Контакт

Компании

’Роснефт’ отплати 7 млрд од долгот

Објавено пред

Рускиот нафтен гигант „Роснефт“ во понеделникот објави дека исплатил седум милијарди американски долари како долг по кредит, примирувајќи ги стравовите на инвеститорите околу можните поголеми тешкотии со рефинансирање на долговите на руските компании на коишто поради западните санкции им е оневозможен пристапот до европскиот и американскиот капитал.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за двогодишен кредит во вкупен износ од 12,7 милијарди долари, користен за исплаќање на нафтената компанија TNK-BP, а којашто „Роснефт“ ја плати од сопствените парични резерви. Втората транша од кредитот во износ од 6,9 милијарди долари, треба да ја плати веќе во февруари.

Компанијата „Роснефт“, којашто произведува повеќе нафта отколку Ирак и Иран заедно, побара од руската влада помош од 2.500 милијарди рубљи, или 44,07 милијарди долари, за полесно да ги надвладее санкциите и да гои рефинансира долговите.

Меѓутоа, руската влада допрва треба да одлучи колку пари ќе даде од државниот стабилизациски фонд, па минатата седмица се шпекулираше дека компанијата почнала да купува странски валути на домашниот пазар на девизи. Од „Роснефт“ ваквата шпекулација ја демантираше извршниот директор Игор Сечин, изјавувајќи во понеделникот дека компанијата не мода да излегува на валутните пазари, имајќи предвид дека генерира доволна заработка во странска валута.

Аналитичарите сметаат дека „Роснофт“ е преголем за да може државата да дозволи негово пропаѓање и укажуваат на неговата успешна овомесечна продажба на домашни обврзници од 625 милијарди рубљи, што сочинува мнозинство од планираниот износ за рефинансирање на долгот

„Како и за другите компании, стравувањата и натаму постојат, не очекувам дека ќе има поголеми проблеми со отплаќањето на државниот пазар на долгови“, изјавил за Reuters аналитичар на една голема руска банка кој барал да остане анонимен.

„Роснефт“, инаку уште е под притисок на остриот пад на цените на нафтата и забрзаната девалвација на рубљата, којашто поради санкциите од почетокот на годината ослаби за околу 45 отсто во однос на доларот./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости/Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Ново од Минт кредит – поддршка за стартапите

Објавено пред

Да започнете сопствен стартап е возбудлива авантура – идејата е свежа, енергијата е огромна, а визијата јасна. Но, секој претприемач знае дека патот од идеја до реализација на успешен бизнис бара финансиска стабилност. Токму тука ние, Минт Кредит, стануваме вашиот партнер за стартап кредит.

dobivaj vesti na viber

Во Минт Кредит веруваме дека стартапите се моторот на новата економија, и затоа нашиот бизнис кредит е создаден токму за луѓето кои не се плашат да ризикуваат и да создадат нешто свое.

Нашиот бизнис кредит е создаден за стартапи и правни лица кои сакаат да го претворат својот потенцијал во успешна приказна.

Бизнис кредит – Брз стартап кредит без чекање

Во светот на стартапите, времето е сè. Можностите се менуваат од ден во ден, а да се биде чекор пред конкуренцијата значи многу. Затоа, бизнис кредитот од Минт Кредит е создаден да биде брз, едноставен и флексибилен.

Нашиот тим знае колку е важно стартапот да добие поддршка веднаш, кога му е најпотребна. Заборавете на долгите процедури и бескрајни состаноци, кај нас процесот е транспарентен, лесен и целосно дигитален.

За да аплицирате треба да сте правно лице со јасна визија и амбиција, без разлика дали сте стартап кој штотуку започнува или веќе стабилна компанија што сака да се прошири.

Што добивате со бизнис кредитот од Минт Кредит?

Нашиот бизнис кредит за стартапи е создаден со разбирање на реалноста. Не бараме сложени формалности, туку ја гледаме суштината – вашиот потенцијал, вашата визија и вашата посветеност.

Со нашиот бизнис кредит за стартапи добивате финансиска поддршка до 1.000.000 МКД, со рок на отплата до 60 месеци и можност за грејс период до 24 месеци. Тоа значи дека можете да започнете со реализација на идејата веднаш после одобрување. Без нејасни услови – само понуда создадена да им даде поддршка на младите претприемачи.

Стартап кредит што работи во корист на претприемачите

Кога велиме дека нашиот бизнис кредит е создаден за стартапи и правни лица, тоа навистина го мислиме.

Знаеме дека на почетокот секој ден и секоја финансиска одлуика се важни. Затоа, нашиот бизнис кредит за стартап е дизајниран да им овозможи на новите компании да се развиваат без дополнителни притисоци.

