Компании
„Sea Hero Quest” постави рекорд, ја презедоа над милион луѓе
Играта „Sea hero quest” постави рекорд, откако во изминатиов период ја презедоа повеќе од милиони луѓе ширум светот, а во Македонија, во првите неколку дена од лансирањето „Sea Hero“ e број 1 преземена игра од Google Play, па од Македонски Телеком апелира за масовно вклучување и играње на „Sea Hero Quest“, во корист на научните и хумани цели.
Новата иновативна мобилна игра „Sea Hero Quest “, која што ја промовираше Групацијата Дојче Телеком, а во Македонија е поддржана од Македонски Телеком, за кусо време постигна извонредни резултати, со што се надминати првичните очекувања. Само две недели по лансирањето, повеќе од 1 милион луѓе од целиот свет ја презедоа „Sea Hero Quest“. Со просечен рејтинг од пет ѕвезди добиен од над 45.000 оценувања во App store и во Google Play, фидбекот од играчите е повеќе од позитивен.
Играта „Sea Hero Quest“ влезе во Топ 10 листата на 50 пазари на App Store и Google Play, а на многу пазари се наоѓа и на прво место. Тоа само по себе е спектакуларен успех за истражувањето и науката во борбата против деменцијата.
И Македонски Телеком како дел од Групацијата Дојче Телеком има голем придонес во севкупните резултати на „Sea Hero Quest“. За кратко време играта стана голем хит во Македонија, а во првите неколку дена од лансирањето таа е број 1 игра по преземања од Google Play и број 2 на App Store.
Благодарение на „Sea Hero Quest“ се направи голем чекор напред во истражувањето на деменцијата. Основниот концепт на проектот е да се искористи само дел од 3-те милиони часови коишто луѓето ги поминуваат во играње игри секоја недела и да им се овозможи на луѓето да споделат дел од нивното време за да им помогнат на научниците да соберат важни информации во врска со ориентацијата, сето тоа преку играње игра.
Затоа, со цел да се подигне свесноста за деменцијата и алцхајмеровата болест на повисоко ниво, Македонски Телеком уште една апелира и ги повикува граѓаните помасовно да се вклучат и да играат „Sea Hero Quest“, преку која за само 2 минути на истражувачите им се обезбедуваат анонимни податоци во врска со просторната ориентација на секој играч.
Универзитетот во Лондон ќе ја води анализата на анонимните податоци генерирани преку играта во текот на следните месеци. За да се воспостават вистински стандарди за човековата ориентација во просторот, важно е во играта да учествуваат што поголем број играчи од различни земји, возрасти и пол коишто ќе одговорат на клучните прашања на науката.
За многу луѓе кои живеат со деменција, еден од првите симптоми коишто ги доживуваат е губење на просторна ориентација, бидејќи ја губат способноста да се ориентираат дури и во добро познати места и средини. Креирањето на глобален стандард за тоа како се ориентираме е широко прифатено како еден од клучните чекори кон развивање на нови дијагностички тестови за болестите коишто предизвикуваат деменција.
Дојче Телеком ја разви каузата „Играј за добра цел“ во тесна соработка со Alzheimer’s Research, Универзитетот во Лондон, Универзитетот на Источна Англија и развивачите на игри од компанијата Glitchers.
„Sea Hero Quest“ е достапна на глобално ниво за iOS и Android уредите и може бесплатно да се преземе од App Store и Google Play или пак на следниот линк. Повеќе информации во врска со истражувачкиот проект и за оваа уникатна добротворна игра може да се најде на www.seaheroquest.com./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
Резолуција што носи сигурност
Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.
Јасна рамка за стабилен почеток
Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.
Фиксна камата и јасен принос
Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.
Мал чекор денес, стабилност утре
Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.
Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.
(ПР)
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

