Контакт

Компании

Студијата за изводливост ја потврди економската стабилност на проектот „Иловица“

Објавено пред

Компанијата Euromax Resources  во вторникот ja објави Студијата за изводливост (СИ) за наоѓалиштето на злато и бакар во Иловица, Македонија, кој е во 100% сопственост на компанијата.

dobivaj vesti na viber

 

 

Студијата за изводливост (СИ) на проектот за изградба на рудникот за злато и бакар во Иловица покажува попрецизно одредување на трошоците, значајно намалување на капиталните и оперативните трошоци и последователно зголемување на внатрешната стапка на поврат.

 

Во поглед на финансирањето, Студијата за изводливост (СИ) покажа нето вредност од 513 милиони американски долари пред оданочување и нето сегашна вредност од 440,1 милиони американски долари по оданочување. Првичните капитални трошоци за проектот, според СИ се проценети на 474,3 милиони американски долари, вклучувајќи ги и непредвидените трошоци. Прилагодените оперативни готовински трошоци се дефинирани од Светскиот совет за злато на 200 долари/унца и вкупни трошоци од 372 долари/унца. Проценките се направени врз основа на предвудивањата за долгорочни цени од 1220 долари/унца за злато и 2.90 долари/фунта за бакар според консензусот на аналитичарите.

 

Истовремено, Владата на Република Македонија, согласно регулативите, донесе одлука за доделување Концесија за експлоатација на Euromax Resources  на локалитетот „Иловица“ општина Босилово и општина Ново Село. Концесијата е доделена на период од 30 години. 

 

Според СИ, вкупно измерените и означени ресурси од 256 милиони тони сулфиден материјал содржат 2,6 милиони унци злато со просечна содржина од 0,32 грами/тон злато и 1.208 милиони фунти (548 илјади тони) бакар со просечна содржина од 0,21% бакар. Покрај тоа, според СИ вкупно докажаните и веројатните резерви на минерали изнесуваат 198,1 милиони тони кои содржат 2,01 милиони унци злато со просечна содржина од 0,32 грами/тон злато и 898,9 милиони фунти (408 илјади тони) бакар со просечна содржина од 0,21% бакар.

 

Животниот век на рудникот според СИ ќе изнесува 20 години, а годишниот капацитет е 10 милиони тони. Просечното годишно наплатливо производство е проценето на 83.000 унци злато и 16.000 тони бакар. Според СИ, просечните искористувања при подготовка изнесуваат 83,3% за златото и 81,3% за бакарот. Процесот се состои од флотација до концентрат на бакар и злато и производство на получисто злато преку круг на лужење на прочистена јаловина и конвенционален површински коп со коефициент на раскривка од 1:1.

 

На изработката на СИ  работеше стручниот тим на Euromax Resources  заедно со  стручни компании:  Ејмек Фостер Уилер (Amec Foster Wheeler – AFW) – постројка за подготовка на минерални суровини и инфраструктура и целосна координација на извештајот, Тетра Тек (Tetra Tech) – геологија и ресурси, ДМТ (DMT) – Експлоатација, Голдер Асоушиејтс (Golder Associates) – животна средина, хидројаловиште, во соработка со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Шламберже Уотер Сервисис (Schlumberger Water Services – SWS) – хидрологија и хидрогеологија, води.

 

Коментирајќи ги резултатите од СИ, Пат Форвaрд, главен оперативен директор, изјави: „По една година  интензивна работа на терен и работење со нашите различни партнери во студијата, ние сме среќни што „Иловица“ сé уште се истакнува како стабилен проект. Имавме можност да ги постигнеме сите главни цели на студијата, вклучувајќи подобрувања во класификацијата на минералните ресурси и резерви, подобрување на текот на процесот, проценка на трошоците до +/- 10% и подобрено ниво на проектирање. Капиталните и оперативните трошоци се оптимизирани во новата студија, со што се обезбедува одлична основа за спроведување на проектот“.

