Компании
Услугата “Мојот Вип” достапна и на веб страницата на Вип како и за корисниците на iOS

По воведувањето на апликацијата “Мојот Вип” за корисниците на Андроид паметните телефони, во петок Вип ја претстави мобилната верзија за корисниците на паметни телефони со iOS оперативен систем, како и надградената веб услуга “Мојот Вип”, во истовреме најавувајќи и вредни награди за корисниците на истата.
Од 21.11., па сѐ до 15.12., сите припејд, постпејд или пак бизнис корисници кои ќе се логираат на веб услугата или на мобилната апликација “Мојот Вип”, добиваат одлична можност да станат потенцијални добитници на една од десетте вредни награди. Имено, сите корисници кои во рамките на промотивниот период ќе се логираат на услугата “Мојот Вип”, учествуваат во извлекувањето кое ќе се одржи на 18.12.2014 и можат да добијат една од наградите – 5 едногодишни бесплатни месечни претплати, како и пет паметни телефони меѓу кои Galaxy Note 4 и Sony Experia Ultra Z.
„Со услугата “Мојот Вип” на он-лајн каналите за комуникација, Вип уште еднаш ги потврдува своите заложби за одржување на високо ниво на корисничко задоволство. Оваа услуга во голема мера претставува придобивка за корисниците, бидејќи овозможува тие самите да можат да пристапат и да ја администрираат својата корисничка сметка на едноставен, брз и сигурен начин, преку компјутер или пак преку својот мобилен телефон. На ваков начин им обезбедуваме на корисниците апсолутна транспаретност и јасна слика за трошоците од активираните услуги со што целосно го потврдуваме нашиот фокус кон корисниците. Се разбира, дополнителен мотив секако се и вредните награди кои ги подготвивме за најсреќните“, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.
Услугата за адиминистрирање на сопствената корисничка сметка “Мојот Вип” на корисниците им овозможува бројни привилегии, како на пример: преглед на моменталната состојба (остварен сообраќај, искористеност на пакети); активирање и деактивирање на услуги (достапни услуги за нивниот профил, поставување забрани за роаминг); преглед на сметките (листа на детални повици и остварен сообраќај, плаќање на сметки преку мобилната апликација со кредитна картичка, како и активирање на опцијата електронска сметка); припејд надополнување на сметка, SOS надополнување, како и други останати корисни опции. Покрај бројните придобивки за корисниците на оваа услуга, една од позначајните карактеристики е опцијата “Понуди за Вас”, која на корисниците ќе им ги прикаже специјалните понуди кои се релевантни за нив, како и ексклузивни информации и можност да ги дознаат новостите во однос на понуди еден ден пред сите други.
Кон веб услугата “Мојот Vip” може да се пристапи на следниот линк http://www.vip.mk/mojot-vip. Услугата “Мојот Вип ” е достапна за бесплатно симнување на Vip Store, App Store и Google Play. Истата е достапна на македонски, албански и англиски јазик.
За да ја користат оваа апликација, корисниците треба да имаат кориснички профил, а тоа можат да го направат со едноставно следење на упатствата во апликацијата, или пак да се логираат со постечкиот профил на “Мојот Вип” веб услугата.
Користењето на услугата како и сите податоци се безбедносно заштитени.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.
Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.
Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.
„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.
Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.
Економија
Склопи сам, конфигурирај со „Нептун“!

