Контакт

Компании

Скопско со 90 килограмска плескавица ја прослави 90 годишнината од својот развој

Објавено пред

Пивото со најдолга традиција во земјата – скопско, на Пивофест 2014 со рекорд ја прослави 90 годишнината од својот развој, со подготвување на плескавица од 90 килограми, што според достапните податоци претставува рекордно достигнување во земјава и пошироко.

 

 

„Ние во Пивара Скопје сме навикнати на рекорди. Тие се составен дел од нашата традиција од една страна, но и наша цел за во иднина. Но, успехот не значи ништо ако не го споделиме со љубителите на нашите брендови. Во случајов тоа е СКОПСКО, како бренд со најдолга традиција, кој за овие 90 години прерасна во синоним за пиво во Македонија. И на ваков начин, со подготовка на рекордно голема плескавица, сите ние му оддаваме почит која ја заслужува, затоа што едно е скопско“, изјави Александар Ружевиќ, Генерален директор на Пивара Скопје.

 

За подготвување на чудото од плескавица беше задолжен тим од 10-ина скара-мајстори, а целата процедура на подготовка на ова гастрономско изненадување траеше повеќе часови.

 

„Предизвикот да се подготви оваа атракција беше голем колку и самата плескавица. Неопходни беа темелни подготовки, соодветен план и координација. Горди сме што поставивме рекорд за што најголема заслуга има СКОПСКО и Пивара Скопје“, изјави Диме Ѓорѓиоски, менаџер на хотел „Салида“, кој во оваа специјална пригода ја откри и тајната состојка за подготовка на џиновската плескавица.

 

„Нема добра скара без добро пиво. Во тоа се крие тајната на секој мајстор на скарата. Покрај најдобро месо и соодветните зачини, при подготовка на најголемата плескавица додадовме и скопско. Тоа ѝ дава специјален вкус и неодолива свежина која отвора апетит и предизвикува уживање. На крај, за совршена консумација уживајте со ладно скопско“, дециден е менаџерот на угостителскиот објект каде се подготвувуваше рекордно големата плескавица. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Домашната платежна картичка може да се користи и за онлајн купување на „Групер“

Објавено пред

Сите купувачи, љубители на онлајн шопинг и попусти ќе може да ја користат домашната платежна картичка од кампањата на владата „Купувам домашно“ и на Групер.мк, каде може да се најдат преку 300 услуги и производи од македонски компании.

Покрај зделки со попусти за убавина, ресторани, едукација, спортување и адреналински тури, купувачите може да купат и патувања за престој во некој од македонските хотели и вили од сите делови на земјата. Дополнително со домашната платежна картичка корисниците може да купуваат и производи од онлајн продавниците во склоп на Групер шопинг мол, произведени од македонски компании, како и да прават нарачки за достава на храна од скопските ресторани во склоп на услугата #ХранаДоДома.

Сите продукти кои се дел од кампањата се сместени и означени во посебен дел на сајтот со стикер „Купувам домашно“ каде лесно може да се пребарува по различни катетегории, а истите може да се купуваат и преку мобилната апликација на „Групер“. Средствата од картичката купувачите може да ги искористат на ист начин како при онлајн плаќање со која било друга платежна картичка. Картичките може да се користат заклучно со 15 август.

Прикажи повеќе...

Економија

Димковски ги повика производителите на земјоделски производи и традиционални специјалитети, да ги заштитат своите производи

Објавено пред

Министерот за земјоделство и шумарство, Трајан Димковски, денеска од Дојран ги повика сите производители на земјоделски производи и традиционални специјалитети да ги заштитат своите производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

Тој нагласи дека југоисточниот дел на нашата држава изобилува со самоникнати диви смокви, посебно на подрачјето на општините Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Од дивите смокви, во овој крај традиционално се произведува познатото слатко од диви смокви. Сепак, слаткото од диви смокви се произведува само за домашна употреба. За да може овој вкусен традиционален производ да се пушти во слободна продажба на пазарите и да прерасне во бренд специфичен за овие простори, потребно е да се заштити со ознака за гарантиран традиционален специјалитет, објасни министерот.

Министерството неодамна го објави јавниот повик наменет за финансиска поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

„Ние имаме многу наши надалеку познати традиционални специјалитети кои досега не беа заштитени со ниту една од предвидените ознаки. Затоа ги повикувам сите оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ без разлика на нивниот правен облик или состав и кои се мотивирани да го заштитат својот производ, да аплицираат на јавниот повик за кој останува уште 31 ден, заклучно со 2 август“, изјави министерот Димковски.

Со цел да ги потикнеме нашите производители на земјоделски производи и традиционални специјалитети, да ги заштитат своите производи, во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, одвоивме средства во висина од 1.500.000 денари, додаде Димковски.

