Компании
Проверете колку може да заработите со овие бесплатни 50 евра тргувајќи со цената на акциите на Alibaba на светската берза
FXLider, на сите читатели кои сакаат да го искусат тргувањето на берза, им овозможува 50 евра за тргување со цените на акциите на Alibaba на светската берза, единствена берза на којашто можете да заработите и кога цената на акцијата паѓа и кога цената расте.
Преземете ги Вашите 50 евра за тргување овде.
Од ноември минатата година до септември 2015 година, цената на акциите на Alibaba падна за 52,50 отсто, како последица на загриженоста поради успорувањето на економскиот раст на Кина. Меѓутоа од септември до денеска цената на акцијата успеа да оствари раст од дури 38 проценти, и моментално се движи околу 70 долари.
Alibaba неодамна понуди 4.3 милијарди за купување на Youku Tudou, компанија која е кинески еквивалент на Youtube, со цел да ја прошири својата дејност на работа надвор од онлајн малопродажбата. Според зборовите на претставникот на компанијата, објавена е необврзувачка понуда за купување на преостанатите 82 отсто акции на компанијата кои сé уште не се во сопственост на Alibabа. Во мај 2014 година, Alibaba веќе имаше откупено 18 отсто од акциите на Youku Tudou за 1,2 милијарди евра и со дополнителното купување би станала апсолутен сопственик.
„Цената на акцијата порасна за 2,9 отсто веднаш откако се објавени овие вести, меѓутоа акциите дополнително скокнаа за 2,.9 проценти откако е објавено писмо во кое Alibaba им се обраќа на своите акционери низ охрабрувачки анализи за иднината на компанијата. Према зборовите од еден на директорите на компанијата, Alibaba наскоро ќе отвори своја канцеларија во Италија, Франција и Германија и на тој начин да го заобиколи успорувањето на економијата на Кина“, наведуват од FXLider.
Alibaba, исто така, пробува да го прошири своето делување и на услуги, купувајќи компании како што се Didi Kuaidi, кинески ривал на Uber или американскате апликација за видео позиви Tango, додека во исто време лансира и сопствени производи во секторот на онлејн банкарство. Во август оваа година, откако поминаа помалку од 12 месеци од излегувањето на берза, објавен е и откуп на акции во висина од 4 милијарди долари како поттикнување на растот на акцијата.
И покрај моменталните позитивни трендови, кинескиот гигант во онлјан продажба е под повторен притисок оваа година поради сомнение за продажба на фалсификувана стока сега лобира како би останала надвор од црната листа на американските трговски претставници. Сé повеќе сериозни критики се и од самата текстилна индустрија, Burberry и Adidas веќе негодуваат поради понудата на лажни стоки кои можат да се најде на платформата на оваа компанија. Притисокот на Alibabа доаѓа од Кинеските власти, поради фалсификатите кои се уклучени во понудата.
Преземете ги Вашите 50 евра за тргување овде.
„Некои стручњаци сметаар дека озогласено макркетингшко однесување би можело негативно да влијае на вредноста на акциите на Alibabа, меѓутоа последните анализи на економистите укажуваат дека цената на акцијата би можела во наредната година да достигне 89.14 долари“, наведуваат од FXLider.
FXLider има соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970..
Договорите за разликата во цената (CFD) ги претставуваат производите кои се потпираат на финансискиот левериџ и носат високо ниво на ризик за вашиот капитал, затоа што цените можат брзо да постанат неповолни за вас.
Загубите можат да ги надминат вашите депозити и од вас би можело да се бара да извршите дополнителни плаќања. Овие производи можеби нема да бидат соодветни за сите клиенти и поради тоа морате да бидете сигурни дека сте ги разбрале ризиците, а и да побарате независен совет.
Овој материјал не претставува понуда, барање ни трансакција во поглед на кој и да е финансиски инструмент. FXLider не прифаќа никаква одговорност за каква било употреба на овие коментари, ниту за последиците кои од тоа можат да произлезат. Не се дава никакво уверување, ниту гаранција за точноста или потполноста на овие податоци. Како резултат на тоа, секое лице кое ќе постапи според нив, тоа го прави потполно на сопствен ризик./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.
Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.
Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.
„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
(ПР)

