Компании
Скопје Сити Мол домаќин на Macedonia X-Treme 2015 – Balkan Bike Festival!
Македонија досега се јавила како организатор на многубројни натпревари и настани за велосипедизам, но Balkan Bike Festival е единствен на Балканот од ваков вид. Скопје Сити Мол оваа година ќе биде домаќин на вториот Балкан Бајк Фестивал, Macedonia X-Treme 2015, од 18-ти до 20-ти септември, FMB Silver настан кој сам по себе ќе биде интересен за најмалите и за големите, за љубителите на велосипедизмот, но и за оние зависните од адреналински случувања.
Игралишта и скокалници околу целиот мол, светски натпреварувачи, адреналинско шоу, супер награден фонд, спортска поставка која ги обиколи Велика Британија, Канада, Франција, Шпанија, Австрија, Швајцарија, Автралија, Полска и многу други, од 18-ти септември и во Македонија во Сити Мол. Настан интересен за најмалите, но и за големите, за љубителите на велосипедизмот, а и за оние кои допрва ќе се вљубат во овие екстремни адреналински предизвици – Балкан Бајк Фестивал 2 во Скопје Сити Мол!
Натпреварувањата ќе бидат отворени за сите натпреварувачи од сите земји. UCI C2XCO Race, FMB World Tour Silver Event, Macedonia Open BMX Championship 2015, XCM Marathon race се предизвиците во кои сите љубители на велосипеди и велоспедизам, натпреварување и адреналин ќе си ги одмерат силите на вториот по ред Балкан Бајк Фестивал.
Вредните награди за сите победници во сите категории се она што е дополнителен предизвик за сите професионалци и аматери кои се пријавија или планираат допрва да го сторат истото.
Фестивалот ќе има богата програма во склоп на која, првата точка со која ќе се отвори настанот во петок попладне (18-ти септември) ќе вклучува акробации од страна на Savage Skills, тимот за акробации од Велика Британија во слободен стил за планински велосипедизам. Настанот ќе биде пренесуван во живо на националните телевизии, а истиот ќе се емитува во живо и на интернет. По акробациите, ќе следи и BMX натпреварот.
За време на вториот ден ќе се одржи рекреативниот маратон кој ќе започне рано изутрина на градскиот плоштад и ќе продолжи на падините на Водно. Попладнето е резервирано за BMX финалето, а вечерта ќе започне финалето на FMB World Tour Silver Event-от. Квалификациите ќе бидат организирани изутрина. Сите натпреварувачи ќе се вклучат во бројни активности, како јавни дебати, избор на најубави и најдобро опремени велосипеди, наградувања итн.
Третиот ден во 11 часот наутро на врвот на Водно ќе започне UCI XCO C2 трката. Голем број на професионалци од регионот ќе се натпреваруваат за UCI ранг поените и квота квалификациите за Олимпијадата. Крајот на фестивалот ќе биде пропратен со разновидни активности во Скопје Сити Мол од забавен и интерактивен карактер.
Сите посетители на Скопје Сити Мол ќе имаат можност да дознаат и нешто повеќе за за велосипедизмот и за алтернативниот туризам во Македонија и Балканот преку разновидни јавни дискусии од отворен и интерактивен карактер преку претставници на легислативни тела во Македонија и од страна на неколку невладини организации. Дополнителна интересна информација особено за најмладите е Велосипедската школа на Скопје Сити Мол која за време на целиот настан ќе дава бесплатни совети за дечињата, како и препораки за избор на соодветен велосипед според степенот на познавање на спортот и предиспозициите на учесниците во истата.
За време на овој настан ќе бидат претставени и повеќе од 200 брендови за велосипеди кои можат да се најдат на македонскиот пазар. Се очекуваат повеќе од 100,000 посетители, а над 200 волонтери ќе помогнат овој фестивал преку добра организација да се претвори во уникатен настан во Македонија и регионот./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“
Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.
Официјален опис на процесот
На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.
Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.
Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:
„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“
Искуство од прва рака
Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.
„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.
„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.
Исцрпувачко и монотоно
Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.
„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.
„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.
Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.
„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.
Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)

