Компании
Публицис Worldwide го откри новото лого во чест на основачот Марсел Блустен-Бланше
Публицис Worldwide го откри новото лого дизајнирано во чест на основачот Марсел Блустен-Бланше, односно неговото креирање на оригиналното лого на Публицис во 1926 година.
Новиот идентитет е во арт-деко стилот на оригиналното лого поставено на вратата од првата канцеларија на Блустен-Бланше, но содржи и модерни карактеритики како симетрија и едноставност, задржувајќи го лавот како икона на Публицис Worldwide. Станува збор за исчекор во обновување на постоечки дизајн со кој ќе се направи разлика помеѓу брендовите и Публицис групацијата, предводена од страна на претседателот и извршен директор Морис Леви.
Коментирајќи го новото лого, Артур Садун, глобален извршен директор на Публицис Worldwide, вели дека „На многу начини, новиот дизајн ја одразува нашата Публицис ДНК и она што го имаме за цел со секој клиент со кој работиме. А тоа е да ги предводиме промените… Нашата цел беше да создадеме оригинален и безвремен дизајн”.
Новото лого е замислено и развиено од страна на Публицис Северна Америка и ќе влезе во употреба во текот на јули годианва.
Публицис Групацијата e една од најголемите светски комуникациски групации, присутна во 196 града во 104 земји во светот, броејќи околу 42.000 вработени.
Во Македонија оваа групација е основана во октомври 1996 година започнувајќи ја својата работа со 10-ина вработени, за денес да има повеќе од 40 постојано вработени и голем број надворешни соработници. Ова е единствена агенција во Македонија, која е филијала на големиот светски адвертајзинг бренд – Публицис, за разлика од сите останатите агенции кои се само лиценцно поврзани со рекламните групации.
Публицис Групацијата во Македонија, исто така, е дел од меѓународната комуникациска мрежа Publicis Groupe, трета по големина маркетинг комуникациска мрежа во светот. Во Македонија Публицис Групацијата е застапена со неколку свои агенции: Publicis и Saatchi & Saatchi, како и медиумската агенција ZenithOptimedia. Овие групациски агенции на своите клиенти им овозможуваат комплетни маркетинг услуги од доменот на истражување, стратегиско планирање, бренд консалтинг, развивање на креативни концепти, дизајн, продукција, дигитални комуникации, односи со јавност, организација на настани, медиумско планирање и закуп./крај/мф/бт
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

