Компании
Србија ја отфрли американската понуда за железарницата во Смедерево
Српската влада се откажа од купопродажниот договор за металуршкиот комбинат „Железара Смедерево“ за којашто беше заинтересирана американската челичарница „Esmark Inc“, изјави во вторникот на специјалната прес-конференција премиерот Александар Вучиќ кој рече и дека таквата одлука била „тешка“ и е донесена од „повеќе причини“.
„Не добивме гаранции дека ќе го задржат нашиот обртен капитал или дека нема да бидат потрошени сите суровини по што фабриката би била напуштена“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.
Моменталните резерви од суровини во железарницата се процените на 170 милиони американски долари. Српската влада, покрај стравувањето дека потоа комбинатот би бил напуштен како непрофитабилен со образложение за лошите состојби на пазарите, исто така, бараше во првите девет месеци да го контролира протокот на суровини, нарачките и продажбите на челикот, со што не биле согласни претставниците на американската компанија.
Според непотврдените информации кои претходно се појавија во белградските медиуми, од „Esmark Inc“ генерално одбиле да и’ гарантираат на владата на Србија работење на железарницата во долгорочна перспектива и имале намера да го намалат бројот на работниците.
Сепак, според Вучиќ, тоа нема да биде крајот на смедеревската железарница, пренесува Танјуг.
„Во понеделник одиме на јавен повик за потпишување на менаџерски договор, бидејќи никогаш не сме умееле да заработуваме пари, никој никогаш во Србија тоа не го знаел. Очекувам до крајот на март Железарницата да почне да работи со зголемен капацитет и до крајот на годината да почне да работи и втората печка“, рече Вучиќ.
Смедеревската фабрика, којашто датира од 1913 година а од 2003 година беше во сопственост на американската корпорација „U.S. Steel“, се покажа како непрофитабилна и беше на работ на затворање. Проектираниот капацитет на комбинатот изнесува 2,2 милиони тони челик годишно, и според процените на српското министерство за финансии неговиот удел заедно со компаниите поврзани со неговото производство во тамошниот бруто домашен производ (БДП) би можел да биде меѓу 1,2 и 1,5 отсто.
Српската влада бара стратешки партнер за докапитализација на железарницата во Смедерево кој би добил удел од 80,01 отсто во компанијата. Американската „Esmark Inc“ беше единствената која ги задоволуваше критериумите од тендерот кој беше објавен на 9-ти јануари. Поединостите од условите за продажбата не беа објавени, но во медиумите се претпоставуваше дека државата ќе ги преземе сите долгови на комбинатот. Истовремено беше објавено дека владата ќе ги заврши преговорите со новиот сопственик до крајот на јануари, но двете страни до овој период не успеале да се договорат.
Оценувајќи ја ситуацијата, премиерот Вучиќ на прес-конференцијата изјави дека Србија „не ја загубила ниту битката, ниту војната“ за оваа фабрика. „Сакаме да го зголемиме производството во железарницата од сегашните 320 тони на милион тони годишно, а во ноември ќе ја пуштиме во погон втората печка и ќе го зголемиме производството за 1,5 милиони тони“, рече.
„Железара Смедерево“ е позната во регионот како производител на челични производи за топол и ладен валан челик и лим. Со години оваа фабрика е еден од најголемите проблематични во Србија, нанесувајќи му на буџетот повеќе од 100 милиони долари загуба на годишно ниво, а нејзините долгови се проценуваат на повеќе стотици милиони долари.
За да го избегне затворањето на комбинатот, владата на Србија во 2012 година го откупи од американската „U.S. Steel“ за симболична сума од еден долар. Оттогаш, српските власти се во потрага по стратешки партнер за компанијата. Имаше неколку обиди таа да биде продадена на тендер, а еден од главните кандидати се сметаше дека е руски „Уралвагонзавод“, но зделката не се оствари. Можното затворање или стечај на комбинатот, во кој се вработени околу пет илјади работници, има големо знаење за социјалната стабилност на Србија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

