Компании
Силниот долар ги поткрепи резултатите на Deutsche Telekom во првиот квартал
Силниот долар и еднократната ставка ја поддржаа во првиот квартал од 2015 година добивката на германскиот телекомуникациски гигант Deutsche Telekom (DT), покажа деловниот извештај на компанијата објавен во средата.
Силниот американски долар ги поткрепи резултатите на германската компанија во првото годинешно тримесечје , па прилагодената добивка пред каматите, даноците, депрецијацијата и амортизацијата (EBIDTA) порасна на годишно ниво за 11 отсто, на 4,5 милијарди евра. Доколку се изземе влијанието на силниот долар, пак, добивката на DТ е зголемена за 5,6 отсто.
Прилагодените резултати вклучуваат еднократен приход од 175 милиони евра, поврзано со договорот со „Unitymedia“,околу аквизицијата на „Kabel BW“. Доколку се одземе таа ставка, EBITDA е намалена за 26,2 отсто, на 4,2 милијарди евра.
Приходите на годишно ниво се зголемени за 13,1 отсто, на 16,8 милијарди евра. Доколку се изземе поволното влијание на валутните курсеви и промените во структурата на групата, пак, пораснале за 4,7 отсто.
Нето добивката е намалена за 56,7 отсто, на 787 милиони евра, поради високата минатогодишна споредбена основица на којашто влијаеле 1,7 милијарди евра приходи од продажбата на 70 отсто од уделот во групацијата „Scout24“, се наведува натаму во извештајот.
Дополнително нето добивката ја намалила зголемување на износот на депрецијација и амортизација за 200 милиони евра во однос на истиот минатогодишен период, поврзано со инсталацијата на LTE мрежите во рамките на модернизацијата на мрежата на „T-Mobile“ во САД. Меѓу позитивните влијание врз нето добивката во првиот годинешен квартал во DT го издвојуваат намалената загуба на финансиските активности и помалите трошоци во доменот на даночните обврски. Прилагодената нето добивка, вклучително и позитивното влијание од договорното решавање на правен спор, е зголемена за 75, 6 отсто, на милијарда евра.
Компанијата в првиот квартал ја зголемила капиталната потрошувачка за 2,2 милијарди евра во однос на истиот лански период, до што најголемиот дел отпаѓа на купувањето концесии за мобилните фреквенции во САД.
„Мина извесно време откако бевме сведоци на позитивните сигнали за приходи и добивката во нашата индустрија“, истакнува извршниот директор Тиметеус Хоетингс, констатирајќи дека „стратегијата на зајакнати вложувања почнуваат да носат резултати“.
Компанијата ги потврди насоките на годишните резултати, според коишто прилагодената годишна добивка пред EBITDA, би требало да изнесува околу 18,3 милијарди евра со претпоставка на непроменетиот курс на еврото во однос на доларот од 1,33 долари за евро. Во DT истакнуваат дека во таа процена не е вклучен еднократниот приход од 175 милиони евра. Според просечниот курс на доларот во првиот годинешен квартал од 1,13 долари за евра очекуваната прилагодена година EBITDA би требало да изнесува 19,3 милијарди евра, проценуваат во Deutsche Telekom./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

