Компании
Ресторан „Бакал“ место за вистинските гурмани и незаборавни
На пет километри од Тетово, или за само 15-ина минути од Скопје во тетовското селото Брвеница се наоѓа уникатниот и автентичен ресторански комплекс „Бакал“, место кое со својот уникатен амбиент, содржина, преубава природа и уникатни специјалитети веднаш ќе ве освои, место каде секогаш ќе сакате да се вратите.
Ресторанот Бакал нуди топла семејна атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини доживувањето на гостите, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој љубовен состанок се претвора во бескрајно задоволство, а секој деловен ручек има позитивна и конструктивна атмосфера зачинета од амбиентот. Жуборот на водата, прекрасните растенија и уникатниот амбиент кој е креиран во ресторанот со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов никого не остава рамнодушен. А во летно време, фотографиите направени во овој ресторан се вистинска разгледница на која и се восхитува секој посетител.
Овој елегантен, а сепак традиционален македонски ресторан нуди квалитетна храна подготвена со многу љубов од најдобрите кулинарски мајстори. Секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, место каде може да се најде за секого по нешто. Големиот избор и квалитет е причина голем број на гости од различни делови од Македонија, но и од регионот да доаѓаат во ресторанот Бакал. Во “Бакал” се чувствува духот на македонската традиција, преку ентериерот, гурманските специјалитети и љубезноста на персоналот, што неретко е причина многу дипломати да го посетуваат и воодушевени да си одат.
Во склоп на ресторанот се наоѓа и пекара, каде се произведува домашен леп и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 отсто од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура. Во склоп на ресторанот се наоѓа и млечен ресторан.
Сите кои се чувствуваат како гурмани, кои сакаат да уживаат во добра храна и одлична услуга, и кои сакаат да поминат неколку незаборавни моменти во својот живот, ресторанот Бакал е вистинското место за нив!
Атмосферата е највеличенствена во вечерните часови, кога ќе се запалат светилките и ќе засвират чалгиите. /крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

