Компании
Сеавус инкубаторот почна да поддржува онлајн електронски медиуми
Со Програмата за поддршка на електронски медиуми во рамки на Сеавус инкубаторот, од вторникот официјално започна поддршката за два онлајн портала, со можност да се приклучат и други.
„Сеавус и Сеавус инкубаторот беа поттикнати од идејата да се промовира независно истражување, достапност на информациите секаде подеднакво, поттикнување на јавна дебата и возможност на целото граѓанство да учествува во неа. Од денеска ја започнуваме Програмата за поддршка на електронски медиуми во рамки на Сеавус инкубаторот. Слободата на изразување е значаен предуслов за демократијата на секое општество. Таа е неопходна за реализација на човековите права, а впрочем и за себереализирање на секој од нас. Ние веруваме дека достапноста на информациите е императив во секое демократско општество и дека треба да се поддржи размена на мислења и затоа ја започнуваме оваа програма“, рече директорката на Сеавус инкубаторот, Бисерка Конеска. Програмата вклучува едногодишна, бесплатна помош за електронските медиуми, и тоа во вид на техничка помош од аспект на хостирање на порталите на серверите коишто Сеавус ги обезбедува. „Многу позначајно е менторството од локални и меѓународни експерти од областа на истражувачкото новинарство за што имаме соработка со повеќе меѓународни организации. Секако и помош во опрема. Без разлика каков тип помош ќе понудиме на медиумите, она што е сигруно е дека ние нема да се мешаме во уредувачката политика на самите портали“, вели Конеска. Дел од инкубаторот ќе бидат портали од најразлични сфери, како култура, забава, спорт, хумор, сатира. па сé до оние портали коишто објавуваат економски и политички вести.Издвоени се 1.000 квадратни метри простор од кои половина е отворениот модерен простор и уште половина во канцелариски простор. Сеавус инкубаторот ќе помага бизниси од три различни индустрии: од информатичката, од креативната и од електронските медиуми.„Сеавус е еден од најголемите и најуспешните шведски амбасадори во Македонија, којашто ја основа шведско-македонскиот претприемач Игор Лештар и во текот на овие години додека Сеавус работи во Македонија, Сеавус секогаш бил на чело на технологијата, претприемништвото и креативните, инвентивни бизнис решенија, како и на чело на општествената и корпоративна одговорност“, рече шведскиот амбасадор во Македонија, Матс Стефансон. Тој е многу задоволен од идејата и подготвеноста на Сеавус да поддржи помали бизниси и да го потпомогне нивниот раст.„Ова е нова појава во Македонија и многу ми е драго што Сеавус тука денеска претставува вистински пионер во оваа област и го трасира патот за натамошен развој на вакви општествено одговорни компании. Тоа директно нé поврзува со денешниот инкубатор, што го почнуваме, ова е извонреден проект, кој нема само да му донесе профит на Сеавус, туку, сигурен сум, ќе влијае вистински и на обликувањето на општеството. Проектот ќе им помогне на помалите компании во ИТ индустријата во креативната индустрија и во областа на онлајн медиуми да почнат со својата работа“, додаде Стефансон. „Мислам дека како портал кој веќе трета година постои, кој изоде и преживеа некои ‘детски болести’, можам слободно да си земам за право да кажам дека ваквата помош којашто ја нуди Сеавус инкубаторот за сите онлајн медиуми кои ќе бидат дел од него, значи еден одгромен ветер в грб, и тоа во најтешките моменти кога медиумот сé уште не е застанат на свои нозе. Ние речиси три години постоиме, а сé уште не можеме да застанеме на свои нозе“, рече Сашо Кокаланов, од порталот Коза Ностра. Во вторник официјално започнува програмата за поддршка на електронски медиуми, а два портала веќе се инкубираа и престојуваат во Сеавус инкубаторот, а тоа се Коза Ностра и Среќа.мк. Конеска ги повика сите оние кои имаат потреба, коишто работат од дома, коишто имаат потреба од поддршка, обука и ткн., да им се обратат и да се вклучат во Програмата за поддршка на електронски медиуми преку Сеавус инкубаторот.На прес-конференцијата на која присуствуваа претставници од меѓународната заедница, невладиниот сектор, медиуми и претставници од бизнис сферата се одбележа официјалниот почеток на програмите Dot up Technology, Dot up Creative и Dot up Media. Најголем акцент се стави на програмата Dot up Media наменета за поддршка, развој и поттик на независното и истражувачко новинарство, каде беше соопштен пакетот на економски и логистички бенефиции и програмата за поддршка на дигитални медиуми во инкубаторот./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

