Компании
Виз Ер Скопје Маратон Експо, Саемот за туризам и Деновите на кариера и официјално на Скопски саем
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорката на Скопски саем Даниела Глигоровска и Кире Синадиновски, Директор на Виз Ер Скопски Маратон го прогласија за отворен првиот Виз Ер Скопје Маратон Експокој од денес до 9 мај ќе се одржува на Скопски саем во хала 4.
Работното време на Wizz Аir Скопје Маратон Експо 2015е од 10 до 20 часот.
Сите пријавени учесници треба да си ги подигнат своите стартни пакети на саемот Wizz Аir Скопје Маратон Експово 4-та хала. Саемот ќе понуди богата изложбена програма поврзана со спортот, здравиот живот, здравата исхрана, спортска опрема, фитнес центри итн.
Во хала 2 денес започна и Саемот за туризам СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2015 кој официјално беше прогласен за отворен од страна на Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија и Никола Бакрачески, градоначалник на град Охрид. Партнер на настанот е Стопанска комора за туризам на Македонија. Покровител на СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија која е воедно и учесник на саемот кои со свој штанд ќе промовираат проекти за развој на туризмот во Македонија. Оваа година за прв пат се претставува и градот Охрид кој воедно е и град-домаќин на Скопје Травел Маркет.
Третиот Саем кој беше отворен денес е и Саемот за образование и кариера. Основната цел на 18. издание на саемската манифестација „Денови на образование и кариера 2015“ е информирање на младите за правилно насочување на нивните интереси во изборот на идното образование и професија. Во програмскиот дел ќе бидат реализирани две отворени трибини на теми кои се актуелни во областа на високото образование и презентации на странски образовни институции, како и агенции кои нудат информации за стипендии и пракси. Посебно е значајно да се нагласи организираното учество на Унгарскиот универзитетски кампус со учество на 7 универзитети како и на 8 универзитети од регионот преку Xhafa Exhibitions oд Косово.
Паралелно со Саемот за туризам, Виз Ер Скопје Маратон Експо и Деновите на образование и кариера, граѓаните ќе можат да го посетат и Саемот на книгата, кој трае сè до понеделник, 11-ти мај.
Тематски денови на промоции кои претстојат на Саемот на книгата:
07.05. (Четврток) Отворен ден за сите читатели и љубители на убавиот пишан збор, доделување на книги за најхрабрите кои ќе се качат на бина.
08.05. (петок) Патешествие на големите светски талкачи и нивните дела (Марк Твејн, Чарлс Буковски). Покана до изложувачите за учество со свои дела, истите книги по избор (3-5) примероци, да се поделуваат бесплатно или на оние кои ќе покажат најмногу знаење за време на работилницата.
09.05. (сабота) Ден на екранизираната уметност, т.е. книга преточена во филм. Покана на изложувачите да промовираат свои книги кои од книга се претвориле во екранизирана филмска уметност и ги полнат кино салите. Поделување бесплатни примероци и/или пакет награди.
10.05. (недела) Сонуваме ѕвезди – средба на децата со поетите. Поетско читање и наградување на најмалите. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