Со Минт Кредит можете да искористите стартап кредит за да:

  • Инвестирате во нова опрема или технологија,
  • Отворите канцеларија или продавница,
  • Вложите во маркетинг за да го лансирате вашиот бренд,
  • Ангажирате нови членови во тимот,
  • Го финансирате секој чекор од вашиот бизнис раст.

Секој проект е различен, но сите имаат заедничко нешто: финансиската поддршка од Минт Кредит што ги движи напред. Нашиот бизнис кредит за стартапи не е само бројка, тој е поддршка за вашата визија и труд.

Како до бизнис кредит за стартап?

Едноставно. Брзо. Без компликации.

  1. Аплицирајте онлајн на Минт Кредит, во една од нашите филијали, или јавете се на 15 107.
  2. Доставете ги основните документи за вашиот бизнис.
  3. Добијте одговор за кратко време затоа што знаеме дека стартапите немаат време за чекање.

Нашата цел е да бидеме ваш вистински партнер, не бирократска пречка.

Зошто Минт Кредит е вистинскиот избор за стартап кредит?

  • Брзина и ефикасност – од апликација до одобрување за кратко време.
  • Разбирање за стартапи – ние знаеме како размислуваат младите претприемачи.
  • Флексибилни услови – прилагоден рок и грејс период за безгрижен почеток.
  • Поддршка и совети – нашиот тим е тука за да ви помогне со насоки и препораки.
  • Транспарентност – кај нас секој услов е јасен, без скриени трошоци.

Кога стартапите размислуваат за финансирање, често мислат дека тоа е долг и сложен процес. Ние го менуваме тоа. Со Минт Кредит, добивате брз бизнис кредит кој ја поддржува вашата визија.

Зошто стартап бизнисите најчесто “заглавуваат”?

Секој стартап започнува со идеја, но патот до стабилен бизнис ретко е едноставен. Најчестите проблеми што ги гледаме кај младите компании се:

  • Недостиг на почетен капитал – без доволно средства, дури и најдобрите идеи остануваат само тоа, идеи.
  • Проблеми со редовен приход – првите месеци често се непредвидливи за стартапите, посебно додека сеуште немаат стабилни и предвидливи приходи.
  • Ограничен пристап до финансирање – традиционалните банки често бараат долга историја и големи гаранции шти ги прави недостапни за стартапите.
  • Недостиг на простор за раст – без потребната финансиска поддршка, тешко е за стартапите да инвестираат во нова технологија, маркетинг, или проширување на нивниот тим.

Минт Кредит – партнер на новата генерација претприемачи

Во Минт Кредит веруваме во иновативноста, храброста и визијата на македонските стартапи. Знаеме дека секоја голема приказна почнува со мала идеја и со вистинска поддршка.

Нашиот бизнис кредит е повеќе од финансиски производ. Тој е партнерство за секој што има амбиција да создаде нешто свое, уникатно и успешно. Со Минт Кредит, стартапите не мора да чекаат совршен момент, можат да го создадат.

Аплицирајте денес за стартап кредит од Минт Кредит и развијте го вашиот бизнис со сигурност, поддршка и брзина.

(ПР)

 

Прикажи повеќе...

Економија

Хармонија во движење: внатрешноста на новиот Audi Q3

Објавено пред

· Дигитална сцена: панорамскиот дисплеј вклучува 11,9-инчен виртуелен кокпит на Audi, 12,8-инчен MMI екран на допир и head-up дисплеј.

dobivaj vesti na viber

· Импресивно аудио искуство: со дванаесет звучници со високи перформанси и 420 вати моќност на засилувачот, премиум звучниот систем SONOS нуди импресивно, виртуелно искуство.

· Прилагодена шема на бои: осветлените внатрешни панели на вратите со избор од 30 бои, создаваат емоционално привлечна атмосфера.

Внатрешноста на новиот Audi Q3 покажува како формата и функцијата стануваат едно. Премиум материјалите, интелигентните технологии и прилагодливиот концепт за осветлување и звук се спојуваат за да создадат неверојатно искуство во возењето.

Чисти линии, интуитивно работење и паметна технологија се комбинирани во новиот Audi Q3. Мирниот, јасен дизајн на контролната табла продолжува во чистиот, уреден распоред на конзолата. Едноставниот дизајн и распоредот фокусиран на корисникот, држачите за чаши и покриената фиока за полнење ја одразуваат филозофијата на Audi за „визуелна јасност“. Во срцето на сè е дигиталната сцена: панорамскиот дисплеј – со 11,9-инчниот Audi Virtual cockpit plus и 12,8-инчниот MMI екран на допир – има заоблен дизајн ориентиран кон возачот. Тој е надополнет со опционален head-up дисплеј кој проектира важни информации директно во видното поле на возачот. Рамните рачки на вратите, внимателно комбинираните материјали со меки површини на допир и хромираните детали на прекинувачите го нагласуваат визуелниот шарм на возилото, неговиот квалитет и целокупната удобност.

