Компании
ŠKODA со нов SUV концепт Vision S
Со ŠKODA Vision S, чешкиот автомобилски производител прикажува како ќе изгледа дизајнот на идните спортско-корисни возила на Škoda.
ŠKODA Vision S го пренесува новиот дизајнерски јазик и во SUV сегментот. Дизајнот јасно е под влијание на чешкиот кубизам и традицијата на Бохемија во создавањето кристални уметнички дела. Линиите се прецизни, остари и недвосмислени. Особено се истакнува играта на светлината и сенките кои на површината на автомобилот создаваат возбудлив ефект, со акцент на „Island“ зелената боја.Со 2,79 метра меѓуоскино растојание, должина од 4,70 метри, широчина од 1,91 метри и висина од 1,68 метри, ŠKODA Vision S доминира на патот. Направено врз основа на MQB платформата од групацијата Volkswagen, ова е првото возило на ŠKODA кое има шест седишта во три реда.Уште една важна карактеристика на концептот е неговиот plug-in хибриден погон, со 165 kW (225 КС), автомобилот забрзува од 0 до 100 km / h за 7,4 секунди, а максималната брзина e речиси 200 km / h. Vision S е неверојатно штедлив со горивото и троши 1,9 литри бензин на 100 километри, емисијата на CO2 изнесува 45 грама на километар. ŠKODA Vision S може да помине 50 километри само на електричен погон, а вкупниот опсег изнесува 1.000 км со комбинација на двата погонски системи.Моторот со внатрешно согорување е 1.4 TSI со 115 kW (156 КС) и 250 Nm вртежен момент. Електричниот мотор обезбедува континуирана моќ од 40 kW и 220 Nm максимален вртежен момент. Тој е интегриран со автоматскиот шест брзински DSG менувач и ја пренесува моќта на предните тркала. Вториот електричен мотор со 85 kW и вртежен момент од 270 Nm моќта ја пренесува на задната оска. Пренесувањето на моќта функционира независно од возење на предната оска, што значи дека концепт автомобилот има паметен погон на сите четири тркала и не бара механичко спојување. Трите мотори соработуваат на многу флексибилен начин. Возачот на ŠKODA Vision S може да избере еден од неколкуте режими на работа. Литиум јонската батерија има капацитет од 12.4kWh и е поставена во предниот дел на задната оска. /крај/со/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

