Компании
Само денеска секое второ седиште на авионите на Wizz Air бесплатно
Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа, денеска ја прославува својата 11-та годишнина, а како подарок за корисниците дава бесплатна резервација на секое второ столче во нејзините авиони.
Wizz Air ја прослави својата 11-та годишнина и освежувањето на својот бренд со досега најголемата продажба на седишта; за резервација до денес на полноќ за било кој лет секое второ седиште е бесплатно.
„Во последната декада, Wizz Air постигна забележителен успех во револуционизирање на целата индустрија и ние ја надминавме нашата амбиција да постигнеме сигурен и достапен авио сообраќај за сите во Централна и Источна Европа, а ги проширивме и нашите линии низ цела Европа и пошироко. Лансирањето на нашиот освежен бренд е една од многуте мерки за константно подобрување на нашите патнички услуги.Многу сме возбудени со претставувањето на новиот лик на нашите два авиони A320 и новиот A321. Остануваме и понатаму фокусирани на развојот на нашата пан-европска мрежа на летови и со нетрпение ги очекуваме нашите досегашни, како и новите патници на нашите летови”, изјави Јозеф Варади, извршниот директор на Wizz Air.
Основана во септември 2003 година, својот прв лет компанијата го имала од Катовице, Полска на 19 мај 2004 година, со амбициозна цел да воспостави ниско-буџетни линии надвор од Централна и Источна Европа. Откако успешно ја оствари својата цел, компанијата продолжи да се развива и денеска го објави својот освежен бренд и нов изглед.
Во своите први 11 години, компанијата превезе 90 милиони патници, а забележа раст достигнувајќи го нивото од 59 авиони, повеќе од 380 рути во 38 земји. Фокусирајќи се на своите корисници уште од самиот почеток, Wizz Air најави низа нови подобрувања стремејќи се кон задоволување на потребите на корисниците.
WIZZ последните неколку месеци превзема иницијатива за освежување на својот бренд и на денешната промоција на освежениот бренд и изглед уште еднаш ја покажа својата посветеност кон потрошувачите и задоволување на нивните потреби. WIZZ брендот сега има нов, поразигран, софистициран изглед кај кој се препознаваат и дел од иницијативите кои се имплементирани, а кои се однесуваат на селекција на седиште низ целата мрежа, нова категорија на билет (Основен и Плус) за полесен избор помѓу основен билет и билет со дополнителни услуги за комфорт./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

