Контакт

Компании

Starbucks ќе вработи 10.000 бегалци и покрај мерките на Трамп

Објавено пред

Во следните пет години американскиот синџир на кафулиња Starbucks ќе вработи 10.000 бегалци, како одговор на противмигранската наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

“Денес јас ви се обраќам со голем немир, големо срце и цврсто ветување”, напиша на веб-страницата на компанијата Starbuck извршниот директор Хауард.

“Живееме во време во кое ветувањето за американскиот сон е доведено во прашање”, изјави тој.

Шулц, кој е близок до Демократската партија, вели дека Starbucks е во контакт со своите вработени кои се погодени од претседателскиот декрет за воведување на строги ограничувања во однос на пристапот до американската територија.

Starbucks сака да ангажира лица кои бегаат од војната, прогон и дискриминација во 75 земји каде што е присутен, во текот на следните пет години.

Шулц, еден е од ретките американски директори на големи компании кои се вклучени во политиката, исто така ја коментираше и одлуката на Трамп за изградба на ѕидот со Мексико.

“Ние градиме мостови а не ѕидови со Мексико”, рече тој, додавајќи дека Starbucks ќе продолжи да инвестира во Мексико, каде што има 600 кафулиња и 7.000 вработени. крај/мф/дѓс

Економија

Кроација осигурување носи сигурност поблиску до вас: две нови филијали во Скопје

Објавено пред

Компанијата Кроација осигурување со гордост најавува отворање на две нови филијали во главниот град. Новите локации се наоѓаат во двете најдинамични и растечки населби во Скопје – Карпош и Аеродром. Филијалата во Населба Карпош се наоѓа на Булеварот Партизански одреди бр. 109, додека филијалата во Населба Аеродром е лоцирана на Ул. Коста Новаковиќ бр. 17/1 лок. 6.

dobivaj vesti na viber

Отворањето на новите филијали е дел од стратегијата на компанијата за проширување на присуството и за обезбедување лесен пристап до услугите за осигурување за сите граѓани. Во новите канцеларии, клиентите ќе можат да добијат комплетни информации и консултации за широк спектар на производи за осигурување, вклучувајќи осигурување на дом, возилo, осигурување од незгода, одговорност, здравствено осигурување и патничко осигурување.

Со ова проширување на продажната мрежа, Кроација осигурување продолжува да обезбедува сигурност и безбедност за клиентите. Новиот тим во филијалите е подготвен да им понуди најдобри можности за осигурување на сите постоечки и идни клиенти, а се со цел соодветна осигурителна заштита.

Кроација осигурување продолжува да се развива и да ги задоволува потребите на своите клиенти, обезбедувајќи сигурност и доверба во секој момент. Што и да се случи, едно е сигурно – Кроација осигурување е тука за вас!

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа

Објавено пред

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.

dobivaj vesti na viber

Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.

Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.

„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.

Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Склопи сам, конфигурирај со „Нептун“!

Објавено пред

Конечно и кај нас, во нашата најсовремена продавница за компјутерски компоненти, отсега е достапен и онлајн конфигуратор, со кој лесно ќе може да го склопите вашиот идеален компјутерски систем.

dobivaj vesti na viber

Тимот на Нептун верува дека вашиот компјутер треба да биде единствен како и вие, затоа се одлучија на пионерски и храбар исчекор кон овој сегмент, знаејќи дека со конфигураторот нема да понудат само техничка слобода на своите купувачи, туку и ексклузивно патување до нивниот личен, уникатен компјутер.

Онлајн конфигураторот нуди загарантирана компатибилност меѓу компонентите, широк избор на премиум компоненти од врвни брендови, неограничена креативност и целосна поддршка чекор-по-чекор низ секоја компонента во вашата конфигурација. Од изборот на процесор, преку графичката картичка, па сè до последниот мемориски чип – со онлајн конфигураторот кој ексклузивно го нуди само Нептун, вие сте архитект на сопственото ремек-дело од компјутер.

  • Но зошто сами да конфигурирате компјутер?
  • Затоа што може да го направите во секое време и од кое било место
  • Затоа што може подобро да го оптимизирате вашиот буџет
  • Затоа што може да ги изберете компонентите што ги сакате и што совршено ќе одговараат на вашите потреби, а притоа да бидете сигурни дека истите се меѓусебно компатибилни
  • Затоа што ќе може полесно да го надградувате и одржувате компјутерот и во иднина
  • И конечно, затоа што сите компоненти и онлајн конфигураторот сега се достапни во Нептун.

Дополнителна предност на овој подвиг е тоа што ќе го прилагодите вашиот иден компјутер според вашите желби и потреби до најмалите детали. Без оглед на тоа дали сакате да склопите компјутер за игри, за стриминг или интензивно ќе го користите за создавање мултимедијална содржина, сега имате „хаб“ каде ќе ги најдете сите компоненти и конфигураторот кој ќе ви помогне да креирате врвен домашен, канцелариски или компјутер за игри. Сето ова, благодарение на Нептун ќе биде лесно како 1-2-3.

Изборот на компонентите што ја сочинуваат секоја компјутерска конфигурација е вистинска уметност и конечно Нептун ја носи таа уметност поблиску до вас, токму преку оваа револуционерна услуга.

Кога сами ќе составите компјутер, вие имате само своја, лична конфигурација што ќе одговара на вашите потреби, посебен, единствен компјутер што никој друг го нема освен вас. Со избирање на вистинските компоненти со помош на конфигураторот, ќе постигнете максимални перформанси со минимална инвестиција што ќе ги оживее вашите игри и апликации.

И за крај, потсетување за сите љубители на технологијата, искористете ја можноста за купување производи од целата ИТ категорија на дури 48 рати без камата, во сите продавници на Нептун.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

Овој Први мај, место марш, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот,...

Македонија2 часа

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од...

Македонија3 часа

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на Алијансата за Албанците,...

Македонија3 часа

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нема...

Македонија3 часа

Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации во државата. Како што извести...

Македонија4 часа

Скопјанец обвинет за демнење: ја следел својата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од...

Топ4 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија5 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми....

Македонија5 часа

Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи...

Македонија6 часа

„Љутков ги гази колективниот договорот и правата на културните работници“, велат од СДСМ

„Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски“, е директен напад врз...

Европа6 часа

Масовен руски напад врз украинскиот регион, девет загинати, 30 повредени

Руско беспилотно летало удрило во автобус со работници во украинскиот град Марханец рано утринава, при што загинале најмалку девет лица...

Македонија6 часа

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на...

Европа8 часа

Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини киевскиот режим дека користи жив штит, објави „Медуза“

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќепати напаѓала цивилни цели во Украина тврдејќи дека цел на овие напади биле...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Значително ќе ги намалиме царините за Кина, но тие нема да одат на нула

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските...

Свет9 часа

Израелската војска: Од Јемен е лансирана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел. Поради лансирањето на ракетата, прогласена...

Македонија21 час

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Судот ја одби гаранцијата од еден милион евра на бизнисменот Асмир Јахоски, осомничен за перење пари, во замена да биде пуштен...

Македонија1 ден

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија1 ден

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...