„МЗШВ оваа година ќе почне со заштита на неколку производи и секоја наредна година ќе продолжи да одвојува средства за заштита на уште многу други земјоделски производи и домашни традиционални специјалитети, онака како што тоа се прави во останатите европски држави.

На тој начин, со нашето пристапување во Европската Унија нашите заштитени производи ќе можеме да ги промовираме на европскиот пазар со заштитени ознаки“, порача министерот.

Прикажи повеќе...

Економија

„Шкода“ освои шест награди „Семеен автомобил на годината“ во изборот на читатели на „АУТО Штрасенверкер“

Објавено пред

„Шкода“ освои шест награди „Семеен автомобил на годината“ во изборот на читатели на „АУТО Штрасенверкер“.

• OCTAVIA COMBI освои награда за „Најдобар дизајн“
• OCTAVIA COMBI и SUPERB COMBI ја освоија наградата за „Најдобра технологија“
• SUPERB COMBI беше прогласен за „Најдобра вредност за парите“
• „Шкода“ има освоено вкупно 34 награди од првиот избор на читатели на списанието во 2011 година

Читателите на германското специјализирано списание „АУТО Штрасенверкер“ (AUTO Straßenverkehr) ги изгласаа моделите на „Шкода“ за „Семеен автомобил на годината“ во шест категории. Ова значеше дека чешкиот производител однесе дома повеќе награди од кој било друг бренд учесник. Вкупно 128 возила се натпреваруваа во три различни категории за „Најдобар дизајн“, „Најдобра технологија“ и „Најдобра вредност за парите“. За секоја од нив, читателите избраа еден автомобил и еден генерален победник. OCTAVIA COMBI се искачи на врвот во категоријата „Најдобар дизајн“, а исто така ја освои и наградата за „Најдобра технологија“. SUPERB COMBI беше крунисан како „Најдобра вредност за парите“ во целина. Исто така, беше изгласан за автомобил со „Најдобра технологија“ во својата категорија. „Шкода“ има освоено вкупно 34 награди од првиот избор на читатели на „АУТО Штрасенверкер“ во 2011 година.

Изборот на „Семеен автомобил на годината“ од читателите во 2020 година се одржа по деветти пат. Во него беа вклучени само седани, SUV и Combi-возила со капацитет на багажник од над 400 l и основна цена до 45.000 евра.

„Шкода“ има освоено неверојатни 34 награди за „Семеен автомобил на годината“ од 2011 година
Оваа година, вкупно 9.341 читател на германскиот специјализирано списание „АУТО Штрасенверкер“ го дадоа својот глас за своите омилени семејни возила. ŠKODA освои шест награди: три за OCTAVIA COMBI и три за SUPERB COMBI, повеќе од кој било производител, потврдувајќи ја извонредната позиција na „Шкода“ меѓу брендовите на семејни автомобили оваа година. Чешкиот производител, кој годинава ја прославува својата 125-годишнина, ја освојува посакувана титула вкупно 34 пати од првиот избор на читатели на списанието во 2011 година.

Поглед одблиску на резултатите на „Шкода“

Новата четврта генерација ŠKODA OCTAVIA COMBI беше номинирана за првпат и ги импресионира читателите во повеќе области. Бестселерот на брендот ја освои генералната и наградата за увозно возило за „Најдобар дизајн“ на возила под 25.000 евра и беше прогласен и за омилено увозно возило со „Најдобра технологија“ во оваа категорија.

Исто така, ŠKODA SUPERB COMBI освои неколку признанија „Семеен автомобил на годината“. Автомобилот со средна големина се натпреваруваше меѓу моделите со вредност од 25.000 до 35.000 евра. Беше крунисан во конкуренцијата на „Најдобра вредност за парите“, како увозен автомобил и во целина. Дополнително, се искачи на врвот во категоријата за „Најдобра технологија“ меѓу возилата во својот ценовен опсег.

Читателите истакнуваат: „Возилата на ‘Шкода’ се импресивни семејни автомобили“

Моделите на чешкиот производител освоија поени со нивниот извонреден простор за патници и багаж или намирниците од неделното пазарење. Нивниот концепт за флексибилен простор обезбедува дополнителни придобивки: седишта на преклоп и многу едноставни детали, вклучувајќи куки за торбички, држачи за пијалаци, прегради и мрежи во багажникот, кои обезбедуваат максимална функционалност. Покрај тоа, возилата на „Шкода“, претставуваат најсовремена безбедност, редовно постигнувајќи максимален рејтинг на тестовите на Euro NCAP.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски...

Македонија21 минута

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре можат да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата кои се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет2 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија2 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет4 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион5 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија5 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет6 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет6 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија17 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија17 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет18 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион20 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија22 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија24 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија24 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија1 ден

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион1 ден

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија1 ден

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Досие