Компании
Триглав Осигурување ја задржа лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување
Групацијата Триглав ја заврши 2015-та година во согласност со стратешките насоки. Обезбеди 919,1 милион евра премија од осигурување и соосигурување, што е 4% повеќе од планираното и 3% повеќе од претходната година.
Добивката на групацијата пред оданочување изнесува 102,5 милиони евра, што е 20% повеќе од планираното и 2% повеќе од резултатот во 2014-та година. Доброто работење на групацијата во основната дејност на неживотно осигурување е изразено и преку подобрувањето на комбинираниот коефициент, којшто се намали на 92,8% и е подобар од планираното и од резултатот во 2014-та година за 3,5 процентни поени, а за 2 процентни поени е подобар од долгорочната просечна целна вредност (95%). Триглав Осигурување АД, Скопје, член на Групацијата Триглав, достигна удел на пазарот на неживотно осигурување од 18%, со што постигна раст од еден процентен поен во споредба со 2014-та година и со тоа ја задржа лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување. Во доменот на здравственото и пензиското осигурување, сегменти чијшто развој е од особена важност, Групацијата Триглав ја превзеде Скупна покојнинска дружба, втората најголема словенечки компанија, којашто обезбедува доброволно пензиско осигурување. На минатогодишните добри деловни резултати позитивно влијаеше и порастот на премија на останатите пазари, отсуството на масовни штетни настани, но и не толку поволната ситуација на пазарите на капитал. Групацијата во 2015-та година обезбеди 919,1 милион евра премија од осигурување и соосигурување, што е 4% повеќе од планираното и 3% повеќе од претходната година. Групацијата Триглав со 36% удел на словенечкиот пазар е убедлив пазарен лидер. Покрај матичната компанија, на овој пазар делуваат и Триглав, Здравствена заваровалница и Скупна покојнинска дружба, новото зависно друштво во групацијата. Премијата на Заваровалница Триглав достигна 586,3 милиони евра (1% помалку од 2014-та година), додека пак Триглав, Здравствена заваровалница обезбеди 1% повисока премија споредено со претходната година. Во Словенија, Групацијата Триглав на пазарот на неживотно осигурување има удел од 44%, на пазарот на животно осигурување 35%, а на пазарот на здравствено осигурување 23%. Во Хрватска премијата забележа раст од 8%, во Србија 24%, а во Македонија 13%. На црногорскиот пазар растот на премијата изнесува 10%, додека пак во Босна и Херцеговина 9%. Добивката на групацијата пред оданочување изнесува 102,5 милиони евра, што е 20% повеќе од планираното и 2% повеќе од резултатот во 2014-та година. Нето добивката од 88,9 милиони евра е 24% повисока од планираното и 4% повисока од претходната година. Доброто работење во основната дејност на неживотно осигурување е изразено и преку подобрениот комбиниран коефициент на групацијата, којшто се намали на 92,8% и е за 3,5 процентни поени подобар од планираната вредност и од вредноста постигната во 2014-та година, а за 2 процентни поени е подобар од долгорочната просечна целна вредност (95%).Деловните резултати зависат од различни финансиски вложувања, коишто го претставуваат најголемиот дел од вкупните средства. Поради несигурната ситуација на пазарите на капитал, со исклучително ниски каматни стапки, повратот од финансиските вложувања на Групацијата Триглав (исклучувајќи го повратот од инвестиции на оние осигуреници на животни осигурувања, кои превземаат инвестициски ризик) се намали за 16% споредено со претходната година. Финансиската стабилност и успешното работење на Групацијата Триглав во 2015-та година беа потврдени со високата кредитна оценка “A-“ од S&P и A.M. Best. Агенцијата S&P ја подобри среднорочната прогноза од стабилна во позитивна, додека пак агенцијата A.M. Best повторно ја потврди својата позитивна прогноза. На високиот степен на финансиска стабилност укажува и вкупниот капитал, зголемен за 2% (704 милиони евра), како и растот од 11% на бруто техничките резерви на групацијата (2.600,4 милиони евра). Обете категории се гаранција и основа за врамнотежено работење и за обезбедување на долгорочна безбедност на осигурениците на Групацијата Триглав. На почетокот на 2016-та година Заваровалница Триглав започна да користи надграден систем на управување со ризици, во согласност со законските прописи од Солвентност II. Новиот режим ја менува културата на работење, воведува надграден систем на управување со ризици и го одредува вреднувањето на влијанието што одредени деловни одлуки го имаат врз профилот на ризик на осигурителната компанија, на капиталот и на финансиската состојба. Групацијата Триглав и според новите пресметки задржува висока адекватност на капиталот, којашто варира во целниот распон на адекватност на капитал на групацијата, помеѓу 250% и 300%.