Компании
Во Општина Илинден почна со работа најголема фабрика за производство на кроасани

Новиот објект на компанијата „Гранд фудс корпорејшн“ беше пуштен во среда во локалната економска зона Марино-Кадино во Општина Илинден.
На површина од 6.000 метри квадратни, компанијата „Гранд фудс корпорејшн“ отвори еден од најголемите софистицирани погони на Балканот и во Југоисточна Европа за производство на кроасани со вкупна инвестиција од 6,5 милиони евра и овозможи отворање на нови 200 вработување, од кои 90 работни места во производствениот погон и 110 работни места во дистрибутивната мрежа.Градоначалникот Жика Стојановски истакна дека ова е една од најголемите инвестиции во општина Илинден која како и другите придонесува за локален економски развој и за отворање нови работни места.Вицепремиерот Зоран Ставрески на отворањето истакна дека целта и на централната и на локалната власт е да даде поддршка на вакви успешни бизниси и посочи дека Владата работи на создавање поволна бизнис клима.Сопственикот и основачот на компанијата, Стоимен Јордановски истакна дека почетоците на оваа успешна семејна приказна почнуваат пред 25 години и изрази задоволство што нивната визија станала реалност.Главниот извршен директор Горан Јордановски истакна дека станува збор за комплетно сопствена инвестиција и дека според инсталираниот капацитет е најголема фабрика за производство на кроасани во овој дел на Европа. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,3 милион евра

Новиот магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, на чија изведба се работеше околу 15 месеци, е дел од дваесетгодишниот инвестициски план за развој на ПЦ Фармација, кој се реализира со интензивно темпо и во услови на криза.
Најновата инвестиција на „Алкалоид“ АД Скопје во магацински простор за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа претставува современо и безбедно складишно решение, изведено согласност препораките за добра производствена пракса за магацинско работење, со законските прописи за чување фармацевтски производи и со фармацевтскиот систем за квалитет.
Новиот објект се простира на површина од вкупно 1,620 м2 и опфаќа: магацински простор за фармацевтски суровини; подрумски простории опремени со специјални ладилни соби наменети за суровини за кои се неопходни посебни услови за чување, температура и влага; административни простории и технички кат. За потребите на овој објект, изградена е нова пристапна рампа за камиони, а проектирани и изградени се нови внатрешни сообраќајници, целосно приспособени за непречена и за безбедна комуникација на новиот магацин со производствените објекти.
Со реализацијата на оваа инвестиција во ПЦ Фармација, целосно е осигурено најсовремено управување со суровините и производите и безбедна логистика на процесите – од прием на фармацевтските суровини до испорака на лековите до веледрогериите и до крајните корисници. Магацинот располага со вкупно 800 палетни места за суровини, опремен е со најсовремен систем за климатизација, ладилни комори, системи за гасење пожар, како и со машини за хоризонтален и за вертикален транспорт.
Официјалното примопредавање на оваа инвестиција вредна 1,3 милион евра беше извршено од страна на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и директорот за логистика и магацини, Зоран Костовски, во присуство на вработени и членови на управните тела на компанијата. Во складишните капацитети на „Алкалоид“ АД Скопје вработени се вкупно 120 извршители.
ПР
Економија
Шпаркасе банка – Супербренд за 2022 година

Најдобрите и највлијателни брендови во Македонија и оваа година се одликувани со глобалната награда Супербрендс, а Шпаркасе банка се закити со престижното признание – Супербренд во категоријата финансиски институции за 2022 година.
Супербрендс е меѓународна организација, која има за цел да ги препознае одличните брендови на различни пазари и да ја промовира културата на брендирање. Во организација на Супербрендс Македонија секоја година се избираат најсилните брендови во нашата земја, а учество во изборот им е овозможено само на најуспешните од секоја област.
Шпаркасе банка годинава првпат е прогласена за Супербренд во категоријата финансиски институции во земјата исполнувајќи ги четирите основни критериуми неопходни за добивање оваа награда: квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност на корисниците кон брендот.
– Се гордееме со фактот што Шпаркасе банка ќе го носи знакот на Супербренд за 2022 година и напорите на банката да создаде бренд што е препознатлив и создава силна емотивна врска со своите клиенти, резултираа со плод, па така банката претставува синоним на традиција, квалитет, сигурност и одговорност во перцепцијата на нашите клиенти. Нашето мото „Верувај во себе“ не е само формално, туку мото зад кое суштински стоиме. Макотрпната работа, цврстото верување во нашиот бренд и посветеноста кон клиентите, остануваат наша трајна определба, а оваа награда ќе ни биде дополнителна мотивација да работиме во насока на стекнување уште поголема доверба кај клиентите и зголемување на базата на задоволни и лојални клиенти – изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка АД Скопје.
Изборот на најдобрите и најсилни брендови го организира и го надгледува меѓународната организација Супербрендс, глобален авторитет во сферата на брендингот. Изборот се спроведува во повеќе од 90 земји низ светот и во него досега учествувале над 22.000 бренда. Во процесот на избор учествува стручно жири со голем број внимателно одбрани експерти со свои оценки, како и потрошувачите.
Изборот за Супербренд на Македонија за 2022 година е уште една потврда за зацврстувањето на брендот на Шпаркасе банка како препознатлив бренд што создава доверба кај потрошувачите, како и стремежот да биде прв избор на банка за клиентите. Главна цел на банката останува понуда на квалитетна услуга и иновативни производи, со цел подобрување на корисничкото искуство и задоволство на нашите клиенти, кои се во фокусот на работењето.
Шпаркасе банка е членка на Групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија групацијата е застапена со Шпаркасе банка и Шпаркасе лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.
ПР
Економија
ЕСМ: 100 отсто ќе ги покриеме потребите за струја за сите корисници на универзалниот снабдувач

ЕСМ вети дека 100-процентно ќе ги покрие потребите на универзалниот снабдувач со струја за граѓаните и малите потрошувачи за претстојната грејна сезона.
Од компанијата велат дека до утре ќе поднесат понуда на јавна набавка на „ЕВН хоум“.
„АД ЕСМ достави до Владата пресметки и предлози во однос на цената и количините по што Владата на затворена седница носи одлука со препорачана цена и количина, која се доставува до ЕСМ. Во согласност со одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира на повикот на ‘ЕВН хоме’“ се наведува во соопштението од компанијата.
Врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврдила дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини електрична енергија, кои му се потребни на „ЕВН хоме“, односно 100 % да ги покрие потребите на универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60 %), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на „ЕВН електродистрибуција“ и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО.
За таа цел, ЕСМ додава дека го зголемила планот за производство на електрична енергија за 2022 година за 20 % од производството во 2021 година.
„Конзумот на ‘ЕВН хоме’ е зголемен 27 % поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветление). Дополнителните потреби на ‘ЕВН хоме’ и на ‘ЕВН електродистрибуција’ ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните ‘Битола’ и ‘Осломеј’, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ ‘Неготино’“ појаснуваат од компанијата.