Компании
Samsung Galaxy S7 и Samsung Galaxy S7 Edge во продажба во Македонија
Двата мобилни оператори Македонски Телеком и oне.Вип во вторникот објавија дека започнуваат со продажба на Samsung Galaxy S7 и Samsung Galaxy S7.
На само неколку дена по светската премиера на Samsung Galaxy S7 и Samsung Galaxy S7 Edge, Македонски Телеком најавува онлајн предпродажба на уредите, со подарок – Gear VR lite.
Предпродажбата старува на 24 февруари, а ќе трае до 5 март, преку онлајн каналот на Македонски Телеком. Уредите ќе бидат достапни во црна, бела и златна боја.
Првите сто корисници ќе ја имаат можноста да добијат бесплатни Gear VR lite, најдобриот гаџет за виртуелна реалност, што во моментов се наоѓа на пазарот. Gear VR lite, новиот, подобрен модел „322“ има уште полесен и поудобен дизајн, може да се користи со Galaxy смарт телефоните за влез во виртуелната реалност со Super AMOLED екранот.
Редовната продажба на Samsung Galaxy S7 и Samsung Galaxy S7 Edge ќе почне на 11 март, 2016 година, а уредите со новите подобрувања во спецификациите и дизајнот, сигурно ќе го задржат статусот на бестселер.
Од денеска, во сите продажни места под Вип брендот, како и преку Купи Онлајн на www.vip.mk, корисниците ја добиваат можноста да бидат првите што во земјава ќе го имаат новиот Samsung Galaxy S7 и S7 edge.
Со потпишување договор за продажба на телефон со одложен рок на испорака и аванс од 2.999 ден, можат да го резервираат еден од најпосакуваните паметни телефони во светот. Веднаш по пристигнување на телефонот, корисниците ќе добијат известување дека веќе е достапен во продажното место каде што ја направиле резервацијата, а при подигнување на телефонот корисниците добиваат и специјален подарок – уред за виртуелна реалност Samsung VR (Model R233).
Телефоните официјално ќе бидат достапни за продажба од 11 март 2016г. по цена од 17.999 денари за Samsung S7 и 23.999 денари за Samsung S7 edge во Vip Free NoLimit тарифниот модел. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

