Компании
Се отвора нов погон на „Актива“ во Штип

Новата фабрика за заварени склопови за автомобилската индустрија ќе биде отворена во вторник напладне во индустриската зона „Запад„ во Штип.
Името на новата фабрика е „Актива аутомотив“ и е дел од штипската компанија „Актива“ а е реализирана со поддршка на белгискиот партнер „Ван Хол“.
Во новата модерна фабриука инвестирани се околу четири милиони евра.
На свеченото отворање ќе присуствува вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Електраните и фабриките на Феро Турист – дел од студиската посета на странска делегација во борба против климатските промени

Делегација од 30 лица од организации и институции од областа на енергетиката, енергетската ефикасност, енергетската транзиција, зелената енергија и зачувувањето на животната средина од Франција, Австрија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Украина и неколку општини од нашата земја, посетија дел од фабриките и електраните на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ, како лидер во енергетската транзиција кај нас.
Присутните се запознаа со енергетски ефикасните електрични и водородни возила за одржување на хигиена во градски средини кои се произведуваат во БРАКО, при што детали за овој високотехнолошки и за околината нештетен производ изнесе оперативниот директор Ангел Анѓушев.
Во Овчеполскиот регион гостите од странство ја посетија био гасната електрана Био Ентерпрајз во Сарамзалино, каде проект-менаџерот Арти Ќормемети ги информира за производниот процес кој има нула загадување, односно производство на биогас кој потоа служи како погонско гориво за производство на електричната енергија.
Делегацијата беше и на локацијата на фотоволтаичната електрана Централ Инвест во Кочани, која е исто така инвестиција на групациите Феро Инвест и Централ Инвест.
Посетата организирана преку Хабитат-Македонија беше дел од EXCITE проектот, кој во рамките на европската програма Хоризонт 2020 има за цел директно да ги подобри акциските планови во 25 општини ширум Европа во однос на климатските промени.
ПР-Текст
Економија
Компанијата „Зегин“ и СОС Детското село – пријателство што трае

Минатата недела во Скопје се одржа годишниот настан за доделување на признание на најголемите донатори и поддржувачи на СОС детско село.
Под мотото “Едно семејство” и слоганот “Лесно е да чиниш добро, кога многумина помагаат”, на едно место повторно се собраа сите пријатели, поддржувачи, компании и индивидуалци кои и во изминатата година несебично ги поддржаа трудот, посветеноста и љубовта со која СОС детското село работи повеќе од 20 години.
Покровителка на настанот беше Првата дама на РСМ, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска , а компанијата Зегин традиционално и оваа година се стекна со благодарница за помошта и пријателството со СОС детско село во изминатата година, пријателство кое со сигурност ќе продолжи и во иднина.
Општествената одговорност треба да биде приоритетна мисија на сите компании и поединци, а од компанијата Зегин велат дека овие настани треба да бидат поттик и за останатите компании да се приклучат кон ваквите иницијативи, бидејќи само на тој начин може да се создаде општество кое ќе функционира како едно семејство.
ПР-текст
Економија
SPORT LIFE го прослави успехот на своите вработени за 2022 година

„Sport Life“ обложувалници, секоја година го наградуваат успехот и професионалното работење на своите вработени, па така и сега за најуспешните 60 вработени во 2022 година, беа доделени ваучери во износ од 12.000 денари коишто можат да ги искористат за одмор, патување или посета на спа-центри, за шопинг во многу продажни центри и за разни други услуги по нивна желба.
Најуспешните вработени се оценувани според определени критериуми базирани на учинокот на вработените во различни делови на работниот процес во текот на изминатата година, вклучувајќи го и нивното искуство и работен стаж во „Sport Life“. „Sport Life“ е водечка компанија во областа на игрите на среќа и спортски обложувалници, која успешно работи повеќе од 20 години и постојано инвестира во развојот на вработените, преку обуки, тренинзи, стипендирање на студии и сл. За секој успех и напредок, предвидени се и редовни бонуси и награди како и можности за кариерно унапредување.
Грижата за вработените и развојот на тимскиот дух на „Sport Life“ тука не застанува, тие се градат и преку голем број други редовни активности кои придонесуваат за задоволството на нејзините вработени и успехот на компанијата – истакнуваат од „Sport Life“.
ПР-Текст