Компании
Руската Кранфилд фаундери ќе гради леарница во Пробиштип
„Кранфилд фаундери“, компанија основана со руски капитал, ќе гради модерна високо–автоматизирана еколошка леарница, во индустриската зона во Пробиштип, а за таа цел во средата беше потпишан договор меѓу Владата и претставници на компанијата.
Според деловниот план на компанијата „Кранфилд фаундери“, вкупната инвестиција изнесува 15 милиони евра, а во фабриката ќе се вработат 280 луѓе.„Леарницата ќе изработува делови, коишто не трпат транспорт, и тоа е еден приоритет кога некоја автомобилска компанија ќе сака да инвестира ќе видат дали постои во близина некаква леарница. Кога ќе договараме со потенцијални компании за производство на автомобили, тоа е еден од самите критериуми и со оваа инвестиција го заокруживме тој критериум и тоа ќе ни овозможи во поблиска иднина да привлечеме некоја автомобилска компанија“, рече министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески.„Со цел на нашите клиенти да им понудиме квалитетни и конкурентни производи, треба да изградиме модерна фабрика во Европа, но не далеку од нашите матични пазари. Сметаме дека Македонија е најсоодветна за бизнис, главно поради локацијата и лесниот пристап до пазарите во Евриопа и Русија, привлечната бизнис клима и поддршката која ја обезбедува Владата, конкурентните трошоци за градба и квалификуваната работна сила“, рече Дариус Чуба, извршен директор на „Кранфилд фаундери“. Тој рече дека со потпишување на договорот ќесе овозможи да ја завршат Студијата за влијанието врз животната средина и да почнат со изградба на најмодерна леарница, која ќе ја гради ГЕМКО, холандска компанија специјализирана за изградба на модерни леарници. Најави дека ГЕМКО ќе го гради објектот заедно со македонска градежна компанија.„Оваа инвестиција ја најавиме пред еден месец и еве денеска веќе го потпишуваме договорот за инвестирање на странската компанија. Примарното производство на компанијата ќе биде наменото за монтаѓната и ѓелезничката индустрија , со тоа Македонија го зајакнува ште повеќе својот имиџ како земја со автомобилска индустрија. Нешто што порано не беше поимливо, а денес со влезот и работата на многу компании од оваа индустрија, полека но сигурно станува реалност“, рече премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на потпишувањето на договорот.Најави дека покрај тоа што „Кранфилд фаундери“ на почетокот ќе вработи 280 луѓе, но дека најавиле оти за четири до пет години би изградиле втора производна линија, каде би се вработиле уште луѓе. Премиерот најави и дека Владата ќе помогне во изградбата на нова инфраструктура во индустриската зона во Пробиштип каде ќе биде сместена фабриката.„Воопшто не беше лесно да се убедат инвеститорите да инвестираат во една мала и не толку развиена општина, каде што има недоволно адекватна инфраструктура, лоша географска поставеност и многу други негативности“, рече градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој додаде дека инвестицијата е од големо значење за општината за развој на економијата, ќе се реши невработеноста и ќе се спречи отселувањето на младите.„Кранфилд фаундери“, со цел да постигне максимала ефикасност во процесот на производство и да ги задоволи сите еколошкии стандарди вклучува и соработка со други реномирани западноевропски компании – добавувачи на најсовремена опрема наменета за леарската индустрија како германската „Ото Јункер“ и данската ДИСА.Потписниците на договорот изразија надеж дека в година, ова време, ќе го означат почетокот на производниот процес./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

