Компании
Промотивно возење на најновите модели на Volvo во Скопје
Volvo S90 моделот на автомобил пристигна како дел од седумте возила кои го сочинуваат Volvo Балканскиот карван кој, прв пат, се организира во Македонија и беше поставен во вторник од 13 до 19 часот, пред Скопје Сити Мол, каде сите љубители на возилата на шведската компанија Volvo Cars можеа да се запознаат со нивните перформанси.
Скопјани имаа можност да се запознаат со компанијата чии автомобили го носат епитетот „најбезбедни“, компанија првенец во безбедносните технологии и перформансите, како и да го почуствуваат луксузот и префинетоста на Volvo моделите.Најновиот седан Volvo S90, со својата елеганција и префинет изглед, во вторник, беше промовиран во салонот на Ми-Да Моторс во Скопје. Природата, светлината, љубовта и пријателството, кои се стандарди одлики на брендот Volvo, се дефинирани и во најновото S90. Како и неговите „браќа“ – XC90 и V90, новата S90-ка, гордо, го носи самоувереното лице на новата Volvo дизајнерска линија, заедно со класичните стилски знаци на брендот. Клучните елементи го вклучуваат дизајнот на фаровите во форма на легендарниот „чекан на Тор“, новата предна решетка, Volvo железниот симбол, како и изразената употреба на симболот Volvo на задната страна. Моделот S90 на Volvo е новиот премиум предводник со четири врати и пет седишта. Изграден е на новата напредната модуларна производна платформа на Volvo, Scalable Product Architecture (SPA), која ги поткрепува сите нови Volvo автомобили од 60 и 90 сериите.Овој автомобил ќе го возат личности кои имаат контрола врз својот живот, ја отсликува нивната професионална и лична состојба и овозможува безбедно возење со паметната технологија. Од Ми-Да Моторс велат дека „ова возило е насочено кон индивидуалци кои не се задоволуваат со „океј“, односно повеќе се мотивираат со потрагата отколку со наградата“.Благодарение на новата технологија „Volvo’s connectivity“ сите нови возила веќе се поврзани. Таа вклучува интуитивен екран чувствителен на допир кој ги комбинира функциите на автомобилот, навигацијата, врзаните услуги и апликациите за забава во самата кола, како што се програмите за слушање музика „Spotify“, „Pandora“, „Baidu“ или „TuneIn“. Вертикалниот екран чувствителен на допир овозможува брз и лесен пристап до плеада функции и карактеристики. Новото S90 е придвужувано од новите Drive-E мотори кои се состојат од бензинска, дизел и плаг-ин хибридна верзија. Преносот кај нив е преку 8-степен автоматски менувач. Електричните мотори овозможуваат автономија до 45км на електричен режим, додека комбинираната сила заедно со бензинскиот мотор изнесува 407 кс. Водството на Volvo на полето на автономни возила уште повеќе е потврдено со S90. Додадена е и функционалност за автоматско управување наречена „Run Off Road Mitigation“, која помага возилото да остане на патот во случај возачот да изгуби контрола. „City Safety“ технологијата на Volvo, стандардна во сите модели, ги комбинира функционалноста на автоматските сопирачки и системот за избегнување судaр за да покрие широк спектар потенцијални сценарија за несреќи и помага патниците да се чувствуваат безбедно.Комплетниот систем за безбедност на Volvo, наречен „IntelliSafe“, опфаќа пасивни и активни безбедносни системи и ја формира основата за лидерство на Volvo на полето за автономно возење. S90-ката нуди полу-автономно возење со „Pilot Assist“, кој функционира на јасно обележани патишта и до брзина од 130 километри на час и претставува уште еден чекор кон визијата на Volvo, според која никој не треба да загине или сериозно да биде повреден во ново Volvo до 2020 година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

