Контакт

Компании

Раст на приходите и добивката на IBM, остар пад на цената на акциите

Објавено пред

International Business Machines (IBM) во второто тромесечје оствари поголеми приходи и добивка од она што го очекуваа аналитичарите, но заради бавниот раст на приходите од софтверското работење, цената на акциите на овој технолошки гигант остро падна.

 

 

Приходите на компанијата во изминатиот квартал изнесувале 24,4 милијарди долари, што е два отсто помалку во истиот период лани, додека добивката пораснала од ланските 3,2 милијарди на 4,1 милијарди долари.

 

И покрај тоа, цената на акциите на IBM падна по објавата на бизнис извештајот за речиси два отсто, бидејќи приходите на компанијата од софтверското работење пораснале само еден отсто, додека аналитичарите очекувале раст од три отсто.

 

Овој податок е многу важен бидејќи IBM е во фаза на реструктуирање, на што во изминатиот период потроши 870 милиони долари, со цел пренасочување на своето работење кон ‘cloud’, ‘Big Data’ и услугите на мобилна безбедност. Компанијата проценува дека до средината на следната година половина од нејзината добивка доаѓала од софтверското работење.

 

„Софтверот без сомнение е голем бизнис, но растот од само 1 отсто во тој сегмент кој би требало да биде иден клучен придвижувач на компанијата, загрижува“, вели Скот Кеслер, аналитичар во компанијата S&P Capital.

 

Приходите на IBM од продажбата на хардвер паднале во изминатото тромесечје за 11 отсто, на 3,3 милијарди долари, што е нивен седми двоцифрен пад во последните осум квартали. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Домашната платежна картичка може да се користи и за онлајн купување на „Групер“

Објавено пред

Сите купувачи, љубители на онлајн шопинг и попусти ќе може да ја користат домашната платежна картичка од кампањата на владата „Купувам домашно“ и на Групер.мк, каде може да се најдат преку 300 услуги и производи од македонски компании.

Покрај зделки со попусти за убавина, ресторани, едукација, спортување и адреналински тури, купувачите може да купат и патувања за престој во некој од македонските хотели и вили од сите делови на земјата. Дополнително со домашната платежна картичка корисниците може да купуваат и производи од онлајн продавниците во склоп на Групер шопинг мол, произведени од македонски компании, како и да прават нарачки за достава на храна од скопските ресторани во склоп на услугата #ХранаДоДома.

Сите продукти кои се дел од кампањата се сместени и означени во посебен дел на сајтот со стикер „Купувам домашно“ каде лесно може да се пребарува по различни катетегории, а истите може да се купуваат и преку мобилната апликација на „Групер“. Средствата од картичката купувачите може да ги искористат на ист начин како при онлајн плаќање со која било друга платежна картичка. Картичките може да се користат заклучно со 15 август.

Прикажи повеќе...

Економија

Димковски ги повика производителите на земјоделски производи и традиционални специјалитети, да ги заштитат своите производи

Објавено пред

Министерот за земјоделство и шумарство, Трајан Димковски, денеска од Дојран ги повика сите производители на земјоделски производи и традиционални специјалитети да ги заштитат своите производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

Тој нагласи дека југоисточниот дел на нашата држава изобилува со самоникнати диви смокви, посебно на подрачјето на општините Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Од дивите смокви, во овој крај традиционално се произведува познатото слатко од диви смокви. Сепак, слаткото од диви смокви се произведува само за домашна употреба. За да може овој вкусен традиционален производ да се пушти во слободна продажба на пазарите и да прерасне во бренд специфичен за овие простори, потребно е да се заштити со ознака за гарантиран традиционален специјалитет, објасни министерот.

Министерството неодамна го објави јавниот повик наменет за финансиска поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

„Ние имаме многу наши надалеку познати традиционални специјалитети кои досега не беа заштитени со ниту една од предвидените ознаки. Затоа ги повикувам сите оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ без разлика на нивниот правен облик или состав и кои се мотивирани да го заштитат својот производ, да аплицираат на јавниот повик за кој останува уште 31 ден, заклучно со 2 август“, изјави министерот Димковски.

Со цел да ги потикнеме нашите производители на земјоделски производи и традиционални специјалитети, да ги заштитат своите производи, во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, одвоивме средства во висина од 1.500.000 денари, додаде Димковски.

„МЗШВ оваа година ќе почне со заштита на неколку производи и секоја наредна година ќе продолжи да одвојува средства за заштита на уште многу други земјоделски производи и домашни традиционални специјалитети, онака како што тоа се прави во останатите европски држави.

