Компании
ТЕХНОМА 2016 од 18 до 22 октомври на Скопски саем
Годинешното издание на меѓународниот саем ТЕХНОМА 2016, ќе се одржи од 18. до 22. октомври на Скопски саем.
Бројните настани и активности организирани во рамките на програмата на ТЕХНОМА секогаш се во насока на остварување на основната цел: иновациите да се наметнат како важна тема во деловната заедница и да се поттикне соработката меѓу претпријатијата со научните и високо-образованите институции, етаблираните македонски компании и стартап заедницата. Потврда за тоа е и новиот настан годинава ТЕХНОИНВЕНТ кој се одржува првпат во организација на Фондот за иновации и технолошки развој и Скопски саем, а е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и УНДП.Настанот го поддржуваат и 12 организации од Македонија кои делуваат во сферата на стартапи, иновации, претприемништво: Сеавус Инкубатор, Регионален центар за социјални иновации, Хаб Скопје, Фондација за претпиемачки сервис за млади, South Central Ventures фондот, Технолоџи Парк Тетово, Здружение на алумнисти на програмата СВТ, Македонија 2025, Асоцијација на стартап заедницата на Македонија Стартап Македонија, Funky Coworking Friday, Founder Institute Macedonia, СТАРТАП ЗОНА и Емкице Македонија. За време на ТЕХНОМА ќе се одржат и 17. Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 37. Меѓународна изложба на иновации, МАКИНОВА. Истовремено, ќе се одржи и 4. Меѓународен саем за транспорт и логистика што претставува специјализирана саемска манифестација на која ќе се претстават повеќе домашни и странски транспортни компании, пристаништа, транспортни асоцијации, логистички центри, терминали и царински складишта, а Партнер на манифестацијата е СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ. ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА 2016, која се реализира биенално нуди разновидна саемска програма на изложување и претставување на учесници од земјата и од странство (Германија, Австрија, Швајцарија и Албанија), но и други придружни настани, средби, трибини кои ќе се одржат во КОНГРЕСНИОТ ЦЕНТАР на Скопски саем. „Се очекува и оваа саемска манифестација во петте саемски денови да привлече голем број посетители, посебно што во истиот период ќе се одржи со меѓународниот саем ТЕХНОМА. Овој тип на организација редовно привлекува и компатибилна деловна посета од околу 25.000 посетители, вклучувајќи носители на деловни одлуки, експерти и инвеститори од земјата и регионот, чија заедничка сфера на интерес се техниката и технологијата со предизвиците на новото време со цел склучување зделки со потенцијални партнери од двата саемски настани“, велат од Скопски саем.Работното време на саемот е од 10.00-19.00 часот, цената на редовната влезница изнесува 90 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 40 денари.Меѓународниот саем ТЕХНОМА е важен промотор на развојот на индустриското стопанство во регионот, па поради тоа со самите новитети кои секоја година овој саем ги прикажува, граѓаните сè повеќе се интересираат и го посетуваат.Според најавите се очекуваат повеќе од 25 илјади посетители. Како куриозитет годинава на Скопски саем во истиот период ќе се одржи и Првиот интернационален гастрономски натпревар МАКЕДОНИЈА 2016 во организација на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК како национална организација на готвачи и членка на WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни).Настанот ќе се одржи во периодот од 17.-20.10. 2016. Натпреварувачкиот дел ќе се реализира во Хала 4 на Скопски саем на 18. и 19. октомври 2016 година од 8 до 20 часот во двата натпреварувачки дена.Поканети се меѓународни судии и натпреварувачи од 20-тина земји. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

