Компании
ТАВ Македонија и Визер одбележаа два милиона патници превезени со нискобуџетните летови
ТАВ Македонија и Визер, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа, во среда одбележуваат два милиона патници превезени со нискобуџетните летови на овој авиопревозник во Македонија.
„Возбудени сме што го прославуваме овој значаен настан од два милиона патници на Визер до и од Македонија. Нашите операции во Македонија ги почнавме во 2011 година и оттогаш ја стекнавме довербата и лојалноста на нашите македонски патници, прераснувајќи во најчесто избраната авиокомпанија во земјата. Со основањето на нашата база во Скопје и континуираното ширење на нашата нискобуџетна мрежа, отворивме голем број локални работни места, во исто време поттикнувајќи го туризмот и воздухопловната индустрија. Сега имаме три воздухоплови базирани во Скопје, а секој од нив е опслужуван од македонски екипаж што го говори локалниот јазик и нуди одлична услуга при секој лет. И понатаму ќе нудиме ниски цени и најдобри услуги за на најдобар начин да излеземе во пресрет на потребите на македонската патувачка јавност“, изјави Ѓорѓ Абран, комерцијален директор на Визер. Потенцирајќи ја посветеноста кон Македонија како пазар, Визер неодамна најави три нови линии од Скопје, поврзувајќи го градот со три европски метрополи, Берлин, Братислава и Копенхаген. Со новите линии, авиокомпанијата има повеќе од еден милион седишта на располагање за 2016 година, што претставува пораст на капацитетот за 22% споредено со 2015 година. „Денес одбележуваме безмалку пет години и два милиона патници со реномираната нискотарифна авиокомпанија Визер, што за ТАВ Македонија претставува значајно достигнување за развојот на аеродромите. За многу кратко време се воведоа многу нови летови до европските метрополи. Летањето стана привилегија на сите граѓани поради пристапните цени на авиобилетите, со што се овозможи многу луѓе, меѓу кои млади лица, цели семејства, како и наши иселеници од дијаспората почесто да патуваат. Од друга страна и многу туристи и бизнисмени почнаа да ја откриваат Македонија. Ваквиот избор на дестинации и маркетиншките политики на Визер и на ТАВ холдингот, како и владините субвенции за нискобуџетните авиокомпании, придонесоа скопскиот и охридскиот аеродром да станат аеродроми со најбрз раст во регионот“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.Според бројот на превезени патници, Визер има 49,2% пазарен удел на двата македонски аеродрома во 2015 година. Нуди нискобуџетни линии до 24 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром, притоа поврзувајќи ги македонските граѓани со 11 држави. ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со пораст од 22% на вкупниот број на патници на двата македонски аеродрома – „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, достигнувајќи бројка од 1.560.381 патник. Истовремено, вкупниот број на воздухопловни операции беше 15.510, со пораст 11% на годишно ниво. Првиот лет на Визер од Скопје се случи во јуни 2011 година, а оттогаш авиокомпанијата постојано ја шири својата мрежа во Македонија. Во октомври 2012 година воспостави своја база во главниот град и сега има три воздухоплови и 84 вработени со седиште во Скопје. Во јуни лани, Визер почна со летови и од охридскиот аеродром. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

