Компании
SEDC го отвори првиот бизнис симулатор во Македонија
Иновативен модел на искуствено учење во кое студентите ќе може активно да ја искусат бизнис околината преку работење на реални проекти за реални компании, воведе Seavus Едукативниот и Развоен Центар (SEDC).
Првиот бизнис симулатор во Македонија кој има за цел да ја зголеми вработливоста кај студенти беше промовиран во четвртокот во просториите на SEDC.
Станува збор за уникатен модел за напредна практична обука на студенти, дизајниран според специјална тренинг програма каде тие добиваат реални работни улоги во рамки на симулирани бизниспроцеси надгледувани од менторска компанија.
Директорот на Seavus Едукативниот и Развоен Центар, Весна Иваноска рече дека во работата на бизнис стимулаторот се вклучени партнерски компании кои ќе ангажираат студенти да работат на талентирани реални проекти
„SEDC ќе го следи индивидуалниот развој за секој студент и ќе им има подготвени комплетни портфолија за студентите кои ќе им ги дава на партнерски компании кои сакаат за брзо време да регрутираат кадри“, рече Ивановска.
Таа информираше дека првиот тим, кој ќе стартува со искуственото учење, е составен од 12 најдобри студенти од академијата на СЕДЦ кои биле интервјуирани и од партнерските компании, за кои ќе работат на два реални проекти.
Ивановска рече дека просторијата во која е сместен бизнис симулаторот е конципирана да биде топло катче во кое студентите ќе се чувствуваат како дома заедно со своите тренери.
„Одиме сериозен чекор понатаму во градењето на толку потребните ИТ професионалци кои во Бизнис симулаторот, покрај теоретските и техничките компетенции, ќе искусат и усвојат вештини за работа во реални бизнис процеси, после кои ќе бидат целосно спремни да одговорат на потребите на компаниите“ изјави Иваноска.
Проектот е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Swisscontact (Швајцарска фондација за техничка соработка) во партнерство со ПРЕДА Плус.
Катерина Штокер, заменик директор на делегација и кооперација нa швајцарската амбасада во Скопје, истакна дека СЕДЦ Бизнис Симулаторот е прв од овој вид во Македонија и регионот кој комбинира обука и бизнис пракса како иновативно решение за клучните предизвици на ИТ секторот – а тоа се потребите за професионалци со специфични вештини кои треба да ги пресретнат бизнис потребите на ИТ компаниите.
„Швајцарија е горда што ја поддржува оваа иницијатива и преку тоа им овозможува на младите луѓе да добијат брз пристап до релевантни вештини и клучни работодавци од динамичниот ИТ сектор во Македонија”, рече Штокер.
Борче Јанкулоски, директор на Пред Плус рече дека софтерската и ИТ индустија во Македонија е модем и вакви бизнис симулатори се еден од начините да се спречи одливот на мозоци од Македонија.
“Подобрената соработка меѓу образовните институции и бизнисите од индустријата за софтвер и ИТ услуги е клучна за развој на вештини и квалификуван кадар според потребите на пазарот на работна сила кој придонесува за поголема вработливост на младите и жените“, рече Јанкуловски.
Бизнис симулаторот е завршна фаза во рамки на едногодишните Академии на SEDC. Во овие програми учесниците, организирани во функционални тимови, влегуваат во системот на бизнис симулација на конкретен проектен циклус под менторство на една од вклучените компании.
Комплексноста на проектите, степенот на независност и динамичниот мониторинг на прогресот ќе бидат одредени од ментор компанијата, а ќе бидат обезбедени и постојаниот надзор, административната и логистичка поддршка. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

