Компании
Волво ќе тестира самоуправувачки автомобили во Кина
Светски познатиот автомобилски бренд Волво ќе направи тест возење во Кина, каде локалните жители ќе се возат во автомобили кои се самоуправуваат, најавуваат од компанијата „Волво карс“.
Очекувањата на Волво се во тестот да се вклучат најмалку 100 автомобили кои ќе возат низ разни градови во Кина. Компанијата „Волво карс“ разговара со локалните власти да се обезбедат потребните дозволи, документи и инфраструктура за да продолжи експериментот.Со воведувањето на технологијата за автономно управување (Autonomous Driving – AD), според менаџментот на Волво, ќе се направи револуција на кинеските патишта во четири главни сегменти – безбедност, спречување на застој во сообраќајот, спречување на загаденост и заштеда на време.“Самоуправувачкото возење значајно би придонело до поголема сигурност на патиштата. Новиот вид автомобили имаат голем број предности. Токму затоа, Владите треба што е можно побрзо да ја донесат легислативата за употребата на AD автомобилите. Автомобилската индустија не може се да направи сама. Потребна ни е Владина помош”, рече Хакан Самуелсон, претседател и главен извршен директор на Волво на семинарот одржан во Пекинг со наслов “Самоуправувачко возење – може ли Кина да го превземе водството?“.Самуелсон ги пофали чекорите кои Кина ги направи со цел да произведе самоуправувачка технологија, но исто така, ги охрабрува да вложат поголеми напори и да ја забрзаат импементацијата на регулативите (правилата, прописите) кои би ги контролирале самоуправувачките автомобили во иднина. Тој со задоволство ги поддржува залагањата на регулаторите и на производителите на автомобили во САД и Европа да развијат AD автомобили и инфраструктура, но исто така, охрабрува и двете страни да работат заедно и поконструктивно за да се одбегнат многубројните глобални регулации, технолошки дупликации и непотребни трошоци. „Колку побрзо новите автомобили влезат во употреба, толку побрзо би се спасиле животите на луѓето. Она што сакаме да го нагласиме, односно нашата почетна поента е дека приватниот и јавниот сектор треба да работат заедно. Подобро е заеднички да ги оствариме нашите планови отколку да целиме кон различни насоки. AD не се однесува само за автомобилската технологија“, вели Самуелсон.Независни истражувања покажуваат дека AD автомобилите придонесуваат до значајно намалување на бројот на сообраќајни несреќи. Дури 90% од сообраќајните несреќи се резултат на грешки направени од страна на возачите, нешто што во случајот со AD автомобилите не би се случило. Од аспект на сообраќајниот застој, овие автомобили овозможуваат сообраќајот да се одвива посмирено, намалувајќи го сообраќајниот метеж и на тој начин, да ги спречат штетните гасови. Најпосле, намалениот сообраќаен метеж го заштедува времето на возачите. Оваа шведска компанија, чие име е синоним за автомобилска безбедност, од моментот кога го создаде заштитниот појас во 1959 година, е пионер во развојот на автомобилската безбедносна опрема и ветува дека никој не би бил сериозно повреден во новите модели на Волво до 2020 година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
Резолуција што носи сигурност
Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.
Јасна рамка за стабилен почеток
Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.
Фиксна камата и јасен принос
Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.
Мал чекор денес, стабилност утре
Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.
Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.
(ПР)
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

