Компании
Светски имиња на пред-акцелеторската програма на Seavus Инкубатор
Алан Шаф, основач и извршен директор на светски познатиот сајт за хостирање на слики www.imgur.com, со проценета вредност од повеќе од три милијарди долари, доаѓа на првата пред-акцелераторска програма на Seavus Инкубатор како ментор кој ќе работи со стартапите од Македонија.
Алан Шаф, основач и извршен директор на светски познатиот сајт за хостирање на слики www.imgur.com, со проценета вредност од повеќе од три милијарди долари, доаѓа на првата пред-акцелераторска програма на Seavus Инкубатор како ментор кој ќе работи со стартапите од Македонија.
Покрај извршниот директор на imgur.com, најавени се и други познати имиња во секторот креативни индустрии. Еди Демај, претприемач од САД, кој стои зад неколку успешни американски компании и албанскиот портал www.Gjirafa.com ќе одржи обука за презентирање на идеите пред инвеститори (pitching).
Корентин Кремет, кој ќе зборува за продажни техники, доаѓа со непроценливо искуство од Мајкрософт и Оранж, но исто така и со искуството како организатор на неколку Стартап Викенди во различни земји низ Европа. Себастиан Етел, своето искуство од азискиот пазар како претставник на Леони, глобален лидер во производство на кабли, ќе го сподели на самиот почеток од програмата.
Како домашни предавачи од најголемата ИТ компанија во земјава, Seavus, се Кристина Цветанов, главен финансиски директор која ќе одржи предавање за финансии за почетници и финансиски извештаи; Татјана Бошевска, директор за информациски технологии, со 20 годишно работно искуство во развој на компании и производи која ќе говори за поставување на стратегија и развој на бизнис модели; и Алесандра ди Силвестро за дизајнирање на корисничко искуство.
Како претставници од инвестицискиот свет, ментори на програмата ќе бидат Ивана Станковиќ од инвестицискиот фонд South Central Ventures и Дарко Бутина од Netcetera. Наменета за стартапи, тимови и претприемачи кои работат во областа на информациските технологии, пред-акцелераторската програма ќе се одвива во текот на осум недели и има за цел да обезбеди вештини и знаење кои ќе им помогнат на учесниците да направат прототип, да пласираат производ на пазарот или да го финансираат својот бизнис.
Пред-акцелераторската програма е целосно ко-финансирана од Seavus и ИМЕ програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус и е бесплатна за избраните учесници. Пријавувањето се уште трае, а сите заинтересирани лица можат да аплицираат на веб страната на Seavus Инкубатор: www.seavusincubator.com
Како партнери во програмата се вклучуваат и Girls in Tech, кои се залагаат за еднаква застапеност на девојки и жени во ИТ, STARTUPZONA, кои им помагаат на младите во развојот на бизнис, SEEUTechPark, SECO, AIESEC, мрежата на Бизнис Ангели на Македонија, како и многу други организации кои го поддржуваат развојот на претприемништвото во Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

