Контакт

Компании

Телеком го усвои годишниот извештај и донесе одлука за исплата на дивиденда

Објавено пред

Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје на својата годишна седница, одржана на ден 12.04.2016 година ги усвои годишната сметка, ревидираните финансиски извештаи и годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2015 година.

dobivaj vesti na viber

Собранието, на седницата усвои Oдлука за распоредување на нето добивката, остварена по Финансиските извештаи на Друштвото за 2015 година, подготвени во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Република Македонија, во износ од 1.474.683.110,00 денари за исплата на бруто дивиденда. Собранието на седницата  ја усвои и Oдлуката за исплата на дивиденда за 2015 година во вкупен бруто износ од 1.474.683.110,00 денари, односно бруто износ од 17,09 денари по акција (заокружено на две децимали). Македонски Телеком од бруто износот на дивиденда, каде што е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплата. Право на дивиденда за 2015 година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на ден 06.05.2016 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 03.05.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 04.05.2016 година. Исплатата на дивидендата за 2015 година ќе се изврши до 30.09.2016 година.Македонски Телеком АД – Скопје ќе ги информира акционерите  за исплатата на дивидендата со објава на веб-страницата на Друштвото, како и со известување преку Македонската берза за хартии од вредност, по усвојувањето на Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2015 година и утврдување на дивиденден календар од страна на Собранието.На седницата, Собранието донесе Одлука за распределување на задолжителната општа резерва во износ од 279.145.260,00 денари, кој ја надминува законски задолжителната општа резерва на Друштвото заради присоединувањето на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком АД – Скопје, во акумулирана добивка на Друштвото.Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот на директори на Македонски Телеком за 2015 година, a го усвои и Годишниот извештај за работењето на Секторот за интерна ревизија на Друштвото за 2015 година. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Национална конференција на ОРМ: Продуктивноста на компаниите е загрижувачки ниска, време е за реформи

Објавено пред

Ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми. Овие фактори ја нарушуваат конкуренцијата и создаваат долгорочна непредвидливост која ги обесхрабрува инвестициите и иновациите, кои пак, заедно со добрите менаџерски практики и вештините, имаат суштинско значење за долгорочна конкурентност на домашните компании. Ова се дел од клучните наоди од истражувањето презентирано во рамки на националната конференција: „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, што се одржа по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). Јубилејот и конференцијата на ОРМ ги поздрави и заменик – министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето, кое за потребите на ОРМ го спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“, покажува загрижувачки тренд на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании, што укажува на тоа дека фирмите во земјава стануваат сѐ помалку ефикасни во користењето на основните фактори на производство – трудот и капиталот. Дополнително, компаниите со странски сопственици имаат дури четири пати повисока продуктивност од домашните, додека извозно ориентираните компании се значително попродуктивни од оние што работат исклучиво на домашниот пазар.

„Продуктивноста е темелот на секоја успешна компанија и движечка сила за одржлив економски развој на целата земја. За да ја зголемиме, потребно е да почнеме да делуваме веднаш, преку добро обмислени и решителни реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата, ќе значат елиминирање на системската корупција, ќе го подобрат пристапот на фирмите до финансии и ќе ги поттикнат инвестициите и иновациите во модернизација на домашната економија“, изјави претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска.

На конференцијата ОРМ презентираше и сет од конкретни препораки за раст на продуктивноста и деловната ефикасност, меѓу кои: обезбедување поголема финансиска поддршка за мали и нови компании преку поволни кредити, субвенции, даночни олеснувања за инвестиции во иновации и нови технологии; зајакнување на борбата против корупцијата преку зголемена транспарентност на институциите, независно и ефикасно судство; реформа на регулативата заради намалување на административниот товар и зголемување на предвидливоста на пазарните услови; ефикасна борба против нелојалната конкуренција и сивата економија преку дигитализација на услугите во јавниот сектор, засилен и координиран инспекциски надзор и ревизија на државната помош; и подобрување на инфраструктурата, особено дигиталната и енергетската, како клучен предуслов за технолошка модернизација.

„ОРМ, како единствена репрезентативна организација на работодавачите во рамки на социјалниот дијалог со владата и синдикатите, останува посветена на тоа да биде гласот на бизнисот. Ќе продолжиме да креираме решенија во соработка со институциите, синдикатите, експертите и граѓанското општество, со цел да го поттикнеме економскиот раст, да создадеме нови перспективи за младите и да обезбедиме социјална сигурност за сите“, најави Трајкоска.

Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која своите размислувања, ставови и предлози за тоа како продуктивноста да стане приоритет на економските политики во државата ги изнесоа претседателот на Собранието на ОРМ Ангел Димитров, професорката на Економскиот факултет при УКИМ д-р Даниела Бојаџиева, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Државниот завод за статистика доц. д-р Дејан Станков.

Истражувањето и националната конференција со која се одбележа 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија беа поддржани од Меѓународната организација на трудот, преку проектот Платформа за вработување и социјални прашања – ЕСАП 3, финансиран од Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Економија

„Алкалоид“ со јубилејна плакета од Црвениот крст

Објавено пред

По повод 80-годишниот јубилеј на Црвен крст, во Македонскиот народен театар се одржа свечена академија под покровителство на претседателката на државата, н.е. Гордана Сиљановска-Давкова.

dobivaj vesti na viber

Под мотото „Осум децении ние гледаме луѓе“ беше одбележан јубилејот на Црвен крст, хуманитарна организација која осум децении им дава помош и поддршка на најзагрозените категории граѓани, промовирајќи хуманост и човечка солидарност.

Формиран на 17 март 1945 година, Црвен крст на Македонија годинава не го одбележа јубилејот на денот на своето основање поради трагедијата во Кочани, која наложи целосна мобилизација на организацијата заради обезбедување помош и поддршка на погоденото население. Токму во знак на благодарност за поддршката на настраданите во трагедијата дадена од „Алкалоид“, како и за придонесот на компанијата при хуманитарните апели на Црвен крст, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на компанијата, г. Живко Мукаетов, беше одликуван со јубилејна плакета.

Признанието на г. Мукаетов му го врачи д-р Лилјана Ристевска, потпретседателка на организацијата Црвен крст на РСМ. Изминативе години „Алкалоид“ има спроведено повеќе активности во соработка со Црвен крст на РСМ и со Црвен крст на град Скопје, како во делот на социјално-хуманитарната дејност така и на полето на крводарителството. Во рамките на компанијата повеќе од 50 години активно функционира Друштвото на крводарители, кое во 2024 година доби специјално признание за масовен одзив во рамките на крводарителските акции организирани од Црвен крст и од Институтот за трансфузиона медицина. Изминативе неколку години „Алкалоид“ континуирано спроведува акции за донирање облека и храна.

Компанијата во континуитет ги поддржува апелите на Црвен крст за поддршка на бездомниците, бегалците и мигрантите како едни од најгорливите категории на полето на хуманитарната помош. Во 2015 година, на организираниот хуманитарен пикник, колективот на „Алкалоид“ собра повеќе од 750.000 денари, донација наменета за Солидарниот фонд на Црвен крст.

Последната донација за истиот фонд, во износ од 15 милиони денари, компанијата ја намени за настраданите од трагедијата во Кочани и за нивните семејства. На јубилејната свеченост Црвен крст додели и четири златни медали, а беше официјализирана и донацијата во износ од 20.000 евра за Универзитетската клиника за трауматологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Како што посочија организаторите на настанот, 80-годишниот јубилеј на Црвен крст претставува момент на благодарност и на сеќавање и признание за сите волонтери, членови, вработени и партнери кои ги оставиле и сè уште ги оставаат своите траги на хуманост.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Компании

Самир Мане беше единствениот претставник од регионот на „FII PRIORITY Europe Summit“

Објавено пред

Албанската престолнина беше домаќин на еден од најпрестижните меѓународни форуми во светот — „FII PRIORITY Europe Summit“, кој за првпат се одржа во Тирана на 16–17 мај 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Овој самит ги обединува светските лидери од владите, бизнис-секторот, науката, технологијата и филантропијата, со цел да се дискутираат глобалните приоритети што ја обликуваат иднината во клучен момент за човештвото. Главната тема на ова европско издание на „FII PRIORITY“ беше: „Приоритизирање за поодржлива, поправедна и попросперитетна иднина“.

Самир Мане, претседателот на „BALFIN Group“, беше единствениот официјален претставник од Албанија поканет да учествува на дискусионите панели заедно со некои од највлијателните личности од светот. Тој учествуваше на главниот панел со наслов „Board of Changemakers“: Може ли капиталот да го поврзе расцепканиот свет?, каде што ја делеше сцената со меѓународни лидери од политиката и финансиите.

