Компании
Т-Мобиле им подари Samsung Galaxy S6 на десет корисници
На само еден ден пред македонската промоција на новиот Samsung Galaxy S6, Т – Мобиле им приреди несекојдневно изненадување на своите корисници, па така во трговскиот центар Сити мол, во недела, десет корисници добија на подарок Samsung Galaxy S6, преку одговарање на едноставни прашања со СМС.
„Ова за мене беше специјален неделен ден,. Ден предходно од медиумите се информирав за настанот и знаев дека ќе дојдат во Скопје рано наутро од Куманово. земав учество и испратив СМС пораки со точни одговори. Па така, на мое огромно изненадување, станав еден од добитниците на телефонот Samsung Galaxy S6. Ова ми е првпат да добијам ваков ексклузивен подарок. Им благодарам на Т-Мобиле за изненадувањето. До сега само ги читав одличните критики за телефонот, а сега едвај чекам да го користам и лично се уверам во карактеристиките на одличниот Samsung Galaxy S6“, изјави возбудено Дарио Королио од Куманово, еден од добитниците на најновиот телeфон од серијата на Samsung.
Имаше изненадување и за сите корисници кои тој ден во Телеком продавницата во Сити мол купија Samsung Galaxy S6 или S6 Edge, и го добија за 1МКД одличниот Samsung S5mini за 1МКД.
Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge, кои што во редовна продажба ќе се најдат почнувајќи од 20 Април, се најтенките телефони на Samsung, изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Galaxy S6 и Galaxy S6 edge се опремени со функција за брзо полнење на батеријата, која што овозможува гледање на видео содржини во висока резолуција дури до 2 часа. Дополнително, со можност за безжично полнење на батеријата, телефоните се подготвени за безбедно извршување на сите секојдневни обврски.
Како спој на прекрасна естетика и иновативна функционалност, уникатниот двојно заоблен раб на Galaxy S6 нуди нов начин за проверка и одговор на повици, пораки и електронска пошта, кој совршено се вклопува со сите дневни планови.
Телефоните Samsung Galaxy S6 имаат предна 5-мегапикселна и задна 16-мегапикселна камера, секогаш подготвена за совршени фотографии пред сè како резултат на функцијата Optical Image Stabilisation, брзиот автофокус и поголемите леќи со f1.9 отвор, коишто покажуваат одлични резултати дури и при слаба осветленост. Камерата се вклучува исклучително брзо за само 7 секунди, при што овозможува да се фотографираат повеќе несекојдневни моменти./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

