Компании
Вип одбележа седум години на македонскиот пазар
Мобилниот оператор Вип во петокот одбележа седум години на македонскиот пазар, во кои компанијат аинвестирала 140 милиони евра и достигнала пазарен удел од 28,2 отсто, со што е втор по големина оператор во државата.
Во 2007 г. Вип започна како трет мобилен оператор на пазарот, беше 2Г оператор и истата година ја заврши со пазарен удел од 8% и заработка пред камати, даноци, амортизација и депресијација (ЕБИТДА) за три месеци со негатива од 14 милиони евра. Седум години подоцна, Вип има најголем удел на постпејд корисници на пазарот (50%), нуди 3Г ХСПА+ и 4Г ЛТЕ услуги за корисниците и има пазарен удел од над 28%. Вип цврсто стои на позицијата втор мобилен оператор на пазарот и покажува добивка.
„Вип во вистинската смисла на зборот го либерализираше пазарот на мобилна телефонија во Македонија, предизвикувајќи структурни ценовни поместувања и донесувајќи нови иновативни продукти и услуги. Успехот во изминатите седум години го трасираше патот кон нови инвестиции во напредни технологии како 4Г ЛТЕ и услуги базирани на супербрз интернет, зашто силно веруваме дека мултимедијалните услуги ќе бидат главната одредница во развојот на пазарот во годините кои следат“, изјави главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев.
Од влезот на Вип оператор на македонскиот пазар досега инвестирани се околу 140 милиони евра во изградба на најсовремени и најнапредни мрежи – ЕДГЕ, 3Г ХСПА+ и 4Г ЛТЕ, во системи, производи и услуги, корисничка грижа, лиценци, како и инвестиции во луѓето, партнерите и општеството во целина.
„Растот на корисниците се рефлектира и врз растот на приходите во изминатите години. Во периодот од 2007 до 2013 година трендот на раст на приходите беше очигледен. Почнавме со 2.4 милиони евра во 2007, а во 2013 пораснавме до 50 милиони евра. Морам да напоменам дека во 2014 г. главно поради 70% намалување на цените за терминација на повици во друга мрежа, приходите се намалија. Она што можеме да го кажеме во моментов е дека ќе продолжиме да нудиме и ќе инвестираме во понуда на најдобри услуги за нашите корисници, покрај сите предизвици со кои се соочува мобилната индустрија генерално. Преземањето на Близу Македонија од страна на Телеком Австрија Групацијата ја поставува насоката за идните инвестиции и понатамошен раст за двете компании на македонскиот пазар“, истакна Питер Цидек, главен финансиски директор на Вип.
Со воведувањето на првата рамна тарифа на пазарот во 2007 г., а со тоа и вистинска конкуренција на пазарот, Вип понуди повеќе за своите корисници – повеќе вредност, повеќе разговори, повеќе бесплатни минути, повеќе податочен сообраќај, повеќе иновативни услуги и решенија. На корисниците во текот на овие седум години им беше понудена нова услуга на секои 18 дена. Помеѓу тие понуди е и најновата роденденска понуда на Вип, која им овозможува на постпејд корисниците дополнителни бесплатни 3GB интернет месечно и одлични 7 паметни телефони во текот на 7 недели, достапни на рати.
„Секогаш повеќе за корисниците и супериорна корисничка грижа е нашиот имератив. Нашиот тим секогаш се стреми да ги пресретне и надмине потребите на корисниците – да го издигне корисникот на пиедестал. И понатаму остануваме посветени во таа насока“, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

