Компании
Винарската визба „Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје
Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година, во рамки на предвидениот законски рок, ја исполни обврската за исплата на откупено грозје од последната берба.
За преземените 18 милиони килограми грозје од бербата во 2014-та година на лозарите – партнери на ВВ „Тиквеш“, заклучно со 30-ти април, исплатени им се вкупно 250 милиони денари.
Иако неповолните временски услови имаа значајно влијание на квалитетот на грозјето, сепак ВВ „Тиквеш“ успеа да обезбеди квалитетна суровина за производство на вино при што задржано е високо ниво на просечна цена од 14 денари за килограм грозје, а воедно исплатен е и дополнителниот бонус за екстра квалитетното грозје.
„И во годината која заради временските неприлики, беше исклучително тешка за лозарството и домашната винска индустрија, ’Тиквеш’ остана доследен на својата определба да гради долгорочен партнерски однос со лозарите кој овозможува стабилно снабдување со квалитетно грозје кое е основа за создавање на врвни вина. Ова уште еднаш јасно го покажуваат откупените количини, постигната цена, како и навремената исплата на откупеното грозје“, вели генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.
Винарската визба „Тиквеш“ е целосно посветена на континуирано унапредување на соработката со лозарите, како една од нејзините стратешки развојни цели. Во таа насока, „Тиквеш“ и оваа година ќе продолжи, преку најразновидни активности, стручни совети и едукација на лозарите за примена на современи агро – технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади, да креира услови за производство на грозје со одличен квалитет. Доколку лозарите ги почитуваат насоките и упатствата, ВВ „Тиквеш“ го гарантира откупот на грозјето со висок квалитет и обезбедува дополнителен бонус при исплата на тоа грозје.
Исто така, во зависност од квалитетот на грозјето, ВВ „Тиквеш“ планира зголемување и до 20% на откупените количини од годинешната берба, што е во согласност со развојните планови на винарницата за зголемување на пласманот на вино, пред сè на странските пазари. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