Повеќе простор благодарение на паметните контроли

Новата контролна единица на воланот со две рачки на управувачкиот столб резултираше со повеќе простор за складирање во централната конзола, ново корисничко искуство и чувство на поголем простор. Со рачката од десно се избира брзината, додека онаа од лево ги контролира функциите за осветлување и функциите за чистење на шофершајбната. Елиминирањето на менувачот од централната конзола ослободува дополнителен простор. Просторот се користи за два држачи за чаши и голем простор за складирање под централниот потпирач за раце што се прилагодува по висина. Ладената индуктивна фиока со моќност за полнење од 15 вати, вклучувајќи два USB-C порти, може да се затвори со лизгачки капак по желба. Два дополнителни USB-C порти се наоѓаат на задниот дел.

Светлосните ефекти создаваат атмосфера

Кога ќе се стемни, различни пакети за осветлување (пакет за амбиентално осветлување plus/pro) го создаваат расположението во внатрешноста. Маркерите на контролната табла и централната конзола ги нагласуваат чистите линии на ентериерот. Јохен Штумпф, развивач на системи за внатрешно осветлување, објаснува: „Тука работевме со светлосни водичи, LED модули и дифузери. Светлосните водичи ја транспортираат светлината, а дифузерот ја распрснува така што таа се појавува како деликатна лента во конзолата.“ Индиректното амбиентално осветлување под панорамскиот MMI дисплеј на и во вратите дополнително ја нагласува внатрешната архитектура. Како нов елемент на дизајнот, предните врати сега се опционално достапни со осветлување со голема површина. Штумпф додава: „За да се постигне овој ефект, над 300 исечоци во облик на дијамант со различна големина се ласерски исечени во панелот од ткаенина. Извор на светлина во облогата на вратите ги осветлува сегментите кои, поради нивните различни големини, покажуваат динамична прогресија на осветлувањето – дури и при отклучување и заклучување на Q3.“ Купувачите можат да изберат помеѓу 30 различни бои, овозможувајќи персонализирано искуство со осветлување.

Виртуелно генериран звук

Опционалниот SONOS премиум звучен систем обезбедува импресивно аудио искуство со виртуелно генериран звук. Дванаесет звучници со високи перформанси, вклучувајќи централен звучник и сабвуфер, испорачуваат моќен звук со максимален излез на засилувачот од 420 вати. Фолкер Земан од маркетингот на производи објаснува: „Целната употреба на звучни рефлексии создава ефект на звук кој те опкружува што го интензивира просторното восприемање на звукот. Благодарение на интелигентната обработка на сигналот, секој што седи во возилото може да ужива во искуство со слушање прилагодено на неговото индивидуално седиште.“

Достапни се четири конфигурирани звучни профили (неутрален, концертен, салон и подкаст), плус прилагодлив звучен профил. Купувачите исто така имаат можност да го подобрат своето звучно искуство со функции што можат да се додадат во секое време преку Функции на барање (FoD). Пакетот со звучни функции го дополнува избраниот звучен систем со три дополнителни функции. Интензификацијата на басот создава попрецизно и помоќно искуство со бас. Автоматското прилагодување на нивото одржува постојана јачина на звук при менување на изворите, а ревитализацијата на музиката го подобрува звукот на компресираните музички датотеки.

Одржливо дизајниран ентериер

Достапни се вкупно девет пакети опрема. За дрвени апликации се користи брзорастечко, отпорно дрво. Внатрешните елементи од ткаенина Impressum се направени од 100 проценти рециклиран полиестер, како и ткаенините за тапацирање Passage, Impressum, еднобојна ткаенина и микрофибер. Сите текстилни и микрофибер навлаки за седишта се систематски дизајнирани со употреба на мономатеријали, така што подоцна можат да се рециклираат како материјали со едно потекло во циркуларната економија, со што се елиминира отпадот и драстично се намалува јаглеродниот отпечаток. Audi произведува кадифени велурни подни простирки користејќи Econyl, целосно рециклирано најлонско влакно направено од стари рибарски мрежи, остатоци од теписи и индустриски отпад. Затоа, Audi се фокусира и на идно ориентирано и ефикасно користење на ресурсите во Audi Q3.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Халкбанк со донација на компјутерска опрема за училиштата и за институциите

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја демонстрира својата општествена одговорност преку конкретна поддршка за заедницата. Во рамки на своите активности, Банката донираше 27 компјутери и монитори во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, едно од најстарите училишта во земјата. Основано уште во 1884 година од страна на Османлиската држава, ова училиште веќе над еден век е важен образовен центар на турското малцинство во Македонија, со богата историја и значајна улога во локалната заедница.

dobivaj vesti na viber

Дополнително, Халкбанк донираше и 146 компјутери и монитори во Македонска пошта, со која Банката има воспоставено долгогодишна соработка и веќе пет години платниот промет во Пошта се одвива преку Халкбанк. Ова партнерство им овозможува на граѓаните добивање на банкарска услуга, да не мораат да одат исклучиво во банка, туку истата да ја добијат и во најблиската пошта, што е особено значајно за сите оние кои живеат во населени места во кои нема експозитури на банките.

