Компании
Sony по три дена напади ја обнови онлајн услугата за Playstation 4
Корпорацијата Sony објави на своите интернет страници во неделата дека успеала по три дена повторно да ја воспостави услугата за онлајн играње за корисниците на конзолата Playstation 4, а покрената е истрага да се утврди дели тоа е поврзано со претходниот масивен напад врз мрежата на целата корпорација „Sony Pictures Entertainment“.
Повторното воспоставување на онлајн услугата за играње доаѓа по три дена силен кибернетички напад врз оваа операција на Sony. На самиот католички Божик беше оневозможена и услугата за Xbox Live на компанијата Microsoft.
И додека Microsoft во рок од еден ден успеа повторно да ја воспостави онлајн услугата за играње, мрежата на Playstation не функционираше воопшто до неделата. Од Sony претходно одбиваа да соопштат колку корисници на Playstation од вкупно 56 милиони во светот не може да имаат пристап до мрежата.
За овие напади одговорноста ја презема хакерската група којашто се нарекува Lizard Squad.
Онлајн мрежата за играње беше нападната истиот ден која Sony го започна онлајн прикажувањето на сатиричната комедија „Интервју кое убива“ за обид за убиство на севернокорејскиот претседател Ким Јонг-Ун, Засеа нема докази дека проблемите со мрежата Playstation на кој и да е начин е поврзана со претходниот кибернетички напад врз корпорацијата „Sony Pictures Entertainment“ поради снимањето на комедијата на Сет Роген. И додека американската федерална полиција FBI тврди дека зад споменатиот хакерски напад стои Северна Кореја, официјален Пјонгјанг осудувајќи го филмот како чин на агресија, го пофали нападот врз компанијата, но тврди дека не е вмешан во него и оти нуди своја соработка во истрагата. Во меѓувреме се појавија информации дека американската истрага побарала помош од јапонските колеги поради сознанијата дека нападот дошол преку сервери од Јапонија.
Портпаролот на Sony изјави дека корпорацијата истражува дали хакерскиот напад врз мрежата на Playstation е поврзан со кибернетичкиот напад врз „Sony Pictures Entertainment“, во кој беа украдени лични податоци за повеќе од 6.000 вработени, за челниците на корпорацијата, сценарија за филмови кои се снимаат, како и доверлива преписка со потсмешливи и навредливи забелешки за холивудските ѕвезди и за американски политичари.
Во меѓувреме и американски FBI покрена истрага. „Запознаени сме со извештајот и ја истражуваме работата околу Playstation на Sony“, неведува во електронската порака портпаролката на FBI, Џенифер Ширер, без да наведе детали.
Овозможувајќи го онлајн прикажувањето на „Интервју“, Microsoft и Sony го преземаа ризикот да предизвикаат хакерски напади. Имено, хакерите од групата која се нарекува „Чувари на мирот“ (Gurdience of peace) којашто ја презема одговорноста за претходниот напад врз „Sony Pictures Entertainment“, се заканија со напади врз компаниите коишто ќе го овозможат гледањето на филмот.
Воопшто, компанијата Sony и претходно беше цел на некои од најозлогласените кибернетички напади во историјата. Освен последниот врз „Sony Pictures Entertainment“, хакерите во 2011 година украдоа податоци за дури 77 милиони корисници на мрежата на Playstation.
„Уште не е јасно дали мрежата на Playstation само била надвор од функција или, исто така, и некои податоци за корисниците се украдени“, изјави за Reuters Хидеки Јасуда, аналитичар во токискиот институт ACE Research Institute./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.
Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.
Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.
„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
(ПР)