На тој начин, со нашето пристапување во Европската Унија нашите заштитени производи ќе можеме да ги промовираме на европскиот пазар со заштитени ознаки“, порача министерот.

Прикажи повеќе...

Економија

„Шкода“ освои шест награди „Семеен автомобил на годината“ во изборот на читатели на „АУТО Штрасенверкер“

Објавено пред

„Шкода“ освои шест награди „Семеен автомобил на годината“ во изборот на читатели на „АУТО Штрасенверкер“.

• OCTAVIA COMBI освои награда за „Најдобар дизајн“
• OCTAVIA COMBI и SUPERB COMBI ја освоија наградата за „Најдобра технологија“
• SUPERB COMBI беше прогласен за „Најдобра вредност за парите“
• „Шкода“ има освоено вкупно 34 награди од првиот избор на читатели на списанието во 2011 година

Читателите на германското специјализирано списание „АУТО Штрасенверкер“ (AUTO Straßenverkehr) ги изгласаа моделите на „Шкода“ за „Семеен автомобил на годината“ во шест категории. Ова значеше дека чешкиот производител однесе дома повеќе награди од кој било друг бренд учесник. Вкупно 128 возила се натпреваруваа во три различни категории за „Најдобар дизајн“, „Најдобра технологија“ и „Најдобра вредност за парите“. За секоја од нив, читателите избраа еден автомобил и еден генерален победник. OCTAVIA COMBI се искачи на врвот во категоријата „Најдобар дизајн“, а исто така ја освои и наградата за „Најдобра технологија“. SUPERB COMBI беше крунисан како „Најдобра вредност за парите“ во целина. Исто така, беше изгласан за автомобил со „Најдобра технологија“ во својата категорија. „Шкода“ има освоено вкупно 34 награди од првиот избор на читатели на „АУТО Штрасенверкер“ во 2011 година.

Изборот на „Семеен автомобил на годината“ од читателите во 2020 година се одржа по деветти пат. Во него беа вклучени само седани, SUV и Combi-возила со капацитет на багажник од над 400 l и основна цена до 45.000 евра.

„Шкода“ има освоено неверојатни 34 награди за „Семеен автомобил на годината“ од 2011 година
Оваа година, вкупно 9.341 читател на германскиот специјализирано списание „АУТО Штрасенверкер“ го дадоа својот глас за своите омилени семејни возила. ŠKODA освои шест награди: три за OCTAVIA COMBI и три за SUPERB COMBI, повеќе од кој било производител, потврдувајќи ја извонредната позиција na „Шкода“ меѓу брендовите на семејни автомобили оваа година. Чешкиот производител, кој годинава ја прославува својата 125-годишнина, ја освојува посакувана титула вкупно 34 пати од првиот избор на читатели на списанието во 2011 година.

Поглед одблиску на резултатите на „Шкода“

Новата четврта генерација ŠKODA OCTAVIA COMBI беше номинирана за првпат и ги импресионира читателите во повеќе области. Бестселерот на брендот ја освои генералната и наградата за увозно возило за „Најдобар дизајн“ на возила под 25.000 евра и беше прогласен и за омилено увозно возило со „Најдобра технологија“ во оваа категорија.

Исто така, ŠKODA SUPERB COMBI освои неколку признанија „Семеен автомобил на годината“. Автомобилот со средна големина се натпреваруваше меѓу моделите со вредност од 25.000 до 35.000 евра. Беше крунисан во конкуренцијата на „Најдобра вредност за парите“, како увозен автомобил и во целина. Дополнително, се искачи на врвот во категоријата за „Најдобра технологија“ меѓу возилата во својот ценовен опсег.

Читателите истакнуваат: „Возилата на ‘Шкода’ се импресивни семејни автомобили“

Моделите на чешкиот производител освоија поени со нивниот извонреден простор за патници и багаж или намирниците од неделното пазарење. Нивниот концепт за флексибилен простор обезбедува дополнителни придобивки: седишта на преклоп и многу едноставни детали, вклучувајќи куки за торбички, држачи за пијалаци, прегради и мрежи во багажникот, кои обезбедуваат максимална функционалност. Покрај тоа, возилата на „Шкода“, претставуваат најсовремена безбедност, редовно постигнувајќи максимален рејтинг на тестовите на Euro NCAP.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија2 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ3 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија4 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет5 часа

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион5 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион7 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет8 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион8 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ8 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија9 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион10 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија11 час

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион11 час

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија11 час

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион21 час

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион22 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион23 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет1 ден

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион1 ден

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Досие