Во согласност со обновената политика за дивиденда, којашто е дел од политиката на управување со капитал на групацијата, Надзорниот одбор и Управата на Заваровалница Триглав предложија на Собранието на акционери исплата на дивиденда во висина од 2,5 евра по акција, а во вкупна висина од 56.837.870,00 евра. Во согласност со предлогот за дивиденда, 64% од нето добивката на групацијата за 2015-та година, т.е. 87% од акумулираната добивка на Заваровалница Триглав за 2015-та година ќе бидат наменети за исплата на дивиденди. Надзорниот одбор и Управата оценуваат дека и по исплатата на дивиденди според дадениот предлог, адекватноста на капитал на Групацијата Триглав ќе остане во дефинираниот целен распон. Тоа е од особена важност за одржување на високата финансиска стабилност на групацијата, сигурноста на нејзиното работење и успешната реализација на планираните стратешки насоки.Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав изјави: „Позади нас оставаме година полна со предизвици, но истовремено и mnogu успешна. 2016-та година ја започнавме со силен капитал и во согласност со Солвентност II, што им овозможува на Управниот и Надзорниот одбор на Собрание на акционери да предложат исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто вредност по акција. Нашето внимание е веќе насочено кон иднината. Со оглед на овогодишните очекувани прилики, планираме деловен резултат пред оданочување на Групацијата во износ помеѓу 80 и 90 милиони евра, консолидирана бруто полисирана премија од осигурување во висина од околу 900 милиони евра и комбиниран коефициент од околу 95%. Во главен фокус ќе остане осигурителната дејност, затоа што нашата главна цел се задоволни осигуреници. Земајќи ја во предвид моменталната состојба на пазарот, ќе ја јакнеме и подобруваме понудата и ќе ги развиваме продажните канали. Воведувањето на современи технологии на сите нивоа на работењето ќе ни овозможи конкурентна предност.“ Триглав Осигурување АД, Скопје е лидер на пазар, којшто го сочинуваат 15 осигурителни компании. Компанијата во 2015-та година обезбеди бруто полисирана премија во износ од 21 милион евра (1.294.416 илјади денари), што е за 13% повеќе, споредено сo претходната година. Со тоа компанијата достигна удел од 18.0% на пазарот на неживотно осигурување, со што постигна раст од еден процентен поен споредено со 2014-та година. По повод објавувањето на ревидираниот извештај за работењето на Заваровалница Триглав и Групација Триглав за 2015-та година, главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, Ѓорѓе Војновиќ во оваа прилика изјави: „Задржувањето на лидерската позиција е една од главните стратешки цели на Триглав Осигурување, покрај определбата за профитабилно и сигурно работење, која на нашите клиенти, вработени и акционери им обезбедува сигурна иднина. Целиме да бидеме креатори на растот на пазарот на неживотно осигурување. Тоа со себе носи и голема одговорност пред јавноста и нашите клиенти, и подразбира фокус на развој на нови производи и услуги како додадена вредност на постоечките, како и посветеност кон едукација на јавноста, со цел зголемување на свесноста за осигурување. Во таа насока, во 2015 година на пазарот воведовме производ за доброволно здравствено осигурување, поточно осигурување на специјалистичко амбулантно лекување, како одговор на потребите на пазарот, кој има извонреден потенцијал. Истото се однесува и за пазарот на животно осигурување, поради што донесовме одлука да превземеме значајна улога и во тој сегмент на осигурувањето.“ /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

