Компании
Растеме и напредуваме со Макпромет и Чунга Лунга
Чунга Лунга претставува многу повеќе од синоним за највисок квалитет. Сладок вкус, најголемата радост и огромни уживања се првите асоцијации на многу генерации за производите Чунга Лунга.
Чунга Лунга е дел од детството на секое дете, прва љубов на безброј девојчиња и најслаткото уживање за многу момчиња. Сонот на малиот Чунго да направи големи нешта започна во Словенија. Благодарение на работата на интернационалната дистрибутерска куќа “Орбико”, Чунга Лунга ги освои срцата на најмладите од регионов, претврајќи го сонот во реалност. Денес традиционалниот вкус е дел од детството на секое дете во Македонија, но и пошироко во: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Бугарија, Албанија, Грција, Германија, Австрија, Романија, Словенија, Чешка,Словачка, Молдавија, Унгарија. Децата, од сите овие земји уживаат во вкусовите на Чунга Лунга гумите за џвакање, слатките овошни и млечни карамели, неодоливите лижавчиња, вкусните кроасани, крцкавиот Чунга Лунга флипс, полнетите и тврди бонбони како и фантастичните желеа во различни бои.
Чунго заедно со неговата банда џвакери Луна, Кет, Флип, Мона, Пин и Спити продолжуваат да се забавуваат, уживајќи во игрите и детските лудории, но и во првите љубови низ сите овие земји.
Слатките задоволства на Чунга Лунга му овозможуваат на секое дете да учествува во натпреварот за најголем балон или да разменува сликички пред зграда, да учествува во наградните игри… Бандата џвакери тргнува во освојување на светот! Модерната технологија и традиционалниот вкус на Чунга Лунга производите се спој кој постои повеќе децении, а одговорна за најслатките Чунга Лунга уживања е групацијата Макпромет АД од Штип формирана во далечната 1957 година.
Макпромет АД е бренд којшто помага и поттикнува голем дел од општествените случувања во државава. Една од водечките дејности на оваа групација е производство и трговија на кондиторски производи со врвен квалитет како и грижата кон своите корисници. Деновиве нашата најмлада популација пулсираше во ритамот на детските песни исполнети на фестивалот “Чунга Лунга” одржaн во Охрид. Оваа манифестација изнуди насмевки и радост кај многу деца од регионот, истите имаа можност да запеат, меѓусебно да се дружат но и да ги развеселат сите посетители со помош на нивните песнички.
Детскиот фестивал Чунга Лунга, веќе четири години е под генерално покровителство на нашата компанија Макпромет АД Штип. Со ова Макпромет уште еднаш покажа на дело дека неизмерно ги поддржува децата, детските активности и соништа.
Се грижиме за секој поединец и за секоја група, а нашата општествена одговорност ја докажавме во многу моменти. Преку спонзорирањето на Спортскиот натпревар за децата со хендикеп исцртавме неизбришливи насмевки на нивните лица овозможувајќи им социјална активност и дружење. Продолживме понатаму со организација на „Летните игри 2015г.“, на коишто им претходеше несебичната поддршка за реализација на бројни кошаркарски, фудбалски и ракометни натпревари и турнири. Најзабавниот месец во годината за секое дете и најголемото уживање на децата го одбележавме со манифестацијата „Априлијада 2015“, ја поддржавме и детската креативност овозможувајќи им да ги покажат нивните умешности и детски итроштини на „Маскенбалот 2015“. Но не застанавме овде, организиравме и „Мини маратон“, „Избор на Мис и Мистер“, „Летен спортски настан“, и уште низа други случувања со цел да помогнеме и допринесеме во развојот на децата и да им овозможиме поубаво место за живеење и развој.
Среќните детски лица и задоволните клиенти ќе останат наша приоритетна цел. Грижата кон нашите корисници продолжува и понатаму со уште многу други нови слатки задоволства, проекти, награди и уживања под логото на Макпромет АД. Групацијата Макпромет заедно со брендот Чунга Лунга остануваат потврда за синонимот за квалитет и успешност. Посветеноста во работата, модерната технологија, традиционалните вкусови, задоволните клиенти и понатаму продолжуваат да бидат нашиот најголем белег и доказ за успешна работа./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“
Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.
Официјален опис на процесот
На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.
Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.
Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:
„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“
Искуство од прва рака
Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.
„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.
„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.
Исцрпувачко и монотоно
Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.
„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.
„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.
Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.
„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.
Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)

