Компании
Шефовите на Air France бегаа од протести без кошули
Неверојатни сцени можеа да се видат во седиштето на авиокомпанијата „Air France“ во понеделникот кога шефовите на компанијата без или со искинати кошули бегаа од состанокот преку ограда, откако вработените дојдоа да штрајкуваат, по одлуката да се отпуштат 2.900 работници
Четири синдикати свикаа протести откако на состанокот беше откриен планот за кратење на работни места, по што тој беше прекинат од неколку стотини вработени, во седиштето на компанијата во предградие на Париз.Менаџерот за човечки ресурси, речиси бил линчуван, а морал да се качи на ограда за да избега, вели еден делегат на синдикатот. Виден е како добива помош да ја прескокне оградата облечен во костум, но со искината кошула.Извршниот директор, исто така, бега од состанокот, како и директорот на аеродромот „Орли“, кој речеиси без кошула придружуван го напушта местото, прескокнувајќи ја оградата.Менаџментот го осуди насилството во изјава, и се закани дека ќе поднесат пријава во полицијата, иако признаваат дека само неколкумина од групата биле насилни личности. Францускиот секретар за државен транспорт, Ален Видал, го осуди насилството, и повика насилниците да бидат казнети. Штрајкувачите сметаат дека постигнале симболична победа кога шефовите на компанијата решиле да го прекинат состанокот.И лидерите на синдикатите го осудија насилството и велат дека можат можат да се борат против раководството без да бидат насилни.„Air France“ претходно инсистираше во понеделник сите летови да се одвиваат нормално, но подоцна изјавија дека имало неколку доцнења.Компанијата се соочува со тежок период и е истисната од конкуренцијата, па се обидува деновиве да ги убеди пилотите кои на годишно ниво земаат 250.000 евра плата, за истата плата да работат дополнителни 100 часа.Преговорите не успеаја минатата година, со што менаџментот беше присилен да оди на алтернативна верзија со скусување на работни места.Француската влада, која поседува 17,6 отсто од компанијата, ги критикуваше пилотите, а премиерот Мануел Валс, рече дека со таков цврст став нема да се стигне никаде./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