За време на самитот, г. Мане одржа средби и размени мислења со високи личности како Матео Ренци, поранешен премиер на Италија, Бернард Менсах, претседател на „Bank of America International“, Анри Пупар-Лафарж, извршен директор на Alstom, меѓу другите.

еговото учество на самитот како глас на регионалниот бизнис го истакнува и неговото лично лидерство, и сè поголемата улога на Западен Балкан во обликувањето на идниот развој на Европа и пошироко.

„FII PRIORITY Europe Summit“ е дел од серија глобални форуми кои промовираат меѓусекторски дијалог и поттикнуваат конкретна акција за справување со најгорливите предизвици на денешницата, вклучително и климатските промени, одржливиот развој и технолошката трансформација.

Комерцијален текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија35 минути

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија3 часа

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...

Македонија3 часа

(Фото) ДЗС: Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm...

Свет4 часа

Хронологија на масакрот: Австриецот нишанел во главите на децата, оставил видео-порака за мајката

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се...

Европа5 часа

Словачка се заканува дека ќе ги блокира новите санкции кон Русија

Словачка би можела да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија кон Русија доколку Европската комисија не понуди решение...

Свет5 часа

Трамп: Нѐ напаѓаат странски непријатели, сакаат да предизвикаат инвазија

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот...

Европа5 часа

Жителите на Грац запалија свеќи во центарот на градот за да оддадат почит на жртвите од нападот

Граѓаните на Грац се собраа на главниот плоштад во градот за да запалат свеќи и да им оддадат почит на...

Европа6 часа

(Видео) Масовен напад врз Харков, гори станбена зграда: има мртви и многу повредени

Во новите руски напади врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта во вторник загинаа две лица, а повеќе...

Свет14 часа

Америка до Русија: Веднаш престанете со нападите врз украинските градови

Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат, изјави денес портпаролот на американскиот Стејт департмент, осудувајќи го еден од...

Свет14 часа

Трамп: Грета е чудна и бесна; Грета: Искрено, на светот му требаат повеќе бесни жени

Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради...

Европа16 часа

(Видео) Убиецот оставил писмо пред масакрот во училиштето во Грац: расте бројот на жртвите

Масовниот убиец Артур А. (21) кој денес уби девет лица со пиштол и пушка во училиште во Грац, потоа изврши...

Свет17 часа

Трамп: Демонстрантите низ САД ќе се соочат со иста или поголема сила отколку во Лос Анџелес

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на новинарите во Овалната соба дека ако протестите против имиграциските политики продолжат во...

Европа18 часа

ЕУ подготвува нов удар врз Путин, објавени се деталите

Европската комисија (ЕК) денес предложи 18-ти пакет санкции против Русија, главно насочени кон руските приходи од енергија и банкарскиот сектор....

Македонија18 часа

Сергеј Попов ги матираше СДММ, извади документ од кој се гледа како лажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се е пријавено дечки, затоа вчера ви рековме два пати да размислите пред да излезете на прес. Ама толку слушате,...

Европа19 часа

Зеленски за масакрот во Австрија: Длабоко сме потресени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го коментираше денешното пукање во училиште во Грац, во кое беа убиени 10 лица, од кои...

Македонија20 часа

(Видео) „УМС фатени во лага – законот за пиротехника е прекрешен, а Тошковски молчи“, велат од СДММ

„Откако ја предизвикаа згрозеноста кај младите со срамната журка со пиротехника додека Македонија тагува за изгубените млади животи во Кочани,...

Топ20 часа

(Фото) Кривична против 29-годишен скопјанец: нелегално поседувал автоматска пушка и друго оружје и муниција, а ја истепал и сопругата

СВР Скопје – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи...

Македонија20 часа

Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од пожарот во Кочани

Повредените од пожарот во Кочани ќе бидат испратени на рехабилитација во Пониква. На денешната седница на Владата и официјално се...

Топ23 часа

(Видео) Кузеска: Власта ги покачи платите на функционерите за 200 евра

Срамно и дрско – народoт едвај преживува, а власта ги покачува само платите на функционерите, обвини Богданка Кузеска, портпаролка на...