Компании
Скандалот околу храната во Кина погоди низа светски брендови
Најновиот скандал во Кина поврзан со здравсвтената исправност на храната се прошири и на други големи пазари, а го зафати и водечките синџири на ресторани за брза храна, вклучувајќи ги и McDonald’s, KFC, Burgeg King и познатиот синџир на кафулиња Starbucks.
Компаниите McDonald’s и Yum Brands, матичната компанија на KFC вчера им се извинија на клинетите со оглед дека кинеските регулатори го затворија локалниот снабдувач со месо Shanghai Husi Food Co Ltd, по телевизиски извештај во кој се видело како вработените го креваат месото од подот на фабриката, како и дека свежо месо го мешаат со она со изминат рок.
Компаниите веднаш престанаа да ги користат услугите на добавувачот, инаку огранок на компанијата Aurora од состав на американската групација OSI.
Извештајот на кинексата телевизија Dragon повторно ги доведе компании Yum и McDonald’s во центарот на вниманието на нов скандал, по сличен во 2012 година, кој избувна поради прекумерна количина на антибиотици кои беа вбризгувани во пилиња.
„Нема да дозволиме нашите добавувачи да работат спротивно на кинеските закони и прописи“, соопштија од компанијата Yum China, која им наложи на своите ресторани KFC и Pizza Hut да престанат со употреба на сите пратки на месни сировини од фабриката Husi.
„Доколку се потврдат, наведените пракси од медиумските извештаи во целост се неприфатливи за McDonald’s во сите делови на светот, рече портпаролката на McDonald’s во Кина, која е трет пазар на компанијата по бројот на ресторани.
Компанијата Husi го снабдувала McDonald’s со пилешко и говедско и со зелена залата.
Од Starbucks известија дека во нивните ресторани се продавале производи кои содржеле пилешко месо од фабриката Shanghai Husi.
Кон се поголемата листа на компании вовлечени во скандалот се приклучија и Burger King и третиот по големина кинески синџир на ресторани Dicos, кои објавија дека ќе ги отстранат сите производи од компанијата Sanghai Husi.
И синџирот на пицерии Papa John’s International објави дека ги отстранил сите производи од месо кои му ги испорача наведената фабрика и дека ја прекина деловната соработка.
Веста за скандалот во Кина ја спушти цената на акцијата на Yum за 4,2 отсто, а на McDonald’s за 1,5 отсто. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