Освен стандардните банкарски услуги, на шалтерите на Македонска пошта граѓаните можат да отвораат сметка во Халкбанк, да побараат издавање дебитна или кредитна картичка, да аплицираат за различни видови кредити, дозволено пречекорување, електронско банкарство, добивање пензија преку Халкбанк, како и да добиват други банкарски услуги кои се достапни за клиентите на Банката.

Халкбанк наскоро ќе донира уште 23 компјутери и монитори за уште едно училиште, со цел да се подобрат условите за едукација и работа.

Овие донации се дел од многубројните општествено одговорни активности на Халкбанк, кои имаат за цел да ја поддржат заедницата, да овозможат подобри услови за учење и работа, и да придонесат кон дигиталната писменост и развојот на младите.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Масакрот на кучиња во Кичево не бил пријавен во МВР, полицијата постапува по допрен глас

Министерството за внатрешни работи постапува по допрен глас, по извештаите за убиства на повеќе од 40 кучиња во Кичево пред...

Македонија2 часа

Три групи да внимаваат поради промената во зимско време, лекарите со совети за да се избегне нарушување на ритамот

Американската академија за медицина на спиење (ААСМ) со години се залага за прекин на поместувањето на часовникот, тврдејќи дека стандардното...

Македонија2 часа

МЗ: Кај клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби

Во врска со медиумските објави за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија,...

Македонија4 часа

Молк по масакрот во Кичево кадешто беа убиени над 40 кучиња, активистите бараат истрага и одговори од градоначалникот Дехари

Активистите од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бараат одговори по ужасот во Кичево кога за само еден ден...

Свет4 часа

Руски напад врз Киев

Русија синоќа изврши напад врз Киев, во кој најмалку едно лице беше убиено, а десет беа повредени. Главниот град на...

Македонија5 часа

Халуцинации и психолошка состојба се обидите на СДСМ резултатот од изборите да го прикажат како историски подвиг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со прикажувањето на резултатите од првот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ утрово прашува со што денес Социјалдемократскиот сојуз...

Свет5 часа

Специјалниот претставник на Кремљ: Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави во Вашингтон дека Русија, САД...

Македонија6 часа

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Ноќва почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад....

Македонија6 часа

Ѓоргиевски: Тим од експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски изјави дека како градоначалник на Кисела Вода докажал дека може...

Македонија19 часа

Мицкоски: Очекуваме во вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125-130 илјади

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните...

Македонија22 часа

Често миење раце, фрлање ѓубре со ракавици и дезинфекциски бариери во училиштата, препорачаа лекарите од ИЈЗ

Засега не е регистриран пораст на заболувања што може да бидат предизвикани од натрупаното ѓубре на улиците во Скопје, велат...

Македонија1 ден

(Видео) Mециновиќ за отпадот во Скопје: Владата намерно го остави градот да дојде до колапс за потоа да се прикажува како херој

Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица зa градоначалник на Град Скопје во вториот круг на локалните избори, со предупредување за алармантната...

Македонија1 ден

М-НАВ: Тасевски призна дека штрајкот што го најави беше незаконит и свесно спроведува атака

На 22.10.2025 година М-НАВ АД Скопје преку правниот застапник адвокат Горан Николовски одржа прес-конференција, на која беа презентирани ставовите и...

Македонија1 ден

Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на...

Македонија1 ден

Каде скопските градоначалници го одлагаат собраниот отпад, прашуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на...

Македонија1 ден

Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња, нивното дислоцирање од една во друга општина е сурова и опасна пракса, порачуваат од „Анима мунди“

Во последниот период сведочиме на повторливи, систематски и сурови случаи на дислоцирање цели легла и глутници кучиња во градот Скопје...

Македонија1 ден

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово,...

Европа1 ден

(Видео) Акција на украинските падобранци: ослободија село, заробија 50 Руси

Украинските воздушни напаѓачки сили го ослободија селото Кучерив Јар во Донецката област, заробувајќи повеќе од 50 руски војници и спасувајќи...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не може да ги прекинат врските со Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија ќе напредува непрекинато, објави државната медиумска агенција...

Свет1 ден

Белата куќа: Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател следниот четврток

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг следниот четврток, соопшти Белата куќа. Трамп ќе присуствува...