Компании
Вип со поволен роаминг за сите корисници
За да им овозможи на своите корисници безгрижни летни одмори и опуштена комуникација со најблиските во Македонија, Вип оператор нуди нови поволности за разговори и мобилен интернет во роаминг, кои придонесуваат за значително намалување на трошоците во сезоната на патувања во странство.
Со првата поволност, минута разговор од странство кон сите мрежи во Македонија чини 9,9 денари. За да зборуваат по оваа цена, единствено што треба да направат корисниците е да го внесат кодот *123* пред телефонскиот број што го повикуваат и знакот # на крајот (пример *123*389XXXXXXXX#). Оваа поволност е автоматски достапна за сите припејд и постпејд корисници на Вип, без дополнителни трошоци за активација. Можноста за ваков вид разговори со т.н. USSD код е достапна преку оператори во над 160 земји во светот.Втората поволност која Вип ја воведува за првпат ова лето, е понуда на интернет роаминг пакети со вклучен сообраќај до 500MB преку партнерските оператори, членки на Телеком Австрија Групацијата во Австрија, Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, Белорусија и Лихтенштајн. Овие пакети може да се активираат од сите постпејд корисници со испраќање СМС порака на 140 999 со текст START SURF 200 за пакет од 200 MB и само 399 денари или СМС порака на истиот број со текст START SURF 500 за пакет од 500 MB и само 699 денари. „Летото е синоним за безгрижност, опуштеност и уживање. За тоа, покрај летните убавини, придонесува и можноста во секое време да останете во контакт со вашите најблиски или да ги споделите со нив најубавите моменти од вашиот престој во странство без да стравувате дека тоа ќе ги зголеми вашите предвидени трошоци. Со новите поволности за разговори и интернет во роаминг, уште еднаш покажуваме дека ги знаеме потребите и очекувањата на нашите корисници и знаеме како да ги исполниме нудејќи им секогаш повеќе“, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.Дополнително, ова лето Вип постпејд корисниците можат безгрижно да сурфаат при престојот во која било земја во Европа. Со активирање на Vip Roam Surf S пакетот, за 399 денари, корисниците добиваат 20МB мобилен интернет во странство, а со Vip Roam Surf M пакетот, добиваат 50МB за 699 денари, кои можат да ги користат во текот на 30 дена од моментот на активација. По искористување на интернетот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат да продолжат да сурфаат по значително намалени цени или да извршат повторно активирање на еден од понудените пакети. Тие можат да се активираат од земјава или странство, преку СМС на бројот 140 999, со текст START SURF M или START SURF S во зависност од избраниот пакет./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)

