Компании
Ресторан Бакал за незаборавни моменти во својот живот
Тетовчани отсекогаш важеле за луѓе со вкус, кои сакаат убави работи, и токму затоа не изненадува фактот што Ресторанот Бакал во селото Брвеница е едно од нивните омилени места за посета. Независно дали ќе го посетат за вечера, за семејна прослава, за сунет, или некоја друга пригода, селфи фотографиите од Бакал им се едни од најомилените.
Обожаваат бифтек, свежо јагне и јаре, кои овде се подготвуваат на традиционален начин младо козјо сирење, но и подгорче, капама, ѓомлек, како и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef а кои се подготвуваат според Халал стандарди. Посебно пријатно се изненадени печалбарите кои не можат да поверуваат дека едно вакво место постои во полошкиот крај, и за кое често велат дека вакво место нема ни во Германија, Швајцарија или на другите места каде работат и живеат.
Покрај врвната храна, она што посебно плени во ресторанот Бакал е волшебната градина која кај гостите остава впечаток како да се наоѓаат далеку на некое скапо егзотично место. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце од кое се слуша како жубори водата, што дава посебен спокој, а од сите страни во комплексот се шират мирисите на лаванда и алисиум а и останатите растенија кои максимално релаксираат. Ако сте имале напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.
Целиот простор нуди максимална интимност, комплетно одделен од се друго надвор, а црвените ливчиња на фотиниите, процветаните липи, хортензии и други растенија и цвеќиња од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство.
Храната е свежа, подготвена од најквалитетни состојки, а вкусот на подготвеното јадење ќе остане долго време во вашите спомени.
Посетата на Бакал е одлична можност за да оставите впечаток кај вашиот бизнис партнер, или да ги почестите своите најблиски. Ресторанот работи секој ден, цените се навистина пристапни, а добрите домаќини можат да подготват јадење и по желба.
Животот е комбинација од магија и добра храна, а тоа го има во ресторанот Бакал./крај/мф/.сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