Конечно и кај нас, во нашата најсовремена продавница за компјутерски компоненти, отсега е достапен и онлајн конфигуратор, со кој лесно ќе може да го склопите вашиот идеален компјутерски систем.
Тимот на Нептун верува дека вашиот компјутер треба да биде единствен како и вие, затоа се одлучија на пионерски и храбар исчекор кон овој сегмент, знаејќи дека со конфигураторот нема да понудат само техничка слобода на своите купувачи, туку и ексклузивно патување до нивниот личен, уникатен компјутер.
Онлајн конфигураторот нуди загарантирана компатибилност меѓу компонентите, широк избор на премиум компоненти од врвни брендови, неограничена креативност и целосна поддршка чекор-по-чекор низ секоја компонента во вашата конфигурација. Од изборот на процесор, преку графичката картичка, па сè до последниот мемориски чип – со онлајн конфигураторот кој ексклузивно го нуди само Нептун, вие сте архитект на сопственото ремек-дело од компјутер.
- Но зошто сами да конфигурирате компјутер?
- Затоа што може да го направите во секое време и од кое било место
- Затоа што може подобро да го оптимизирате вашиот буџет
- Затоа што може да ги изберете компонентите што ги сакате и што совршено ќе одговараат на вашите потреби, а притоа да бидете сигурни дека истите се меѓусебно компатибилни
- Затоа што ќе може полесно да го надградувате и одржувате компјутерот и во иднина
- И конечно, затоа што сите компоненти и онлајн конфигураторот сега се достапни во Нептун.
Дополнителна предност на овој подвиг е тоа што ќе го прилагодите вашиот иден компјутер според вашите желби и потреби до најмалите детали. Без оглед на тоа дали сакате да склопите компјутер за игри, за стриминг или интензивно ќе го користите за создавање мултимедијална содржина, сега имате „хаб“ каде ќе ги најдете сите компоненти и конфигураторот кој ќе ви помогне да креирате врвен домашен, канцелариски или компјутер за игри. Сето ова, благодарение на Нептун ќе биде лесно како 1-2-3.
Изборот на компонентите што ја сочинуваат секоја компјутерска конфигурација е вистинска уметност и конечно Нептун ја носи таа уметност поблиску до вас, токму преку оваа револуционерна услуга.
Кога сами ќе составите компјутер, вие имате само своја, лична конфигурација што ќе одговара на вашите потреби, посебен, единствен компјутер што никој друг го нема освен вас. Со избирање на вистинските компоненти со помош на конфигураторот, ќе постигнете максимални перформанси со минимална инвестиција што ќе ги оживее вашите игри и апликации.
И за крај, потсетување за сите љубители на технологијата, искористете ја можноста за купување производи од целата ИТ категорија на дури 48 рати без камата, во сите продавници на Нептун.
(ПР)
Економија
Нова поддршка за малите бизниси од Прокредит банка – 90 претприемачи ќе имаат можност да учествуваат во првата „Прокредит бизнис-академија“

ПроКредит Банка официјално ја претстави новата едукативна програма за поддршка на микро и малите бизниси во нивниот раст и развој. „ПроКредит бизнис академија“ беше претставена на настанот кој се одржа вчера во Forza Fusion Bar, каде што претставници на медиумите и бизнис заедницата имаа можност да се запознаат со целосната програма и нејзините придобивки.
Академијата е дел од пошироката иницијатива на ПроКредит Банка насочена кон зајакнување на домашната бизнис заедница преку нефинансиска поддршка. Како банка која континуирано создава можности за едукација и вмрежување, преку оваа академија ќе им овозможи на претприемачите пристап до интерактивни работилници, експертски совети и практични алатки за унапредување на деловните вештини.
„Преку ПроКредит бизнис академијата сакаме да им овозможиме на претприемачите пристап до знаење и ресурси кои ќе им помогнат да го направат следниот голем чекор во развојот на нивниот бизнис. За нас, да се биде партнер на бизнисот, значи да се оди чекор понапред од нудење на стандардни банкарски услуги. Затоа вложуваме во тоа што е клучно за градење успешен бизнис – знаење и мрежа на контакти. Веруваме дека едукацијата е клучна за одржлив раст, а оваа иницијатива е уште еден начин на кој ја зајакнуваме локалната бизнис заедница,“ изјави Милан Дамчевски, Член на Управниот Одбор на банката.
Програмата ќе биде реализирана под менторство од искусни професионалци од регионалната консултантската компанија Alphabet Group која повеќе од 7 години им помага на малите бизниси да го реализираат својот целосен потенцијал преку иновативни и интерактивни обуки и програми за развој.
Академијата е структурирана во пет клучни модули, кои ги опфаќаат темите: разбирање на финансиски концепти, продажба, комуникациски вештини, интерно претприемништво и дигитална трансформација.
Програмата ќе се реализира од април до октомври 2025 година во Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје. По завршувањето на предавањата на учесниците ќе им бидат доделени сертификати.
Учеството е без финансиски надомест, како дел од континуираната инвестиција на ПроКредит банка за градење вештини и капацитети кај локалните претприемачи. Заинтересираните претприемачи можат да аплицираат до 30 март 2025 година. По
процесот на селекција, ќе бидат избрани 90 учесници кои ќе се приклучат на првата генерација на ПроКредит бизнис академијата. Пријавувањето е отворено преку официјалната страница biznisakademija.pcb.mk каде што се достапни сите детали за академијата.
(ПР)