Компании
Вип: Нема простор за трет мобилен оператор
Раководството на мобилниот оператор Вип, кој е во процедура за спојување со мобилниот оператор Оне, во вторникот оцени дека на македонскиот пазар нема реален простор за успешно функциомнирање на трет мобилен оператор.
Раководството на мобилниот оператор Вип, кој е во процедура за спојување со мобилниот оператор Оне, во вторникот оцени дека на македонскиот пазар нема реален простор за успешно функциомнирање на трет мобилен оператор.
Со оглед дека пазарот е мал со два милиони жители и намалаена куповна помоќ, дефинитивно нема реален простор за трет мобилен оператор, вели Гернот Раш, Главен маркетинг директор во Вип, додавајќи дека тоа е скапо и за државата и за операторите.
Според него во ситуација на повеќе мобилни оператори, поголемиот играч ми програбил поголем дел од колачот, додека двата помали би биле во незавидна позиција.
„Ние сметаме дека на долги стази во Република Македонија ќе псотојат две мрежи, но веруваме дека постојат простор за еден додва виртуели мобилни оператори“, изјави главниот извршен директор на Вип, Никола Љушев.
Тој информираше дека во тек е фазата два од процедурата за спојување на мобилните оператори Вип и Оне и изрази уверување дека Комисијата за заштита на конкурентноста позитивно ќе се изјасни по ова барање.
„ Застој во процесот на спојување нема.Во моментот во тек е фазата два , која што започна во февруари. Согласно законот може да трае 90 работни дена, што значи најдоцна до средина на јуни Ние веруваме дека ќе добиеме позитивен одговор порано. Ние сме во инетнзивни разговори со комисијата за изнаоѓање на соодветни решенија кои ќе бидат во насока на задржување на постоечкото ниво на конкурентноста“, рече Љушев.
Тој информираше дека Ви, како ис екоја сериозна компанија, има и план Б, во случај на евентуално негативно решение, но е уверен дека то доа нема да дојде.
„Се разбира скеоја сериозна компанија има и план Б и план Ц, но во моментов нема индикации и нема сознанија дека би имало потреба за такво нешто. Цврсто сме уверени дека иницијативата за спојување ќе биде одобрена, се разбира со одредени обврски кои новата компанија ќе треба да ги спорведе, рече Љушев. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

