Компании
Три врвни вина на „Тиквеш“ освоија медали на China Wine & Spirits 2016
За првпат, три врвни вина на „Тиквеш“ освоија медали на најголемиот и од страна на купувачите најценет вински натпревар на Азискиот континет, што се одржува во Хонгконг – Кина.
На годинешниот China Wine & Spirits 2016, во конкуренција од над 5000 глобални вински брендови, златни медали освоија црвеното тероар вино „Барово“ 2013-та и белото вино „Александрија куве“ 2015-та, а црвеното вино „Александрија Куве“ 2014 доби сребрен медал. Карактеристично за овој реномиран вински натпревар е тоа што медалите за најдобрите вина на натпреварот ги доделуваат вински судии кои се претставници на најголемите увозници на вино, ресторани, хотели, специјалнизирани продавници и трговски ланци во Кина, кои точно знаат што сакаат потрошувачите на кинескиот пазар. „Остваривме навистина одличен успех во Кина. Фактот што на овој натпревар изборот на наградените вина го прават оние што ги прават и нарачките нѐ охрабрува дека овие освоени медали ќе имаат големо значење во зголемувањето на пласманот на нашите вина на кинескиот пазар“, објаснува генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски, напоменувајќи дека очекува дека овие награди „ќе ги подотворат вратите на кинескиот пазар и за останатите квалитетни македонски вина.Македонското суперлуксузното вино „Гранд Куве“, берба 2013-та, произведено во винарницата „Домен Лепово“, се закити со двоен златен медал на China Wine & Spirits 2016. Со ваквото признание, ова вино и брендот „Домен Лепово“, дефинитиво се пробиваат меѓу вината и производителите од најпознатите светски вински региони во Европа и Америка кои ја сочинуват винската елита и за кои по правило се „резервирани“ највисоките трофеи на престижните светски вински натпревари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