 

Со завршувањето на СИ, компанијата ќе го продолжи развојот кон почеток изградба на проектот „Иловица“, што е предвидено за третиот квартал од 2016 година. Истовремено со развојот на елементите за кои е потребен подолг временски период, деталното проектирање ќе вклучува и анализа на вредности насочена кон понатамошна оптимизација на проектот, паралелно со назначувањето на изведувач за проектирање, набавки и изградба во текот на периодот до изградбата. Продолжува и работата на обновената Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти („СОВЖС“). Националната Студија за оцена на влијанијата врз животната средина, која е веќе одобрена, се проширува за да ги вклучи барањата за изведба на Европската банка за обнова и развој и усогласувањата со принципите Екватор. Паралелно, компанијата работи на главниот рударски проект кој претставува последно барање според Законот за минерални суровини на Република Македонија за да се добие дозвола за градба.

 

Со вработувањето на Алан Бејкер, неодамна назначен за заменик претседател, раководител на проект и изградба, Еуромакс го започна процесот на вработување на клучнит персонал потребен да ја надгледува изградбата на проектот „Иловица“.

 

На 3. ноември минатата година, Еуромакс договори и потпиша втор анекс на купопродажниот договор за злато со Ројал Голд. Потпишувањето на вториот анекс овозможи дополнително повлекување на 3,75 милиони американски долари од Ројал Голд според купопродажниот договор од ноември. Вториот анекс е поставен на SEDAR. Компанијата очекува од Ројал Голд да ги повлече останатите 3,75 милиони американски долари од втората транша според купопродажниот договор за злато со исполнувањето на условите од вториот анекс во текот на првиот квартал од 2016 година.

 

Еуромакс направи значителен напредок во однос на финансирањето на проектот објавено на 1. мај 2015 година. Сосиете Женерал С.А. (Société Générale S.A.) и Јуникредит Бенк АГ (UniCredit Bank AG), кои се ополномоштени водечки банки за подготвување на обезбедените финансиски средства за проектот во вредност од 215 милиони американски долари и нивните консултанти ја завршија посетата на локацијата во октомври 2015 година. Тие се во процес на завршување на нивната длабинска анализа што опфаќа технички извештаи, извештај за животната средина и социјалните аспекти, вклучувајќи ги резултатите од СИ.

 

Коментирајќи за резултатите од СИ, Стив Шарп, претседател и главен извршен директор, изјави: „Резултатите од Студијата за изводливост ја покажуваат економската оправданост на проектот „Иловица“. Иако многу нови и големи проекти низ светот привремено се прекинати како одговор на неодамнешниот пад на цените на металите, ние веруваме дека сега е идеално време за градење, со цел да се искористи веројатно очекуваниот недостаток на снабдување со метали. Веруваме дека не само што сме добро поставени да профитираме од секое подобрување на цените на металите, туку исто така, со намалените оперативни трошоци на ниво до 200 долари/унца, ние сме подеднакво добро подготвени да ја издржиме секоја долготрајна слабост на пазарот, задржувајќи го позитивниот паричен проток. Со животен век од 20 години, ова е значаен проект за Македонија кој може да го зајакне економскиот профил на земјата. Огромната поддршка која продолжуваме да ја добиваме од сите чинители ни овозможува цврсто да се движиме кон нашата поставена цел за започнување на изградбата кон крајот на оваа година.

 

На 8. декември 2015 година, Еуромакс потпиша писмо за намери за откуп на произведен концентрат на бакар и злато со „Аурубис“, што во принцип беше клучен услов на Планот за гаранција на заеми на германската влада (UFК) за добивање начелна подобност во мај 2015 година. Раководството ја смета подобноста за UFК како значаен чекор кон обезбедувањето финансирање за проектот, бидејќи тоа на Еуромакс му овозможува да користи привлечни услови за обезбедувањето финансиски средства за проектот. СИ ги вклучува условите договорени со Аурубис. Освен тоа, потпишан е договор и со Катерпилар Фајненшл (Caterpillar Financial) за финансирање на опрема во вредност од 25 милиони американски долари, се вели во соопштението на компанијата. /крај/мф/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid

Објавено пред

Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.

dobivaj vesti na viber

Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:

Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €

Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.

Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.

Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park

Објавено пред

Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.

dobivaj vesti na viber

Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.

Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.

Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:

Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен

Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела

Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.

Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!

Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ7 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија7 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија8 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија9 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија9 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион10 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија11 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија11 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет11 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет12 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа12 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет12 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет13 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа13 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион22 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија23 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...