Компании
Телеком Австрија забележа пад на приходите во Македонија
Телеком Австрија Групацијата ги објави финансиските резултати за 2014 година вклучувајќи ги и резултатите на своите компании во Македонија.
Интензивната конкуренција и ниските цени резултираа со намалување на профитот на Вип и намалување на корисничката база до 622,000 корисници. Пазарниот удел на Вип забележа благ пораст и изнесува 28% што е резултат на намалувањето на бројот на вкупниот број на активни корисници на мобилни комуникациски услуги во Република Македонија. Со аквизицијата на Близу, во Македонија бројот на фиксни пристапни линии изнесува 62,000 на крајот на 2014 година.
И покрај аквизицијата на Близу, приходите во Македонија, вклучувајќи го и придонесот на Близу, се намалени за 5% во споредба со минатата година и изнесуваат 62.0 милиони евра. Падот на приходите е главно заради намалувањето на цените и намалувањето на големопродажните цени за терминација на повик од страна на АЕК во ноември 2013г. и септември 2014г. Профитот е исто така намален за 15% во споредба со минатата година, како резултат на силниот притисок врз малопродажните цени и трошоците за субвенции во паметни телефони за корисниците.
„Неопходните намалувања на оперативните трошоци, со цел да се одржи долгорочната финансиска флексибилност за идни инвестиции, не можеа да го компензираат надолниот тренд на пазарот и доведоа до преполовување на оперативната добивка“, изјави Питер Цидек, Главен финансиски директор на Вип и член на Надзорниот одбор на Близу.
„Резултатите во 2014 година покажуваат дека трендот на намалена профитабилност целосно е отсликана и во намалување на капиталните инвестиции. Доколку ништо не се промени на пазарот, постои реална опасност операторите да бидат принудени да го редефинираат својот инвестициски план во надолна насока и со тоа како држава да почнеме да назадуваме во обезбедување на најсовремени технологии и услуги за македонските граѓани. Со цел да се обезбедат доволно ликвидни средства за понатамошни инвестиции, веруваме дека најавените структурни прегрупирања на пазарот на електронски комуникации, може да донесат долгорочни придобивки за корисниците и да ги поттикнат инвестициите во мрежи од следната генерација“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип и претседател на Надзорниот одбор на Близу.
Купувањето на Близу Македонија, затворено како трансакција на 30 јули 2014 година, претставува значаен чекор во спроведувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата, со што се овозможува Вип во иднина да понуди пакетирани фиксни и мобилни услуги. Исто така, Телеком Австрија Групацијата и Телеком Словеније Груп се договорија да ги спојат нивните подружници Вип оператор и Оне во октомври 2014 година. Телеком Австрија Групацијата ќе има 55% удел и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, а Телеком Словеније Груп ќе има удел од 45%. Договорот вклучува опција за излегување на Телеком Словеније Груп во рок од три години од датумот на затворање на трансакцијата. Трансакцијата е предмет на одобрување од страна на Комисијата за заштита на конкуренција на РМ, што се очекува во првиот квартал од 2015 година.
Во 2014 година Вип инвестираше во својата 4G LTE мрежа со најголема покриеност во Македонија, обезбедувајќи ја најновата мобилна технологија достапна за повеќе од 40% од населението.
Финансиските резултати на Телеком Австрија Групацијата (VSE: TKA, OTC US: TKAGY) за 2014 година заклучно со 31 декември 2014г., беа објавени во вторникот вечер. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

