Компании
Стабилно и успешно работење и во 2016 година на Заваровалница Триглав
Надзорниот одбор на „Заваровалница Триглав“ го усвои во деловниот план на Групацијата Триглав за следната 2016 година, во којашто групацијата ќе продолжи да ја зајакнува и консолидира својата позиција во регионот, земајќи ги предвид спецификите и можностите на секој поединечен пазар.
Групацијата Триглав, водечката осигурителна и финансиска групација во Словенија и во јадранскиот регион , со речиси 5.400 вработени на седум пазари во југоисточна Европа, во 2016 година доследно ќе ги спроведува зацртаните стратешки цели. Фокусот останува на финансиската стабилност, изразена со високата бонитетна оценка, како и со безбедноста и профитабилноста на работењето, се наведува во соопштението објавено во петокот.
Макроекономските услови во државите во коишто делува групацијата се стабилизираат, но на пазарот на осигурувањето ова подобрување и понатаму ќе заостанува и ќе се одвива постепено. Земајќи го во предвид овој тренд, како и очекуваниот резултат на штети и пониската добивка од финансиските инвестиции, групацијата во 2016 година планира добивка пред оданочување во износ од 80 до 90 милиони евра, консолидирана бруто полисирана премија во висина од околку 900 милиони евра и комбиниран количник од околу 95 отсто. Осигурителните компании на Групација Триглав ќе работат во исклучително конкурентни опкружувања, каде важна улога ќе имаат спецификите на поединечните осигурителни пазари. Зачестеноста и обемот на големите поединечни штетни настани (поплави, град, бура) се очекува да бидат на слично ниво како и во претходните години. Групацијата и понатаму ќе продолжи да биде фокусирана на клиентите и да ја зајакнува ефикасноста на сопствената продажна мрежа. Во согласност со деловната стратегија, пензиските и здравствените осигурувања остануваат важни сегменти, како во Словенија, така и на пазарите во Југоисточна Европа, каде Групацијата Триглав е присутна.
На пазарот на капитал не се очекуваат поважни промени, особено на пазарите со обврзници. Ќе се задржи и делумно зајакне релативно конзервативната структура на инвестициите, со фокус на инвестиции со фиксна добивка и натамошни инвестиции на финансиските пазари коишто обезбедуваат, подобра ликвидност, диверсификација и очекувана профитабилност.
„Во 2016 година во Европската унија ќе започне да се применува новата директива на Солвентност 2. Оваа директива на осигурителните компании им овозможува воведување на надграден систем за управување со ризици, со цел обезбедување на сигурноста на осигурениците и финаниска стабилност на самите осигурителни компании. Во Триглав успешно ги завршивме сите развојни активности поврзани со овој проект. Нашиот профил на ризик е сега урамнотежен и обезбедува долгорочна финансиска стабилност и профитабилност на компанијата. Во поглед на инвестициите и обврските, направивме одредени прилагодувања во начинот на модифицираното пресметување на капиталните барања. Проактивно пристапивме кон промената во начинот на донесување на одлуки на сите нивоа во групацијата. Новата директива неизбежно влијае на корпоративната култура, давајќи поголема тежина и фокус на управувањето со ризиците, за разлика од досега, кога усогласеноста со правилата беше во главниот фокус. Оценуваме дека адекватноста на капиталот на Заваровалница Триглав, мерена според методологијата на Солвентност 2, ќе остане соодветно висока“, рече Андреј Слапар, претседател на управата на Заваровалница Триглав./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)

