Компании
Вино на Камник со престижни меѓународни награди
Винаријата Камник во понедленикот соопшти дека нејзиното премиум црвено вино„Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011“освои три значајни признанија на два високорангирани меѓународни натпревари.
Две големи признанија за ова вино пристигнаа во февруари од Израел. Станува збор за престижните двоен златен медал и за големиот меѓународен шампионски трофеј освоени на „Теравино 2015“, Израел (ТerraVino 2015 – Mediterranean International Wine & Spirit Challenge, Israel). Овој вински натпревар, кој е еден од главните меѓународни натпревари на годишнo ниво во Израел, се одржа во Нетанја под покровителство на Меѓународната организација за лозарство и винарство (OIV), со учество на примероци на вино од 29 земји во светот и меѓународен тим од еминентни судии.
Златен медал за „Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011“ пристигна и од најважниот вински настан во Романија, „Меѓународниот вински натпревар Букурешт 2015“ (International Wine Contest Bucharest 2015 – IWCB) кој се одржа кон крајот на мај, исто така под покровителство на реномираната Меѓународна организација за лозарство и винарство (OIV). На овој вински натпревар учествуваа примероци на вино од 27 земји во светот оценувани од судии од Швајцарија, Израел, Молдавија, Италија, Русија, Србија, Австралија, Австрија, Полска, Португалија, Франција, САД.
„Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011“, вино добиено од сортата „Cabernet Sauvignon“, е вистинска резерва со препознатлив, зрел и раскошен мирис со овошно-зачински карактер. Потсетува на ситнозрнесто црвено овошје во комбинација со сладок корен, темно чоколадо, печено кафе и нане, надополнети со ванилинско-зачински тонови. Вкусот е полн, хармоничен, со цврста структура, импресивни и нагласени танини и продолжен пријатен послевкус кој на ова вино му дава посебен шарм. Специфичноста и посебноста на ова вино се должат на неговото одлежување во нови барик буриња од француски и американски даб во тек на 31 месец. Особено важно за ова вино е да се истакне дека има одличен потенцијал за зреење во шише. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

