Компании
Телеком Австрија го купи кабелски оператор Blizoo Македонија
Телеком Австрија Групацијата во понеделникот објави дека потпиша договор за купување на 100% од компанијата Blizoo Македонија.
Blizoo Македонија е еден од најголемите кабелски оператори во Република Македонија кој нуди услуги за ТВ, широкопојасни услуги и фиксна телефонија.Купопродажбата, која е предмет на одобрување од релевантните институции (Комисија за заштита на конкуренција на РМ), претставува значаен чекор во исполнувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата, се наведува во соопштението. Оваа купопродажба ќе им овозможи на Вип оператор и на Blizoo во иднина да понудат пакетирани фиксни и мобилни услуги на уште еден пазар на кој работи Телеком Австрија Групацијата, односно дополнително на Австрија, Бугарија и Хрватска, што целосно и овозможува на Групацијата проширување на постојните пазари со конвергентни услуги.„Преземањето на Blizoo Македонија ни овозможува да понудиме целосно портфолио на комуникациски услуги во четврта земја во рамки на нашата Групација и претставува чекор нанапред кон исполнување на нашата успешна стратегија за конвергенција”, вели Ханес Амецраитер, Главен извршен директор на Телеком Австрија Групацијата и А1. “Купувањето на Blizoo Македонија отвoра широка лепеза на возбудливи можности за Вип оператор, со тоа што ќе ги сплоти силите и капацитетите на двете компании кон иден успех. Исклучително сме задоволни што по неколку години работење во мобилниот сегмент на пазарот, имаме можност да се вклучиме во фиксна и мобилна конвергенција, што секако ќе резултира со поголеми придобивки и за корисниците на Вип и за корисниците на Blizoo”, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор. Кирил Трендафилов, Главен извршен директор на Blizoo Македонија истакна: ”Ни претставува особено задоволство што стануваме дел од Телеком Австрија Групацијата и убедени сме дека со овој чин стануваме посилни и добиваме одлични можности за раст и развој. Со нетрпение очекуваме да ги споделиме искуствата и да ја искористиме синергијата со Телеком Австрија Групацијата, а особено со Вип оператор, со цел да создадеме вредност за нашите корисници и акционери”. Blizoo Македонија во моментот има 63,000 претплатници, од кои 47,000 се претплатници на широкопојасни услуги. Во 2013г. приходите изнесуваа околу 10 милиони евра, со ЕБИТДА (Заработка пред камати, даноци, депресијација и амортизација) од 4 милиони евра. Телеком Австрија Групацијата ќе ја финансира оваа трансакција од постојниот паричен тек. Договорено е да не се открива вредноста на аквизицијата. Телеком Австрија Групацијата е присутна на македонскиот пазар веќе 7 години преку Вип оператор, вториот по големина мобилен оператор на пазарот со 620,000 мобилни корисници и 28% пазарен удел. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

