Компании
Вип со намален профит и намален број корисници
Телеком Австрија Групацијата ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2015 година каде се вклучени резултатите и од работењето на македонските компании.
Интензивната конкуренција и ниските цени резултираа со намалување на профитот на Вип и намалување на базата на мобилни претплатници до 616,000 корисници. Пазарниот удел на Вип остана на истото ниво од 28.4% што укажува на севкупното намалување на бројот на корисници на мобилна телефонија во Република Македонија. По аквизицијата на Близу, Телеком Австрија Групацијата во Македонија има околу 76,000 фиксни пристапни линии за првите три месеци од 2015г.
Приходите во Македонија, кои ги вклучуваат и резултатите од работењето на Близу, изнесуваат 16.0 милиони евра во првиот квартал од 2015 г., додека заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИТДА) достигна 3.4 милиони евра. Оперативните трошоци за првиот квартал од оваа година се зголемија за 15% споредено со истиот период минатата година. Профитот падна до 170,000 евра во негатива.
Како резултат на аквизицијата на Близу Македонија од страна на Телеком Австрија Групацијата, која беше затворена на 30 јули 2014г., во првиот квартал од оваа година, Вип започна да нуди пакетирани фиксни и мобилни услуги со воведувањето на продуктот Вип Комбо. Исто така, Телеком Австрија Групацијата и Телеком Словеније Груп се договорија да ги спојат нивните подружници Вип оператор и Оне во октомври 2014 година. Телеком Австрија Групацијата ќе има 55% удел и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, а Телеком Словеније Груп ќе има удел од 45%. Договорот предвидува опција за излегување на Телеком Словеније Груп во рок од три години од датумот на затворањето на трансакцијата. Трансакцијата е предмет на одобрување од страна на Комисијата за заштита на конкуренција на РМ, што се очекува во 2015 година.
Денес беа објавени финансиските резултати на Телеком Австрија Групацијата за првиот квартал од 2015 година заклучно со 31 март 2015 г. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

