаат нови партнери, да пронајдат нови пазари за своите прозиводи и да го прошират своето работење во регионот. Услугата од ПроКредит Банка за ваквите бизниси е прилагодена да го поддржие нивниот регионален развој. Односот меѓу бизнисите е значаен за развојот на нашата економија и ваквите настани ќе продолжиме да ги организираме, “ изјави Емилја Спировск, член на Управен Одбор на ПроКредит Банка Македонија.
Вакви регионални средби од различни индустрии кои имаат потенцијал за регионална соработка ќе следат помеѓу бизниси во кој работи ПроКредит Банка-Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

